Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.625
- Поени од реакции
- 59.481
F.C. Internazionale Milano
Почитувани навивачи на Интер, гости, пријатели, непријатели, добри соговорници и изгубени чеда. Добредојдовте на петтото по ред издание на фан-клубот на актуелниот Италијански, Европски и Светски ШАМПИОН (со големи болд букви зошто некои имаат слаба диоптрија и уште послаба меморија), екипата на Интер.
Како што сите знаете, минатата сезона Интер освои толку пехари, што дресот ни наликува на сликовница (посебно оној со аждајата). Но минатата сезона е минато. Во моментов, не ни оди најдобро, а јавноста проблемите ги лоцира околу два фактори. Едното мислење е дека сме во каша поради претерано ангажирање на луѓе од угостителски и други сектори на места кои немаат врска со таа дејност. Второто, иако од помало значење, не занемарливо, е тоа што му дадовме на оној светски малер Деко да ја отвори предходната тема, по што се отвори Пандорината кутија и се од овде до Милано отиде по ѓаволите. За време на истата, Интер сепак успеа да освои два трофеи, откако ја победи Рома во домашниот Суперкуп и Мазембе во Светскиот куп.
Во каква теорија и да верувате, ние сме тука да ве потсетиме дека Интер е во борба на сите три фронта, а ние како и секогаш сме 100% зад клубот и навиваме за „Галениците“, очекувајќи да не израдуваат со нови победи и пехари. Со почетокот на оваа година се случија некои промени во тимот кои треба да се спомнат: Леонардо стана нов тренер на Интер, Марли падна во депресија, Пацини дојде од Сампдорија и имаше лудо деби, Карја дојде од Џенова, Нагатомо дојде од далечниот исток, Мунтари замина за Ингланд, Мансини за Бразил итн...
Жозе Мурињо и понатаму навива за Интер.
Мало интермецо:
За да не одиме со долги воведи кои бездруго можете да ги прочитате и на предходните теми, а бидејќи имаме едно такозвано информативно гласило, ви оставам линкови од:
Состав
Историја на клубот
Стадион
Бои и амблеми
Трофеи
Со надеж дека новава тема колку-толку ќе придонесе клубот да се врати во препознатливата форма, ја отворам и ве повикувам на добри, конструктивни, интересни дискусии и дружење.
Ваш,
IOsonoINTERISTA (барем додека не сменам ник.)