Новиот спонзор ќе биде промовиран на утакмицата против Арсенал на Флорида. Гледам овие социос прилично агресивно влагаат на пазарот, вчера објавиле партнерство и со арсенал, пред некоја недела станале главен спонзор на валенсија, а од пртеходно имаат партнерства и со сити, барса, рома, псж, атлетико, сите големи турски клубови, аргентинската лига, но и со криминални организации како јуве или тажни организации како милан. Освен во фудбалот, се шират и во уфц, нба (бостон и фила) и во други (е)спортови. Реално во интер влегува партнер кој е во подем и можеме да очекуваме убава соработка. Покрај директното спонзорство, ќе извадиме и токени кои ќе можат да се купуваат преку нивната платформа и ќе генерираат дополнителен приход. Шокур, жанг нека купи 50 милиона токени и готова работа ќе имаме пари додека не го гепекуваат од кинеска комунистичка партија.
Како и да е одличен спонзор, заедно со леново кои ќе го унапределе партнерството, кинезите обезбедуваат значајно зголемување на приходите. На тоа ако се додадат и најавите за враќање на публиката на стадионите, веројатно полека излегуваме од финансиската криза. Останува да се ослободиме од отпадоците и да се надеваме дека ќе се најде решение за десната бековска позиција. Ако дојде нандез, ондак добиваме супер универзално решение за ширината на ростерот.