Точно, ако Милан освои титула, значи дека заслужиле да освојат титула. Никој не им го намалува успехот во досегашниот тек на сезоната. Ама ако изгубат титула од клуб, чија цел пред почеток на сезона беше пласман во ЛШ, во ситуација кога главниот кандидат за титула би потфрлил, тоа би бил сериозен неуспех. Значи дека пропуштиле шанса да искачат скала, која не можат да ја искачат веќе 10 години, а ги прескокнал клуб кој не ни планирал да го направи тоа, пред почеток на сезона.
Милан е клуб со реноме, не е Торино, ама ако не сега, кога? Јувентус и да има лоша сезона, следната ќе се врати во нормала, плус веројатно е дека и Милан ќе станува конкурент од следните сезони. Наполи ќе остане конкурент од сенка и понатаму. Кога и после колку дополнителни милиони конечно ќе дојде моментот да играат за Скудето?
Иако, за мене Јувентус се уште е главниот конкурент и фаворит за титула. 14-то коло е, да не се лажеме дека го кажале последниот збор.