Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.968
Поени од реакции
45.247
Хакими во 15 минути 5 грешки напрај...ајде што напрај грешки туку и делува како прв пат да игра фудбал, не се разбира со соиграчите,не знај кога да утрча,каде да покрива,со Видал и тоа на шпански комуницираат и пак не се синхронизирани....буквално мизерни перформанси на Хакими...ме плаши ова да не го забетонира на клупа за Дармиан во следните натпревари а реално заслужва...онакви грешки во Италија се недопустливи.
se izvadi so golot, a i startot nad barrow, ali da mnogu loso vleze u mecov i toa na sekoj del od teren gresese, ali golov ko naracan dojde za nego. Samodoverba e u prasanje, apla mu e raznisana, inace koga dojde bese eden od najdobrite na teren duri i koga inter bea losi i na nisto ne licea, ovoj znaese da se dvoi.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
se izvadi so golot, a i startot nad barrow, ali da mnogu loso vleze u mecov i toa na sekoj del od teren gresese, ali golov ko naracan dojde za nego. Samodoverba e u prasanje, apla mu e raznisana, inace koga dojde bese eden od najdobrite na teren duri i koga inter bea losi i na nisto ne licea, ovoj znaese da se dvoi.
И јас истото ќе го пишев...се радувам за него и за асистенцијата некни и за голот сега...се гледа дека јак играч е и ваквите моменти ќе му донесат поголема самодоверба бидејќи како уплашен делува со едноставните пасој до Видал и назад до Шкринијар.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
se izvadi so golot, a i startot nad barrow, ali da mnogu loso vleze u mecov i toa na sekoj del od teren gresese, ali golov ko naracan dojde za nego. Samodoverba e u prasanje, apla mu e raznisana, inace koga dojde bese eden od najdobrite na teren duri i koga inter bea losi i na nisto ne licea, ovoj znaese da se dvoi.
Па самодовербата е проблем за лошите резултати на стартот. Ајде се надевам ќе врзиме неколку победи по ред и ќе се намали притисокот а со тоа ќе играме и поубав фудбал.

Засега Санчез има далеку поголем импакт од Мартинез, ама сепак треба да влезе накај 60та минута да имаме свеж човек напред да врши висок пресинг.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.443
Поени од реакции
7.726
Како бе може вака да го дупи Ериксен, во 91 го става...
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.572
Поени од реакции
6.701
Како го шлапна Бастони кога идеше накај клупа :pos:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.968
Поени од реакции
45.247
Па самодовербата е проблем за лошите резултати на стартот. Ајде се надевам ќе врзиме неколку победи по ред и ќе се намали притисокот а со тоа ќе играме и поубав фудбал.

Засега Санчез има далеку поголем импакт од Мартинез, ама сепак треба да влезе накај 60та минута да имаме свеж човек напред да врши висок пресинг.
Само формацијата беше причина за лошите резултати, ништо друго, обидот на конте да измисли топла вода, со 10ка напред, изместување на позициите у средина за броз нарочито, и останување на тројца назад, тотално неразбирлив концепт кој уште лани се виде колку е суициден кога баш болоња им ја сврте со играч мање.

Ја и од денес не сум нешто посебно задоволен ама се глеа дека и играчиве се заморени од темпово на играње, пак глеам стопериве се излетуваа напред тоа од такт ме вади, среќа у второ послабо го глеавме тоа. Мораше 3-0 да биде, имавме прилики за тоа, среќа хакими даде одма гол после примениот иначе ќе беше сјебано на крајот, веќе се осети и замор и несигурност у одбраната така да ќе се создадеа услови за нов кикс.

Како и да е можеше да помине ова и без примен гол, нарочито што многу наивно го примија денес, не смееше така паласио да добие воздушен дуел внатре у 16, кај го доби, цела одбрана ја исфрли од игра, ситуацијата беше, домингез зицер за шут, плус двајца играчи странично за пас и небранет гол, што и се деси.

п.с. ова со ериксен једина теорија моја е дека му враќа за тоа што го збореше јавно у Данска дур играше за нив у лига на нации, друго објаснување неам, и конте бил фудбалер, знае што значат ваквиве измени за вакви играчи, секако не за оние помладите кои секоја минута на терен ја ценат.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ја и од денес не сум нешто посебно задоволен
Па денес ни беше најчиста победа у последниве 2 месеца.
Топ изиграна утакмица и стандардно примен гол. Веќе неам нерви за вакви голови.

Броз издоминира.
Не гледам некој да го спомне Санчез за глупостите што ги праеше, ако Хакими грешеше на почетокот, Санчез тоа го праеше 5 пати полошо.
2 чисти зицери ми утињаат Лукаку и Санчез, плус овој првиов имаше уште една шанса што ја прими на 12-13 метри Хакими коа пројде десно и му асистираше.
Добро е со головите ќе си ја врати самодовербата, му требаше ова.
Гаљардини истотака добар.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Хакими беше убедливо најдобар играч на теренот денес, не знам какви грешки му броевте. Го уништи тоа детето што играше лево крило за Болоња. Преталентиран играч е, огромна среќа што се погодија вонредни околностите за да го соберат за толку малку пари, иначе во нормални околности Интер воопшто немаше да биде во трка за него. Не се разбира со соиграчите, не знае кај тера, не игра одбрана, а 3 гола и 4 асистенции има на пола утакмици како стартер.

Иначе, не ми се допадна ризикот што го презема Конте, со цели две минути за Ериксен. Се коцка со натпреварот со вакви потези. Шала на страна, срамота за клубот е ваков третман на еден играч, без разлика кој е. А уште поголема срамота е што ваков однос добива играч, кој пред да дојде во Интер, важеше за светска класа талент и кој го избра клубот, во ситуација кога за шест месеци остануваше без клуб. Не знам дали се свесни каква порака испраќаат на сите ѕвезди, за кои би биле потенцијално заинтересирани во иднина. Кој ќе ти избере да игра во клуб, во кој би можел вака да биде третиран. Не ме ни интересира причината, дали е повреденото его на Конте во прашање или нешто друго, али е бедно во секој случај.

Добра победа, Болоња беа тешко срање. Одбраната продолжува со катастрофлната серија, 14 примени гола во 10 утакмици, само во Серие А. Ако не ја поправи одбраната Конте, нема што да бара на врвот од табелата. Премногу опасни ситуации дозволуваат секој натпревар. Лошата комуникација помеѓу тие што играат во тројката назад, е веќе стандардна појава. Од една таква лоша комуникација и се деси грешката на БастИони (yeaaah anarchy rules, ебете се @Джонтра Вохохолта и @Io Sono Interista) и примија гол што можеше да ја врати Болоња во игра и да заебат скоро добиен натпревар.
Лукаку слаб натпревар генерално. Премногу зицери промашува, тоа ми е единствена замерка за него како играч во Интер. Одличен напаѓач е, ама некад фрустрира со тие ментални блокади што ги има при еден на еден, чисти шанси со голман. Во оваа фаза од кариерата, веројатно и нема да го поправи тоа никогаш, али со оглед на тоа колку голови дава и колку е битен за играта на тимот, не може да му се замерува за тоа.
Нека си ја завршат работата со Шахтјор следно и со малку среќа, можеби ќе можат да ја вратат сезоната во нормала.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.945
Пратете го само Гаљардини што правеше во акцијата кога го примивме голот, си џогираше и кур го болеше, коренот да му го ебам, а реално солидна утакмица изигра.

Ептен ми е драго за Хакими, му требаше вакво нешто за да прекинат гомнојадците да зборат дека потфрлал бла бла бла, а и да му докаже на господинот на клупа дека треба да биде бетониран во прв тим и да има повеќе слобода во играта. Заборавив да напоменам инаку, ПАК ПРИМИВМЕ ГЛУП ГОЛ..... :tapp::tapp:

Мислам дека конечно излеговме од летаргијата во која бевме на почетокот од сезоната и почнавме да играме добро, се надевам само дека нема да засерат периодов и дека ќе продолжат со добрите игри.

Не го разбирам Конте со понижувањево на Ериксен, ништо не постигнува освен што докажува дњка е исфрустриран сељак кој лечи комплекси преку своите играчи. Нека е жив и здрав Ериксен али додека е тренер Конте на Интер нема што да бара во тимот, преочигледно е тоаи лично мене премногу ми е жал али јебига, тоа е што е. Осеќам дека ќе биде трампан за Паредес или некој сличен тип на копач и креативноста во тимот нагло ќе ни порасне, плус Гаљардини ќе добие конкуренција во незнаење.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Nothing beats Frog.
Just sayin
Тоа беше се додека Интер Тифози Балкан не го пишаа Барела носилка, сега сум на второ место. :D

Хакими во 15 минути 5 грешки напрај...ајде што напрај грешки туку и делува како прв пат да игра фудбал, не се разбира со соиграчите,не знај кога да утрча,каде да покрива,со Видал и тоа на шпански комуницираат и пак не се синхронизирани....буквално мизерни перформанси на Хакими...ме плаши ова да не го забетонира на клупа за Дармиан во следните натпревари а реално заслужва...онакви грешки во Италија се недопустливи.
Уста ти се позлатила :pos:
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Уста ти се позлатила :pos:
Знам дека делува смешно од оваа перспектива ама факт е дека Хакими делуваше како прв пат да игра фудбал до голот на Лукаку...се забележуваше неколку пати Видал каде што му покажува каде да трча, каде да се уфрли, кога/каде да покрива и да превземат играч.....од километар се познава дека не е воигран,како да не тренираат заедно....мора да се поправи во тој сегмент и комуникацијата да биди подобра бидејќи е златен дијамант и не смее Конте да не го искористи.

Дури во неколку наврати имаше слободен простор пред него и се плашеше да се уфрли,да истрча за да не ја изгуби па мораше да враќа назазд до Шкринијар.

Како и да е влеговме во серија и го играме истиот фудбал како во ЛЕ.....во овој систем фали уште еден јак играч на местото на Гаљардини и лев бек по можност некој како Регуљон.....штета што Марота не го собра и него додека беше прилично ефтин ...прејак играч зедоја Тотенхем...
ќе го имавме најдоброто офанзивно бековско дуо во Европа ако дојдеше Регуљон некако.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom