- Член од
- 10 август 2011
- Мислења
- 1.930
- Поени од реакции
- 7.811
Со среќа нека му е во ПСЖ, реално совршен клуб за неговиот карактер. Таму ќе се најде со Нејмар, уште еден играч што е на неговото ниво на ментален развој и со кој лесно ќе најдат заеднички јазик. Последниот чин од ова демонстрирање на љубов кон Интер е начинот на кој се реализираше овој трансфер и кога се реализираше. Нормално, некои навивачи и тужбата не ја толкуваат како лоша намера од негова страна, така да претпоставувам за нив ова е последната епизода од мачеништвото на Икарди.
Можеше да испадне фер и разбран човек и да си отиде летово со подршка од навивачите, со убави спомени и со кеса полна пари за Интер. Се што требаше да каже е, ок не можете/сакате да ме платите како што јас сметам дека треба да бидам платен, тогаш пуштете ме да си одам. И тоа ќе беше доволно за никој да не му замери и Интер да си го добие заслуженото на пазарот. Иронично е што и јас минатото лето дебатирав во темава дека е оправдано што бара зголемување на плата и дека комплетно го разбирам ако бара трансфер.
Меѓутоа, он избра ваков пат, каде со потезите на неговиот агент, го притисна клубот до ѕид и го натера да носи одлуки кои се реално на своја штета. Константни провокации, непрофесионалност и едноставно лоша намера од неговиот агент, со засега непозната позадина.
Клубот се приспособуваше, трпеше удари кои и аматерски клубови не би ги толерирал, ама последната шајка во ковчегот, со симулирање повреда и неиграње 2 месеца во клучниот период од мината сезона, од кој зависеше иднината на клубот, две години работа и тешки милиони инвестирани од сопственикот, беше нешто преку кое што неможе да се помине. Не е прашање на чест или репутација, прашање е на нужност, прашање е на покажување дека организацијата има билокаков р'бет. Ако професионалци под договор, можат без последици да ти диктираат кога ќе работат, а кога ќе земаат платен одмор по нивна желба, тогаш фактички не постои компанија, не постои фудбалски клуб. Бизнисот го карактеризираат вертикално организирање и координирање, мора да има хиерархија и мора да се знае кој носи одлуки. Нема консензус и демократија со вработените во клубот. Има почитување на договори, работа и плаќање за сработеното. Не може некој да наоѓа оправдувања за тоа однесување на навредениот Икарди и во исто време да бара Интер да биде во топ 10 клуба во светот. Тоа се две контрадикторни, неспоиви позиции. Сакате сериозен клуб што освојува титули? Таму нема одбивање на играчи да играат, поради одземена капитенска лента. И тука завршува секоја дебата.
Како и да е, можеме конечно да ја оставиме досаднава ситуација позади нас.
Со оглед што заврши трансфер пазарот, можеме да даваме оценки за него. Од мене имаат 6/10 и тоа едвај. По мое мислење, ова беше лето кога требаше да искористи прозорецот, кои некои позитивни околности го отворија, за да се искачат едно скалило погоре и да дојдат во категорија на клубови кои играат за титули. За да има смисла и ангажирањето на Конте и целиот бизнис циклус од претходните две години. За жал, неможам да кажам дека трансфер тимот си ја заврши својата работата работа целосно. Тимот е подобрен, ама недоволно за сам да си ја одлучува судбината. Ако сакаат титули сезонава, ќе мора да чекаат конкурентите да потфрлат и да асистираат. Ако Јуве и Наполи, особено Јуве, си го задржат нивото, многу тешко ќе се држи чекор со нив и следната година ќе биде уште потешка за квалитативно да се стигнат. Затоа требаше сега да се удри.
Најголемиот проблем останува, тој што се влечка со години наназад, средината на терен. Тука требаше име што гарантира квалитет, што гарантира определен стандард на перформанси. Тука требаше да биде главната инвестиција. Сега се во ситуација да чекаат некој од Сенси и Барела да го направи тој скок во квалитет, што е секогаш поризична варијанта од инвестирање во гарантиран квалитет. Овој дел од теренот е многу тенок. Што ме носи до следната замерка. Давање без пари на Наинголан, во ситација кога таков играч не се купува. Не ни мораше да игра како првотимец, како опција од клупа ќе беше сосема добар, наместо да го плаќаш да игра за друг тим. Вака прва резерва е Гаљардини, глупост. Генерално излезните трансфери беа лошо менаџирани, давање по позајмици на секој играч кој замина.
Понатаму Алексис без опција за откуп, што е комплетно неповолно за Интер. Или типот ќе биде промашај, или ако биде успех, зголемување вредност на asset на Јунајтед, што може да го тргне играчот од досегот на Интер. Сите играчи се купени по пазарна вредност, никаде не добија попусти. Се на се, далеку од совршено, а тоа им требаше ова лето.
Ако клубот оствари некои резултати над очекувањата, тоа ќе биде благодарение на Конте. Он ќе треба да го изнесе на грб товарот за сезонава, што е многу неблагодарна ситуација, особено за тренер на Интер.
За целите за сезонава, не знам што да кажам. Се под трето место е апсолутен неуспех. Јас чекам 2 место, со под 10 бода заостанување во однос на прво место. Иако, прв пат после долг период верувам дека можат и до титула. Најмногу бидејќи Наполи и Јуве не импресионираат. Меѓутоа, факт е дека е long shot.