Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Со среќа нека му е во ПСЖ, реално совршен клуб за неговиот карактер. Таму ќе се најде со Нејмар, уште еден играч што е на неговото ниво на ментален развој и со кој лесно ќе најдат заеднички јазик. Последниот чин од ова демонстрирање на љубов кон Интер е начинот на кој се реализираше овој трансфер и кога се реализираше. Нормално, некои навивачи и тужбата не ја толкуваат како лоша намера од негова страна, така да претпоставувам за нив ова е последната епизода од мачеништвото на Икарди.

Можеше да испадне фер и разбран човек и да си отиде летово со подршка од навивачите, со убави спомени и со кеса полна пари за Интер. Се што требаше да каже е, ок не можете/сакате да ме платите како што јас сметам дека треба да бидам платен, тогаш пуштете ме да си одам. И тоа ќе беше доволно за никој да не му замери и Интер да си го добие заслуженото на пазарот. Иронично е што и јас минатото лето дебатирав во темава дека е оправдано што бара зголемување на плата и дека комплетно го разбирам ако бара трансфер.
Меѓутоа, он избра ваков пат, каде со потезите на неговиот агент, го притисна клубот до ѕид и го натера да носи одлуки кои се реално на своја штета. Константни провокации, непрофесионалност и едноставно лоша намера од неговиот агент, со засега непозната позадина.
Клубот се приспособуваше, трпеше удари кои и аматерски клубови не би ги толерирал, ама последната шајка во ковчегот, со симулирање повреда и неиграње 2 месеца во клучниот период од мината сезона, од кој зависеше иднината на клубот, две години работа и тешки милиони инвестирани од сопственикот, беше нешто преку кое што неможе да се помине. Не е прашање на чест или репутација, прашање е на нужност, прашање е на покажување дека организацијата има билокаков р'бет. Ако професионалци под договор, можат без последици да ти диктираат кога ќе работат, а кога ќе земаат платен одмор по нивна желба, тогаш фактички не постои компанија, не постои фудбалски клуб. Бизнисот го карактеризираат вертикално организирање и координирање, мора да има хиерархија и мора да се знае кој носи одлуки. Нема консензус и демократија со вработените во клубот. Има почитување на договори, работа и плаќање за сработеното. Не може некој да наоѓа оправдувања за тоа однесување на навредениот Икарди и во исто време да бара Интер да биде во топ 10 клуба во светот. Тоа се две контрадикторни, неспоиви позиции. Сакате сериозен клуб што освојува титули? Таму нема одбивање на играчи да играат, поради одземена капитенска лента. И тука завршува секоја дебата.
Како и да е, можеме конечно да ја оставиме досаднава ситуација позади нас.

Со оглед што заврши трансфер пазарот, можеме да даваме оценки за него. Од мене имаат 6/10 и тоа едвај. По мое мислење, ова беше лето кога требаше да искористи прозорецот, кои некои позитивни околности го отворија, за да се искачат едно скалило погоре и да дојдат во категорија на клубови кои играат за титули. За да има смисла и ангажирањето на Конте и целиот бизнис циклус од претходните две години. За жал, неможам да кажам дека трансфер тимот си ја заврши својата работата работа целосно. Тимот е подобрен, ама недоволно за сам да си ја одлучува судбината. Ако сакаат титули сезонава, ќе мора да чекаат конкурентите да потфрлат и да асистираат. Ако Јуве и Наполи, особено Јуве, си го задржат нивото, многу тешко ќе се држи чекор со нив и следната година ќе биде уште потешка за квалитативно да се стигнат. Затоа требаше сега да се удри.
Најголемиот проблем останува, тој што се влечка со години наназад, средината на терен. Тука требаше име што гарантира квалитет, што гарантира определен стандард на перформанси. Тука требаше да биде главната инвестиција. Сега се во ситуација да чекаат некој од Сенси и Барела да го направи тој скок во квалитет, што е секогаш поризична варијанта од инвестирање во гарантиран квалитет. Овој дел од теренот е многу тенок. Што ме носи до следната замерка. Давање без пари на Наинголан, во ситација кога таков играч не се купува. Не ни мораше да игра како првотимец, како опција од клупа ќе беше сосема добар, наместо да го плаќаш да игра за друг тим. Вака прва резерва е Гаљардини, глупост. Генерално излезните трансфери беа лошо менаџирани, давање по позајмици на секој играч кој замина.
Понатаму Алексис без опција за откуп, што е комплетно неповолно за Интер. Или типот ќе биде промашај, или ако биде успех, зголемување вредност на asset на Јунајтед, што може да го тргне играчот од досегот на Интер. Сите играчи се купени по пазарна вредност, никаде не добија попусти. Се на се, далеку од совршено, а тоа им требаше ова лето.
Ако клубот оствари некои резултати над очекувањата, тоа ќе биде благодарение на Конте. Он ќе треба да го изнесе на грб товарот за сезонава, што е многу неблагодарна ситуација, особено за тренер на Интер.
За целите за сезонава, не знам што да кажам. Се под трето место е апсолутен неуспех. Јас чекам 2 место, со под 10 бода заостанување во однос на прво место. Иако, прв пат после долг период верувам дека можат и до титула. Најмногу бидејќи Наполи и Јуве не импресионираат. Меѓутоа, факт е дека е long shot.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
4.953
Поени од реакции
6.164
Site zboruvate deka magot nas dobro gi izmenadziral rabotite so icardi, perisic i ninjata?

A dali znaete deka od trojcata igraci nieden nema dogovor za permanenten odkup? Sto znaci slednata godina vo Juni moze i site 3jca da ne gi vratat nazad i ista pesna ko ovaa leto.

Ocenka od 1-10 solidna 5ka. Nisto poznacitelno ne napravi.
Автоматски споено мислење:

FB_IMG_1567458398479.jpg
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
За се се слагам со @loophole освен за 2 нешта:
- Делот кај Икарди, за жал многу малку знаеме, го знаеме само она што ни дозволија, а најбитните ствари се дешаваат помеѓу затворени врати. Јас мислам, it's a long shoot, дека Марота оваа фрка ја има свесно направено бидејќи и претходно не го сакаше Икарди во Јуве (демантирана Ванда хехе), а сака да го усреќи новиот тренер и својот пријател Конте со Лукаку, а само за еден очигледно имаше место. Сигурно не сакал вака да тргнат работите, можда му излегле од контрола, ама не би бил маг ако не планирал нешто. Тука може да ја тегнеме на долго на широко ко што вика луп, најверојатно никад нема да дознаеме што точно го направил тој тригер кај Икарди да одбие да игра, а и секако играч што не е посветен 100% подобро и да го немаш во тимот, му требаше тој кулинг период...
- Марота доби „попуст“ кај Лукаку, и тоа голем попуст, не знам дали повеќе на него му симнувам капа или се крстам на Вудвард што го даде така лесно за тие пари за тој начин на исплата. NPV на овие 65 милиони или 70, се помалце од 60м, а тоа е според мене е помалце од тоа што вреди моментално.

И јас очекувам не повеќе од 10 бода заостанување позади шампионот, никој не испазари ништо посебно од конкурентите.
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.061
Поени од реакции
12.578
Opcijata za Ikardi e 65m, pozajmicata e 5m. 70m malce li se za Ikardi vo situacijata koja se naogjase periodov? Da ne zboruvam deka panicevme oti moze u Juve da otide za 30tina milioni i direktno da pojacame rival.

Za Perisic mislam okolu 20tina milioni e opcijata, za Radza ne znam, taka da okolu 100 i kusur milioni za trojcava i ne e taka mala rabota, odnosno deka dno doprel magot. Isto taka zaboravas deka Pinamonti za ebeni 20m go dade u Genova, ej Pinamonti so pola nastap i cetvrtina gol za Frosinone. Isto i onoj kako se vikase u Standard sto otide, vanzojsksossven bem li ga kako bese, za 13 ako ne se lazam otide tamu i stana najskap transfer na ekipata, tocno NULA nastapi imase za Inter.

Glej ja celata slika i ne hejtaj bezveze. Toa sto Ikardi e daden na pozajmica ne znaci deka za dzabe otisol, u situacija PSG da gi plati parite togas site 70m vleguvaat vo ovaa fiskalna godina. Ako gleame po tvoe togas Lukaku za 13m go zemavme poso na pet rati e zemen. :)

Go ugasi transfer pazarot Marota letovo, sakale da priznaeme ili ne. BOGOTAC
Брате тие се опционални откупи,така да - те молам :) .
Јас зборев за средства кои ЛЕТОВО ќе ги добиеме.
Btw незнам зашто ги нафрли добрите дилови во репликава?Сте се научиле сите - црно или бело.Ако "исхејтам" за некој момент,незначи дека "хејтам" комплет за сите дилови.:)

Инаку моја оценка за меркатово е една солидна 7ца,и тоа грото од неа поради носењето на Конте.
Лукаку е најреално класа послаб од Икарди,така да тука сме минус.
Санчез - му посакувам се најдобро ама реално човекот е непостоечки години уназад,плус е страшен стакленко,така да...
За сенси - капа доле.Пријатно изненаден и се надевам уште појако ќе грми низ терен.
Барела - превише хајп - ми е страв да не потклекне на притисокот.Сеа за сеа ништо посебно.
Лазаро - поима неам.
Годин - супер играч ама го јадат годините,солиден за да покрие година-две.
Бираги - незнам,не е некој трансфер за радување,валда ке ме демантира.

Многу се заебаа што не купија уште еден класа везњак.Премногу!
Исто како лани,ќе се осети тоа многу убаво низ сезоната.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.517
Поени од реакции
4.338

Ухх брату, ќе те растргнат сеа... :kafence:

:)
 
Последно уредено:

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.061
Поени од реакции
12.578
Добри играчи во 2 натпревари како Сенси сме имале многу, така да не

Ухх брату, ќе те растргнат сеа... :kafence:

:)
Што ќе ме растргнат бе брат?
Треба како миланезите пред 2 години да буткаме ѕид со глава дека све е топ и нема појаки од нас ?

А и сезонава ко прошлата - титула не гледаме,група лш 90% не поминуваме.
Едино што ќе завршиме на крај место погоре од годинава (се надевам).
Тоа ако е некој успех и за лупање од земја,еве незнам...

Sent from my SM-G955F using Tapatalk
 
Член од
24 февруари 2014
Мислења
734
Поени од реакции
1.170
Брате тие се опционални откупи,така да - те молам :) .
Јас зборев за средства кои ЛЕТОВО ќе ги добиеме.
Btw незнам зашто ги нафрли добрите дилови во репликава?Сте се научиле сите - црно или бело.Ако "исхејтам" за некој момент,незначи дека "хејтам" комплет за сите дилови.:)

Инаку моја оценка за меркатово е една солидна 7ца,и тоа грото од неа поради носењето на Конте.
Лукаку е најреално класа послаб од Икарди,така да тука сме минус.
Санчез - му посакувам се најдобро ама реално човекот е непостоечки години уназад,плус е страшен стакленко,така да...
За сенси - капа доле.Пријатно изненаден и се надевам уште појако ќе грми низ терен.
Барела - превише хајп - ми е страв да не потклекне на притисокот.Сеа за сеа ништо посебно.
Лазаро - поима неам.
Годин - супер играч ама го јадат годините,солиден за да покрие година-две.
Бираги - незнам,не е некој трансфер за радување,валда ке ме демантира.

Многу се заебаа што не купија уште еден класа везњак.Премногу!
Исто како лани,ќе се осети тоа многу убаво низ сезоната.
Се согласувам за везњакот. Требаше да се направи напор да се земе некој. И ко што спомнаа на темава, од сите играчи што беа на трансфер листата, никој не е откупен туку сите се на позајмица и затоа веројатно се немаше буџет за плус уште едно солидно засилување. Веројатно за тоа ќе се чека наредно лето, сепак конте е на 5 години потпишан и е долгорочен проект. Ама ако се помине групава во лш, верувам во јануари ќе се направи обид да се земе уште некој играч.

Да се надеваме дека до тогаш ќе нема многу повреди. Највеќе ме плашат крилните позиции каде немаме докажан и стабилен играч. Се крстам во конте да го извади најдоброто од тие играчи што ги има.

Во средина ќе се крпи со гаљардини и весино од клупа, иако барела сенси и броз ќе ги изедат у средина во лш. И верувам дека само заради тоа се форсира весино пред барела во почетниве текми. Сенси си фати место, сосема оправдано и барела ќе трпи сеа.

Нападот е прилично солиден. Очекувам конте во некои утакмици да игра и со тројца напред особено дома против бош екипи. Исто и кога ќе треба да одмори еден од лаутаро и лукаку. Санчез и политано по крилата и еден од овие во средина.
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.016
Икарди, Нејмар и Мбапе... уф уф уф, се надевам нема да ги сретнеме во ЛШ. :)

Anyway, за Икарди ми е нормално криво што вака заврши затоа што ми беше омилен играч. Ќе ја избегнам токсичноста во соблекувалната и за тоа нема да коментирам но неможам да се сложам дека многу губиме со неговото заминување највеќе поради еднодимензионалниот напад кој го имавме овие 5 години.

Секоја топка идеше преку него, со нафрлувања или долги топки напред. Безброј утакмици изгубени или ремизирани поради таа еднолична тактика, каде беше доволно противникот да го удвои и комплетно да го изолира. Така да можеби губиме страшен напаѓач но во големата слика добиваме многу повеќе со една кохерентна група на играчи кои ќе функционираат како тим и каде голови ќе постигнуваат и играчите од средниот ред, па таа негова празнина верувам ќе биде надокнадена. Не заборавајте дека Ајакс догура до четврт финале со група на играчи каде ниеден фудбалер не беше ни приближно до квалитетот кој го поседува Икарди. Така да квалитетот на поединецот не е ништо во споредба со уиграноста на колективот.

Не заборавајте дека играчите доаѓаат и си одат, составите се менуваат од сезона во сезона но клубот треба да се сака без разлика кој игра во дадениот момент. Ниеден поединец за мене не е над клубот. Некои играчи поседуваат квалитет и харизма и ќе бидат запаметени по добро. Некои ќе бидат запаметени по одреден скандал или слично. Јас Икарди ќе го памтам по тие 100+ незаборавни голови кои ги постигна за нас. Фала ти за се мајсторе и со среќа.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.838
И треба да се молиме да се погоди Лазаро со Барела..Сенси очекувано ќе ни биди најдобар трансфер...и искрено мислам дека средниот ред сепак е поквалитетен од лани...вака чекавме се од Брозович,додека сега малце ја отргна одговорноста бидејќи и Сенси ја влечи топката па затоа многи ќе биди битно како ќе се погодат Барела и Лазаро.

Ако проработи средниот ред со бекојте тогаш и нападот ќе биди поефикасен со тоа што Лаутаро и Ромелу нема да се трошат за да се враќаат до центар да примат топка.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Икарди, Нејмар и Мбапе... уф уф уф, се надевам нема да ги сретнеме во ЛШ. :)

Anyway, за Икарди ми е нормално криво што вака заврши затоа што ми беше омилен играч. Ќе ја избегнам токсичноста во соблекувалната и за тоа нема да коментирам но неможам да се сложам дека многу губиме со неговото заминување највеќе поради еднодимензионалниот напад кој го имавме овие 5 години.

Секоја топка идеше преку него, со нафрлувања или долги топки напред. Безброј утакмици изгубени или ремизирани поради таа еднолична тактика, каде беше доволно противникот да го удвои и комплетно да го изолира. Така да можеби губиме страшен напаѓач но во големата слика добиваме многу повеќе со една кохерентна група на играчи кои ќе функционираат како тим и каде голови ќе постигнуваат и играчите од средниот ред, па таа негова празнина верувам ќе биде надокнадена. Не заборавајте дека Ајакс догура до четврт финале со група на играчи каде ниеден фудбалер не беше ни приближно до квалитетот кој го поседува Икарди. Така да квалитетот на поединецот не е ништо во споредба со уиграноста на колективот.

Не заборавајте дека играчите доаѓаат и си одат, составите се менуваат од сезона во сезона но клубот треба да се сака без разлика кој игра во дадениот момент. Ниеден поединец за мене не е над клубот. Некои играчи поседуваат квалитет и харизма и ќе бидат запаметени по добро. Некои ќе бидат запаметени по одреден скандал или слично. Јас Икарди ќе го памтам по тие 100+ незаборавни голови кои ги постигна за нас. Фала ти за се мајсторе и со среќа.
Јас одамна имам кажано дека Икарди е ограничен напаѓач, нот мај кајнд, али за жал не бевме во можност да пребираме, а и соиграчите не му помогнаа да ја разбијат монотоноста (Кандрева ни игра веќе 3-4 сезони) . Сега кога конечно имавме шанса, после 2 последователни ЛШ квалификации, излез од ФФП, дали со Икарди или без него ама со 100+ милиони, ние завршуваме со негова позајмица и без кеш да инвестираме во друг играч. Али ај, ваљда догодина ќе има некој достапен играч па тие 70м од ПСЖ ќе ги искористиме паметно.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Da ne go citiram cel post na loophole, samo za delot deka Juve i Napoli ne impresionirale.. nastrana Juve, ama za Napoli zboris ne impresionirale a faking 7 gola imaat na 2 tekmi i toa protiv Viola i Juve? Ne bi rekol druze..
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
За се се слагам со @loophole освен за 2 нешта:
- Делот кај Икарди, за жал многу малку знаеме, го знаеме само она што ни дозволија, а најбитните ствари се дешаваат помеѓу затворени врати. Јас мислам, it's a long shoot, дека Марота оваа фрка ја има свесно направено бидејќи и претходно не го сакаше Икарди во Јуве (демантирана Ванда хехе), а сака да го усреќи новиот тренер и својот пријател Конте со Лукаку, а само за еден очигледно имаше место. Сигурно не сакал вака да тргнат работите, можда му излегле од контрола, ама не би бил маг ако не планирал нешто. Тука може да ја тегнеме на долго на широко ко што вика луп, најверојатно никад нема да дознаеме што точно го направил тој тригер кај Икарди да одбие да игра, а и секако играч што не е посветен 100% подобро и да го немаш во тимот, му требаше тој кулинг период...
- Марота доби „попуст“ кај Лукаку, и тоа голем попуст, не знам дали повеќе на него му симнувам капа или се крстам на Вудвард што го даде така лесно за тие пари за тој начин на исплата. NPV на овие 65 милиони или 70, се помалце од 60м, а тоа е според мене е помалце од тоа што вреди моментално.

И јас очекувам не повеќе од 10 бода заостанување позади шампионот, никој не испазари ништо посебно од конкурентите.
Не знам, јас од старт поинаку ја гледам целава драма и сум напишал зошто на долго и широко овде :) . Мислам дека немаше потреба под никакви околности Ванда да ја ескалира ситуацијата на овој начин, со нејзините потези. После тоа, целата ситуација си доби life of its own, што најчесто се дешава во вакви конфликтни ситуации во професионалниот свет. Серија на каскадни потези што секој мора да ги преземе, а го носат настанот во три лепе.
Јас генерално имам одбивност према непрофесионалност и постапување in bad faith на професионално поле. Често сум се наоѓал во такви ситуации на работно место и според мое искуство, организациите кои не функционираат, не функционираат најчесто поради тоа што такво однесување се толерира.

За Лукаку, ги земам во предвид и бонусите, кои не знаеме за што ќе се исплаќаат. Со бонуси дилот стигнува скоро до 80 милиони, што е и малку повеќе од неговата пазарна вредност. Али, за тоа признавам дека може и да си во право, па трансферот да искочи bargain во иднина.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.314
Поени од реакции
7.450
Читав негде анализа дека Барела го променил натпреварот со Каљари, дефинитивно се забележи поголема вклученост од него откако влезе а и он ја отвори акцијата за голот. Така да ќе го биде детето.

За Икарди што да се каже освен што мислам дека ќе му грее клупа на големиот Единсон.
 
Последно уредено:
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Da ne go citiram cel post na loophole, samo za delot deka Juve i Napoli ne impresionirale.. nastrana Juve, ama za Napoli zboris ne impresionirale a faking 7 gola imaat na 2 tekmi i toa protiv Viola i Juve? Ne bi rekol druze..
Колку примија? :)
Тие се бројат или не? Мене не ми изгледаат премногу стабилни. Али ќе видиме понатаму рано е уште.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom