Маде од овца имаме. Сите нормални навивачи се фалат со играчите што ги имаат во клубот, само ние свршуваме на административци. Да имаа грам мозок ќе го дадеа тој фамозен еден милион да се надмине јазот и немаше да има ни П од проблем. Никој никого немаше да прозива.
Јас не знам, читам и по социјални мрежи и овде на форум, и не можам да ја разберам Интер фан-зоната. Чудо од навивачи. 90% застанаа зад управата на клубот да не му плати на најдобриот играч колку што реално вреди, иако клубот може со леснотија тоа да го направи. А од друга страна се растурија од критикување дека Кинезите не давале пари.
Еве, ова беше проблем што се решаваше со пари, а сакаа да го решат со казни и сега личиме на епизода од Касандра.
Вие слободно давајте поддршка на вакви мерки. Ама не Ио, никој не е поголем од клубот, Ванда е курва, си има правила, ова нема врска со преговорите... е па ете, уживајте во правилата и во големината на нашите спортски директори. Којзнае, еден ден можеби ќе почнат и да даваат голови од што се добри.
Со вакво менаџирање, со плати кои немаат абер да се помрднат повисоко од 7м иако ФФП завршува летово, со продолжување договори на играчи како Дамброзио, нас не чекаат уште добри 10 години мизерија.