Интер го сака Артуро Видал
Играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Артуро Видал е мета на многу гиганти ширум Европа, а медиумите информираат дека Интер силно се вклучува во трката по потписот на Чилеанецот.
Новиот тренер на Интер Џанпиеро Гасперини е во потрага по нови засилувања за тимот со кој посакува следната сезона титулата да ја врати на Џузепе Меаца. По доаѓањето на Рики Алварез од Велез Сарсфилд, Гасперини сака да донесе уште еден играч во средниот ред, а негов прв избор е Артуро Видал.
24-годишниот Чилеанец е под договор со ’фармацевтите’ до крајот на следната и не сака да потпише негово продолжување што го прави интересен на трансфер-пазарот. Леверкузен веќе одби десет милиони евра од Баерн Минхен, соопштувајќи дека нема да го продадат Видал во тим од Бундеслигата.
Според информациите од медиумите во пол-позиција за ангажирање на Видал е Јувентус, бидејќи е подготвен да понуди 20 милиони евра, но Интер би можел сериозно да им ги замрси плановите на ’бјанконерите’.