- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 39.889
- Поени од реакции
- 116.206
Абе некои луѓе не разбираат некои работи. Особено некои ко Спасов, Алекс_мкд... Значи муабетот не е дека Ханданович е слаб голман, далеку од тоа, туку дека голманската позиција е последното нешто кое требаше да го чепнат во овој трансфер период. Цезар е сеуште млад, зборам од голмански аспект, тие бранат и до 40 години и тоа на високо ниво така да у Цезар има уште 5-6 одлични сезони. И мене ми е јасно дека последниве две години Жулионе не брани во таа форма од пред 3-4 сезони, имаше некои лоши киксови, но далеку од тоа дека е лош голман. Впрочем, за таа негова послаба форма до негде е крива и одбраната, бидејќи ако немаш добра одбрана голманот не е семоќен па да брани свашта. Видовме лани Интер каква одбрана имаше, каша попара беше на тој дел од теренот, затоа е и заминувањето на Лусио и носењето на Силвестре, едноставно мораше да се реагира во тој дел од теренот. Проблемот е во нашиот менаџмент и во управата, чудни потези повлекуваат, место да носат некое поквалитетно име во средината тие за 31-годишниот Мудингаи притискаат.
И веќе ако гледаме на средување на тимот, мора да купат нешто во средниот ред и во нападот, а не голман да купуваат али тоа е што е, веќе е купен Ханданович така да со среќа нека му е, нека дочека мнооогу титули со овој тим.
И веќе ако гледаме на средување на тимот, мора да купат нешто во средниот ред и во нападот, а не голман да купуваат али тоа е што е, веќе е купен Ханданович така да со среќа нека му е, нека дочека мнооогу титули со овој тим.