Само што пишав, стана интересно. Како можеш од 7 победи по ред да влезеш во црна серија, никако не ми е јасно
Затоа што беше вештачка серија. Исто како што лани победите со Лео беа скоро вештачки, па не треснаа од земја Шалке и Милан. Немаме играчи за континуирани резултати, лани откако за СКП се вратија сите играчи и ја почнавме серијата, плус нов тренер и нови мотиви со 2-3 засилувања ги изгуравме на среќа некако утакмици со неколку среќни победи како сега со Раниери, копи-пејст ситуација со ланската.
Не е возможно да потрошиш скоро исто колку што си продал играчи и да изгубиш x2 најмалце на квалитет, и да те убедуваат дека е до тренерот. Абе ајде...
До вчера вадеа муабети дека овој имал расипани заби па не го земаме, или немал можност да игра во ЛШ, сега земаме играч и што не може да игра во ЛШ и што е повреден, поголема слика од тоа во каков хаос сме сега нема. И тренерот нема никаква улога на овие одлуки, никаква.
Да направиме список тренерите кои играчи ги барале, и тие играчи што постигнале и што станале, од тоа што е донесено овие две сезони буквално ќе се запрепастиме. Али нека им е, еве им го дното...
А пишав уште лани кога беше Бенитез дека се согласувам со еден дечко од ФИФ форумот, го спомнав случајот со Милан и дека нас не ни бега таква ситуација, а ние и уште на полошо дереџе дојдовме... Ме праевте луд и дека сум го сакал Бенитез па затоа така сум зборел, еве ги фактите, местото на табелата и поразите, и примените голови(кога ќе ми текне колку ме убедувавте дека Бенитез играл висока одбрана и дека сме примале многу голови
)
Уште многу имам да ви мрчам, и да ви мрчам, и да ви мрчам, али нејќам