Нејмар е меч со две оштрици, прво, премногу е скап, а второ, има карактер ала Балотели, а со оглед на менталитетот кој го имаат бразилциве скептик сум дека ќе се однесува професионално каде и да отиде ...
На интернетов имате клипови каде изиграва циркузант, губи смешно топки со глупи дриблинзи и знам гледав еднаш како му мава рецки на тренерот за инструкции па по мечот малку фалеше и физички да се пресметаат.
Ако веќе се даваат толку пари, ене го Санчез, проверена работа во Серија А, исто вреди ко и овој мангупов со тоа што поголема гаранција има он да просперира во Интер отколку бразилецов, а и знам Ди Натале минатата недела потврди дека Морати сериозно е заинтересиран за него и само посочи дека Санчез 100% заминува од Удинезе но ќе остане во Италија, а и моментално ако пратите шпекулации поврзани со нив ќе видите дека бараат играчи на таа позиција, т.е., бараат замени за Санчез.