Луѓе полека малку сега,без залетувања толку по Алварез,сепак нема сеуште доволно искуство во Серија А,тоа можеби е една од причините зошто Снајдер треба да остане и да игра против комшиките,мада ако некој мене ме прашува Алварез и Снајди би ги играл во прва постава од прва минута,па да видам како ќе се снајдат другите против таков убиствен среден ред.
Алварез сака да има слобода во играта,фала богу дека знае што прави кога топката е во неговите нозе,нема страв да тргне во напад за разлика од Снајдер кој пак е и стаклен во ноџињата,но затоа е поискусен,а искуство и те како треба во дерби мечеви.
Одбраната вчера беше коска,така треба и во дербито да одиграат,само под услов Нагамото да не се излетува толку напред и да бере капини.
Средниот ред беше исто така добар,ми се допадна Поли како одигра од кога влезе во игра исто така и Фараони,мада не играше многу,ама затоа голот му беше...

Коутињо,би му препорачал да поднаучи некоја нова финта за дриблање бидејќи таа неговата добропознатата веќе сите ја имаат научено како селски буквар.
Не дека одигра лошо,ама со тој потег јајцава цитрони ми ги направи.
Пацини и Милито повеќе да играат фластер на противничките одбранбени фудбалери,да ги бркаат кога топката е во нив цело време,да не им даваат да мрднат,да играат под ненормален притисок.
Со тоа и ќе грешат,а од една грешка следуваат и лавина други грешки,затоа треба под притисок да се цело време противничките одбранбени играчи,тоа бара многу трчање и пресинг,а Пацини треба многу да работи на тоа,додека на Милито не можам да му замерам,секогаш трча.
Друга добра работа,Милито го врати оној сенс за постигнување голови,тоа треба да не радува,бидејќи Пацини не игра нешто нај нај,ама кад тад и тој ќе распали,но не ми се допаѓа како играат и едниот и другиот кога се заедно во тим,можеби со доаѓањето на Тевез тоа ќе се среди (пошо нели сме доставиле подобра понуда од комшиките и Сити ја прифатиле).
Тоа е тоа што имав да кажам,мада и вчерашната победа не треба да не залажува,Парма играше се,освен фудбал,Џовинко се издвојуваше пред сите од гостинските играчи,детето си е машина,жал ми е што заврши во мочан тим како Парма.
Во дербито ќе одлучуваат нијанси,не се рачуна таму пет победи по ред,100 гола дадени во последните пет кола и само еден пример,не одлучува моменталната форма,одлучува поголемата желба за победа,среќата и знаењето.
Се надевам и верувам дека Интер ќе излезе како победник.