Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 октомври 2008
Мислења
1.046
Поени од реакции
35
неможам да разберам како некоој можи да го брани бенитез?
играчи мора да се купа ,и Син нз дали ти е јасно дека нашите играчи(лани) играа толку добро против барса само поради Мурињо
(замислете мурињо да беше тренер на БАрса како ќе поминевме )
она Што лани е победивме барселона не беше поради играчкиот кадар..предноста беше во Мурињо(во играчкиот кадар сме каде кадеее послаби)
и логично е секој што ќе го наследеше мурињо со истиве играчи да биде барем едно скалило подолу од лани.
ЗНАЧИ ОНА ШТО ЛАНИ ГО ГЛЕДАВТЕ БЕШЕ ПО ЗАСЛУГА НА МУРИЊО .и било кој друг да дојде интер со овие играчи ќе биде скалило подолу од лани.
игра мора да се купат ,пред се во средината
за нападот нз зошто барате играчи,проблемот е во средината и нормално е милито да не е во форма кога останува сам против 4-5 играчи на противникот

јас можеби и повеќе од сите овде сум да се избрка дебелиов,залудно е да се купуваат играчи со дебелиов на клупа.. мора да се почне со смена на тренер а потоа да се засилиме со некои играчи(да се потполнат дупкИ) пред се во средината
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.879
Поени од реакции
16.091
Валтер Зенга :music3:
Мислам најреално решение е тоа, тешко дека Анчелоти или Спалети ќе ги напуштат клубовите за да дојдат во Интер.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.694
Поени од реакции
6.215
Валтер Зенга :music3:
Мислам најреално решение е тоа, тешко дека Анчелоти или Спалети ќе ги напуштат клубовите за да дојдат во Интер.
Анчелоти нема шанси да дојде во Интер заради Милан,и плус сега читам најнови вести дека ке останел во Челзи така да не сметај на него! Според мене најдобро решение ке биде Спалети,а за Капело незнам зш али ич не сакам! Чим со една Англија се мучеше да помине во групи за мене он не е добар тренер,знам дека повеќето го сакате Капело али јбг нема секој исто мислење!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.745
Поени од реакции
44.044
Syn не ги игнорирај заградите.

1. (не збориме за исплатливоста и логичноста на овој трансфер) - Алудирав на Ибра-Ето... 70 милиони играч наспроти 20 милиони, да унапредување е во однос на вложувањето во клубот, тоа што се докажа како погрешен трансфер е друг муабет.
Земи ја оваа година, го шитнаа Ибра го купија Давид Виља, го шитнавме Балотели го вративме Бјамбјани :pos:

Ајде вака, дали ќе беше Интер НАЈДОБАР доколку место Мурињо на клупата беше кој било друг тренер?
- Едно големо НЕ!

Мурињо го направи Интер најдобар, Мурињо и Интер заедно беа најдобри во Европа, да не се лажеме дека Интер е Барса, и по Рајкард и еден почетник тренер кој дојде беше добар зашто го има Меси во тимот, и Чави и Иниеста... Интер ги нема тие 9 луѓе да играат со заврзани очи, Интер го имаше Мурињо.

И она твоето, Бенитез менувал во Интер, играл на пресинг итн... Нели ти спомнав дека Морати така кажал, и кажа, баш памтам, на линкот не е баш истакнато тоа, но ипак сум сигурен дека Морати сака промени во Интер. Еве ти линк. Плус ти текнува сигурно на муабетот на Благој кој дефинитивно добро го познава Интер и работите во Интер, а Бенитез го имплементира токму она што Морати го замислил за идниот Интер.
Одговори ми на следново прашање, дали оној тим оставен од Мурињо на Бенитез беше кадарен за освојување на Серија А .... ?
Дали летово ти се сомневаше во освојувањето на Серија А, т.е. дали беше убеден во тоа дека тимот ке биде главен кандидат за освојување на ова првенство ?

Е кога ке дадеш одговор на овие прашања, потоа постави го следново, дали Бенитез потфрли ?
Сериозно, 4ца имам видено на нетов што го бранат Бенитез и сеуште веруваат во него ...

Инаку, Интер го имаше Мурињо и пред 2 години па беше изгазен од Јунајтед, нели ? Како можеш да кажеш дека Интер го имале Мурињо и само Мурињо а уз пут го имаа и Снајдер ( добри 10 години немаа ваков плеј ), го имаа Ето кој е трет стрелец во историјата на Барса, го имаа Лусио кој е вистински лидер во одбраната, го имаа и Маикон кој години наназад е десен бек број 1 на планетава го имаа и Милито ...
Не е Мур и само Мур причината за тоа што они имаа таков успех, и играчкиот кадар си има свое Јас за таа тројна круна.

И твојов муабет е само една претпоставка, а алудирам на тоа дали ке биле најдобри ако бил друг место Мур и одма ТВРДИШ дека одговорот е НЕ ...
Мурињо е шампион, роден шампион, а такви има повеќе на планетава, не е единствениот.

А и незнам што се смееш за продавањето на Балотели и земањето на Бијабијани, па извини, ама ја незнам КОЈА КОРИСТ ја видоа Интер од минатогодишниот Балотели, он беше ЕДИНСТВЕНИОТ проблем во тимот така да не гледам тука нешто смешно, неговиот удел по фазата во групи за Интер беше НУЛА така да тука нема буквално ништо смешно, не беше он нашиот Меси па сега да се смееме што го имаат Бијабијани место него ...
Така да не гледам што Интер изгубија, да, преталентиран е ама сериозно, за да речеш дека Интер загубија нешто од истото требале да имаат голема корист, а онаа корист која Интер ја имаа лани од Балотели беше влезена у минус со оглед на фактот што влијаеше деструктивно врз цел тим. :smir:

2. Да, убаво си кажав јас за цитатите. Бенитез дојде по Мурињо, новиот тренер ќе дојде по Бенитез не по Мурињо(така да не гледам контрадикторност)....
Океееј ... Тогаш следнава реченица ти нема никаква логика
Не, ја викам нов тренер со истиве играчи да тера до Јуни, да видиме дали е до Рафа
п.с. Што очекуваш Морати да каже откако Мур си замина ? Таа изјава е најнормална, го бутка Рафа од старт со целосна подршка и го поттикнува да продолжи таму каде што Мур застана, ама затоа истиот Морати сега вели дека Бенитез користи неадекватни подготовки и дека играта е еднаква на нула, можам комотно и линк да ти дадам ... :toe:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.305
Поени од реакции
15.538
Одговори ми на следново прашање, дали оној тим оставен од Мурињо на Бенитез беше кадарен за освојување на Серија А .... ?
Дали летово ти се сомневаше во освојувањето на Серија А, т.е. дали беше убеден во тоа дека тимот ке биде главен кандидат за освојување на ова првенство ?

Е кога ке дадеш одговор на овие прашања, потоа постави го следново, дали Бенитез потфрли ?
Тимот што го водеше Мурињо да, беше кадарен и сеуште е кадарен, исто како и Милан, Рома и Јувентус.
Да, и понатака сум убеден дека Интер е главен кандидат за освојување на Сериа А, исто како и Милан пред се.

Да, Бенитез потфрли, но јас не сакам да гледам Интер кој стагнира. Ако ти сакаш и го оправдуваш во секоја смисла океј.

Само за потсетување:
Морати: Сеуште немаме продадено ниеден играч, кога ќе се продаде играч, тогаш ќе се купува..... Сите видовме колку се купуваше...


И да, смешна е замената на Балотели. Не знам како можеш да го негираш фактот дека Бјамбјани е за 2 класи под Балотели. Ако тебе ти се допаѓа таков Интер кој што во иднина Ето ќе го замени со играчи од типот на Скули и Бориело, мене не ми се допаѓа.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.745
Поени од реакции
44.044
Тимот што го водеше Мурињо да, беше кадарен и сеуште е кадарен, исто како и Милан, Рома и Јувентус.
Да, и понатака сум убеден дека Интер е главен кандидат за освојување на Сериа А, исто како и Милан пред се.

Да, Бенитез потфрли, но јас не сакам да гледам Интер кој стагнира. Ако ти сакаш и го оправдуваш во секоја смисла океј.

Само за потсетување:
Морати: Сеуште немаме продадено ниеден играч, кога ќе се продаде играч, тогаш ќе се купува..... Сите видовме колку се купуваше...
Види, ти дадов еден километарски линк каде детално е објаснета финансиската состојба на Интер, на нашиот сајт беше дадена и финансиската слика за минатата сезона каде имаа загуба од 60 милиони евра во најуспешната година во нивната историја ...
Значи како можам да критикувам нешто кое било неизволдиво да се случи ( алудирам на носење играчи кои чинат многу )?
Тоа е едно, и второ, каде тоа јас сум го оправдувал тоа ?
Никаде, али очигледно ни Ти неможеш да ме разбереш, ја удрив на критика дека не се зема играч, ама за разлика од вас кои баравте соодветна замена за Балотели ( за кого НЕМАА ПАРИ ) ја удрив на критика дека не се зема Скули, кој за разлика од желбите на многумина тука за други играчи, овој беше реална опција, и он, и Инлер.

Но, тоа не е никаков изговор за ова што го гледаме во Серија А, да, за ЛШ требаше многу повеќе и исто како и лани кога во првиот дел беа некадарни за ЛШ, во Јануари земаа 1 играч кој беше таман за 4231 формацијата, така и сега, се надевав дека во Јануари ке се донесат нови играчи па ке бидат и поконкурентни и таму.

И незнам зашто си толку упорен со Балотели, да, сега за Ето има замена која реално сеуште не е кадарна за Интер, но лани имаше замена која претставуваше играч помалце на терен ( Балотели ко крило НЕ играше буквално ништо ), фрлаше дресови на терен и бегаше од Матераци низ просториите на Меаца ...
Значи у светот на бајките Балотели бил од некаква корист лани во вториот дел од сезоната, во реалноста он беше еден од најголемите проблеми за Интер, велам еден зашто на место број 1 беше ИФФ.

Е сега за стартот на твојот пост, моменталниов Интер со што е кадарен за титулата ? Со Рафа ? Па бродот тоне ли тоне, ја незнам од каде тоа дека овој Интер на Рафа е некаков конкурент за Скудетото, повеќе би рекол дека е конкурент на Наполи и Палермо за 4тото место ...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.745
Поени од реакции
44.044
Sуn, Интер не е само 3 месеци.
Moменталниов Интер претставува класичен пример како се уништува шампионски тим за 5 месеци ...
Сезоната е долга, но во моментов слободно можам да ти кажам дека Интер е веќе надвор од трката за титулата ( преевидетно е тоа ), во моментов Интер има помалку бодови од Јувентус во овој дел од годината лани и е пред смена на тренерот.
Ке се согласев со тебе само во случај Бенитез да не беше дел од тимов па да постоеа какви-такви шанси ( со нов тренер кој допрва треба да се докажува ) за првото место, аналогни на чудо ( со оглед на моменталнава беда во Интер уз минуст 9 на табела ), ама со Бенитез не, немаат никаква шанса за Скудетото бидејќи покажа и докажа дека станал лузер и очајно лош тренер, да не цртам пак и пак и пак зашто е тоа така.
На стартот од сезоната бев со или-или ставот за него и бев 1 од оние кои го бранеа и веруваа во него, се деси она второто за жал, Рафа е фејл и тоа е тоа, односно, дебело потфрли, ваков тренер нема теорија да ти сервира титула на крај од сезона, едноставно лош ( преблаг збор за него ) е, соочи се со тоа, факти има мал милион.
 
Член од
29 април 2010
Мислења
1.123
Поени од реакции
170
По се изглеа со Твенте ке е Крајот на ЕРАТА на Рафа во Интер
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.745
Поени од реакции
44.044
Гоце, уште ли не научи како се ставаат слики на форум ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom