Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
За во сабота за утакмицата со Јувенташите до сега сигурни сме Јас,Штрафценегер,Бенеамата,Снајдер(се знам со него ке дојде сигурно), ајде други ? Иначе терминот како што знам е некаде од 16 часот,за балон ке се договориме!
 
Па да му дадеме и на Рафа уште а :):)
Не, ја викам нов тренер со истиве играчи да тера до Јуни, да видиме дали е до Рафа :)

@Штрафценегер, замена можеше да биде и Дестро, ништо послаб не е од овој талентов Бјамбјани.
 
Не, ја викам нов тренер со истиве играчи да тера до Јуни, да видиме дали е до Рафа :)
А чекај малце, исти ке бидат условите за новиот тренер и оние кои Рафа ги имаше откако дојде ова ... премногу површно размислување е ова, јебига. :)

Рафа кога дојде немаше -9 на табела, немаше 1 тон повредени играчи, немаше немир во тимот, немаше 16 играчи надвор од својата препознатлива форма и мал милион други работи ...
Така да во никој случај не би можел да направиш паралела помеѓу Рафа и неговиот наследник, Рафа почна од горе, високо, а тој што ке го наследи ке почне од самото дно. Ко сега да си кажал, немал везе Ферара за оној дебакл лани на Јуве, истото и со Закерони се деси, така му доаѓа ова, па кој и да го наследеше тој Јуве оставен од Ферара ке беше тежок просек бидејќи условите најдени таму беа хорор филм.

Не биди Вихнад жити све. :D Гарант и он ке биде со истиов овој став од што нема грам мозок у него.
 
За во сабота за утакмицата со Јувенташите до сега сигурни сме Јас,Штрафценегер,Бенеамата,Снајдер(се знам со него ке дојде сигурно), ајде други ? Иначе терминот како што знам е некаде од 16 часот,за балон ке се договориме!

И јас. :)

Man Marking 20
Tackling 20
Header 20
 
А чекај малце, исти ке бидат условите за новиот тренер и оние кои Рафа ги имаше откако дојде ова ... премногу површно размислување е ова, јебига. :)

Рафа кога дојде немаше -9 на табела, немаше 1 тон повредени играчи, немаше немир во тимот, немаше 16 играчи надвор од својата препознатлива форма и мал милион други работи ...
Така да во никој случај не би можел да направиш паралела помеѓу Рафа и неговиот наследник, Рафа почна од горе, високо, а тој што ке го наследи ке почне од самото дно. Ко сега да си кажал, немал везе Ферара за оној дебакл лани на Јуве, истото и со Закерони се деси, така му доаѓа ова, па кој и да го наследеше тој Јуве оставен од Ферара ке беше тежок просек бидејќи условите најдени таму беа хорор филм.

Не биди Вихнад жити све.
Да де, истите услови, без засилување, со демотивиран тим. Само новиот тренер нема да дојде по Мурињо, мнооогу битен фактор.

Како и да ја вртиш, Мурињо беше еден и единствен. Со Интер направи чудо со освојувањето на тројната круна. Сите знаеме и сме свесни како не посрамоти буквално Барселона сред Меаца каде што не чепнавме топка и каде што не шутнавме кон гол. На Камп Ноу па да не зборам, како мали деца не изиграа...
Затоа и викам, Мурињо направи чудо и одлична работа, правиот Интер е тој Интер како што играше против Барса, без идеја во средина од теренот(она што Морати сакаше да го постигне со новиот тренер, ова ќе го побарам на сајт мислам дека имаше нешто вакво изјавено) само со полош тренер, повеќе повреди, поголема старост, послаба клупа, помала мотивираност.......
Не ме сфаќај дека го правдам Бенитез за оваа моментна ситуација, али има едно нешто што се нарекува континуирано унапредување, она што сите екипи го применуваат. Ние по тројната круна удривме на стагнација. Екипите што стагнираат уствари пропаѓаат!
Една Барса по освојувањето на сите титули не рече: "Имаме одличен тим, ќе си ги чуваме овие играчи, супер сме", туку фрлија некои 70 милиони за Ибрахимович.(не збориме за исплатливоста и логичноста на овој трансфер, сепак идејата е таа: унапредување)
 
Муабетов за конитнуирано унапредување ти паѓа во вода со оглед дека Барса лани јас не видов каде се унапреди, или за тебе продавањето на Ето и земањето на Ибра е унапредување ?
Ако се лажеме, да, е ...

Ете, добро што си ја спомна Барса со оглед на фактот што они драстично не се засилија, напротив, само го ОДРЖУВАА истото ниво со кое ја освоија и тројната круна, т.е. не, направија некои фејл потези со земањето на Чигрински па и Ибра за Ето.
Така ова е само изговор за Бенитез и ништо повеќе, Барса ги '' посрамоти '' само поради фактот што тимот беше неуигран, самиот Мур тогаш кажа дека они имаат 9 играчи кои со превез на очите можат да играат, па тогаш Интер и со Динамо Киев дома се мачеа ....
Вистинскиот Интер во ЛШ го гледавме од мечот со Челзи па нагоре, а истиот тој играчки кадар што тогаш носеше ГОЛЕМИ победи сега не може Бреша дома да ја победи, значи не можеш да ме убедиш во тоа дека '' стагнацијата '' на трансфер маркетот е виновна за тоа.
Такви муабети не поминуваат кај европски првак и за мене се смешни и несериозни ...

И самиот ми викаш
Да де, истите услови, без засилување, со демотивиран тим. Само новиот тренер нема да дојде по Мурињо, мнооогу битен фактор.
а претходно збориш
Не, ја викам нов тренер со истиве играчи да тера до Јуни, да видиме дали е до Рафа
нема никаква логика во овој муабет од проста причина што како што реков од погоре, по Мурињо ти го наследуваш НАЈДОБРИОТ тим во Европа, а по Рафаел Бенитез наследуваш екипа која е 6та во Италија и екипа која го достигнала тој стадиум да еден Киево ги надигра во секој можен сегмент на теренот ...
Каде тука условите биле исти, кога истите се различни во секој можен поглед.

едит, да додадам само, Рафа наследи услови за да освои Серија А ( да го тврди некој спротивново на улица со прст кон него ке покажуваат и ке му се смеат ), тој што ке го наследи Бенитез во никој случај нема да го наследи тој услов, напротив, ке наследи тим кој во моментув е слика и прилика за екипа која се бори за место во ЛШ !
Па сега види колку само Рафа потфрлил ...
 

Добра замена би ви дошол Изет, види како убаво им објасни :)
 
Syn не ги игнорирај заградите.

1. (не збориме за исплатливоста и логичноста на овој трансфер) - Алудирав на Ибра-Ето... 70 милиони играч наспроти 20 милиони, да унапредување е во однос на вложувањето во клубот, тоа што се докажа како погрешен трансфер е друг муабет.
Земи ја оваа година, го шитнаа Ибра го купија Давид Виља, го шитнавме Балотели го вративме Бјамбјани :pos:

2. Да, убаво си кажав јас за цитатите. Бенитез дојде по Мурињо, новиот тренер ќе дојде по Бенитез не по Мурињо(така да не гледам контрадикторност)....

Ајде вака, дали ќе беше Интер НАЈДОБАР доколку место Мурињо на клупата беше кој било друг тренер?
- Едно големо НЕ!

Мурињо го направи Интер најдобар, Мурињо и Интер заедно беа најдобри во Европа, да не се лажеме дека Интер е Барса, и по Рајкард и еден почетник тренер кој дојде беше добар зашто го има Меси во тимот, и Чави и Иниеста... Интер ги нема тие 9 луѓе да играат со заврзани очи, Интер го имаше Мурињо.

И она твоето, Бенитез менувал во Интер, играл на пресинг итн... Нели ти спомнав дека Морати така кажал, и кажа, баш памтам, на линкот не е баш истакнато тоа, но ипак сум сигурен дека Морати сака промени во Интер. Еве ти линк. Плус ти текнува сигурно на муабетот на Благој кој дефинитивно добро го познава Интер и работите во Интер, а Бенитез го имплементира токму она што Морати го замислил за идниот Интер.
 
Дечки а што викате за Дон Карло???Некако слабо му иде со Челзи ,а и читнав нешто демек се мислел да си оди....
 
Денес на Sky Italy дадоа листа на потенцијални кандидати за тренери во Интер
Валтер Зенга
Диего Симеоне
Марчело Липи
Фабио Капело
Карло Анчелоти
Лучијано Спалети

Мислам имаше уште некој ама ги забораив
 
Денес на Sky Italy дадоа листа на потенцијални кандидати за тренери во Интер
Валтер Зенга
Диего Симеоне
Марчело Липи
Фабио Капело
Карло Анчелоти
Лучијано Спалети

Мислам имаше уште некој ама ги забораив

Јас сум за Капело и Спалети, дуругото све out

Дечки а што викате за Дон Карло???Некако слабо му иде со Челзи ,а и читнав нешто демек се мислел да си оди....

No thanks...
 
Бенеамата абе шо прајме со кладбата, ко шо тргнале ни едните ќе се први ни другите ?? :pos::kesa:
 
Денес на Sky Italy дадоа листа на потенцијални кандидати за тренери во Интер
Валтер Зенга
Диего Симеоне
Марчело Липи
Фабио Капело
Карло Анчелоти
Лучијано Спалети

Мислам имаше уште некој ама ги забораив
Дунга,Боас?

Никој не спомна,Мота се врати на тренинзи :))
 
Еве го Моџи со неговите изјави повторно - „Готово е, погрешна беше одлуката на местото на Мурињо да се доведе Бенитез. Интер сега личи на улична банда. Морати заврши со победите, а за нов циклус му е потребен уште еден „Калчополи“. - изјави поранешниот директор на Јувентус, кој на крајот додаде дека неговиот клуб игра подобро отколку што очекувал:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom