Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.746
Поени од реакции
44.053
Ова го начекав на forzainter форумот, а е даден пост од друг форум за Јуве, каде фан на Јуве реплизира на друг фан на Јуве кој јадел го*на за тоа што Мур барал подршка од публиката као демек, он сака да е центар пажња и хранел его :

Getting 60,000 people to cheer when you are 2-0 up in a derby is not being a great coach that is just feeding the biggest ego in football. Being 2-0 up in the derby with ten men is being a great coach, or at least a very good one.

Basically he is one of the best coaches around coaching the strongest, slyest, most stable and most powerful team in the league. That means an Inter title every year until something changes.


:tv:

Сега и за муабетот погоре во постовите :

Прво недосуден ЧИСТ црвен за Бонучи со Бари, сега со Милан санкционираат симулација на СРЕДИНА ОД ТЕРЕН што е смешно и малоумно и капак на Се судијата дава директен црвен за ироничен аплауз koj следи по онаа смешна одлука на судијата за жолт на Лусио, иако Мело во пето коло навреди судија вербално па доби само жолт, за ИСТА ситуација со аплауз и плус приговор Снајди со Аталанта доби жолт, башка и некој случај со Тоти сезонава за кој Мурињо збореше по мечот. Него, го спомнаа случајот со Руни на темиве иако заборавија дека Руни тогаш доби втор жолт, не директен црвен. :wink:

Може е случајност можеби не, но заборавате една работа, ги имаме големите Лео и Ферара на наша страна сезонава, па зар тим ко Милан кој во второ коло беше згазен на домашен терен од Интер и кој викендов не успеа да даде повторно гол иако имаа и играч повеќе 70 минути и пенал на крајот го сметате за некаков конкурент ?
Упорно идат со тоа ако ја тепаат Фиорентина ке биле 6 бода позади Интер, точно, но меѓусебниот дуел вели вкупен резултат од 6-0 за Интер што значи ако негативата е 6, Милан треба да надокнати 7, сега негативата е 9, Милан треба да надокнади 10.

Па уште читам, имале шанси и немале среќа. Ајде едно резиме да удриме и да ги видиме тие шанси на Милан и оние на Интер, идеме, Снајдер на почеток погоди статива, Снајдер утнува зицер по акцијата на Пандев по 5 минути ( читај, има пенал ситуација ), веднаш потоа Интер дава гол и 3 минути подоцна Милито повторно се наоѓа во шанса само лошо шутира и Дида брани.
Први 25 минути, кога силите беа израмнети, се виде кој е кој, секое поминување на центар за Интер значеше и шанса за гол, секое поминување на центар од Милан беше окарактеризирано како голем успех бидејќи у џеб беа ставени.

Идеме по црвениот на Снајди, Милан единствените шанси кои ги имаше беа по корнер ( читај МРТВА ИГРА ), кога Цезар одбрани и потоа кога Рони шутна покрај голот иако Цезар добро го процени ударот и не се потруди да интервенира бидејќи апла очигледно беше каде ке заврши таа топка.
И пазете, овие 2 шанси значеле и немање на среќа иако потоа, Пандев излага сам пред голман, истиот е совладан но е погодена стативата, да потенцирам, СО ИГРАЧ ПОМАЛЦЕ. Значи до тој момент, иако Милан беа тие кои имаа иницијатива што и беше нормално во една таква ситуација на теренот, Интер беа тие кои ја имаа шансата на мечот. :toe:

Следи ремек дело гол на Grandev и една шанса на Хунтерал по што дојде и пеналот кој беше одбранет од Цезар, и на крај, зицер и 100% шанса за Маикон кој само требаше да додаде до Балотели но сепак се одлучи сам да финишира, неговата себичност е причина зашто мечот не заврши со резултат од 3-0. :wink:

Интер има 5 супер шанси за гол плус постигнува 2 гола, Милан 3 шанси за гол плус пенал ( се ова создадено по црвениот на Снајди ). Колку чоек треба да е очаен за да шири ставови дека тука Милан немале среќа и биле оние кои создавале голем број на шанси. :tv:

Нели, сепак работиме со факти, епа ете ги фактите, истите велат од една страна поголем број на шанси за Интер ( 2 од нив 100% создадени со играч помалце ), од друга страна имате 2 гола на Интер, 0 за Милан. :wink:

Ајт. :helou:
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.638
Поени од реакции
1.233
Батали тоа , ми стигна дома дресот Пандев , перверзии е у п.м.
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
773
Поени од реакции
306
Снајдер казнет со две утакмици неиграње , а Лусио и Матераци со по една.
Значи човек да не можи да прослави, да ти ибам федерацијата. Инаку одлична победа.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.507
Поени од реакции
58.924
Син, пак се замараш непотребно :pos2:

Прво, Леонардо фино лепо си го призна поразот, кажа дека Милан биле премногу спори, вот евер дет минс, и наравно дека ништо не е загубено (освен скудетото).

Сега да се замараме тука со бабини деветтини и вести из несвести што се тропаат по форумов од недокваканост, нема потреба. Кој разбира фудбал виде кој е кој во неделата.

Точна ти е таа констатација дека до црвениот на Снајдер играше една екипа, и ја незнам што ќе се случеше ако беа силите израмнети. Но вака е подобро зошто се случи незаборавен меч во кој Интер го покажа карактерот пред цела Европа и доби огромен респект од противниците. Подобро сценарио пред ЛШ не можеше да се случи од ова.

Што се однесува до оние 6 бода, прво треба да дојдат на 6 против Фиорентина. А потоа да не стигнат, и ние да им помогнеме во тоа.

Ама сакав нешто друго околу натпреварот, т.е. судењето. Без разлика дали имало намера да се оштети или судијата се загубил на терен. Вакви с**** порано имам гледано многу. Имаме губено титули заради вакви перверзии, со кои екипата не можела да излезе на крај и покрај квалитетот. Што не носи кај факторот што ја прави разликата помеѓу Интер сега и Интер пред 10 години - Мурињо.

Значи кој мотиватор треба да бидеш, за после 4 последователни скудета, екипата да ора по теренот, да се враќа од изгубени ситуации, да победува со играч помалку, да не ја деконцентрираат судиските одлуки, игрите со термините на натпреварите, пишувањата по медиумите... Жозе го сврте целото негативно влијание на себе а играчите се мотивирани до степен на фанатизам. Почнува да ме фаќа страв од помислата дека може да го изгубиме Жозе. Можеби има подобри тренери од него. Но личност која може да се бори против се и сешто и да победи, сигурно нема. Убеден сум дека со ова што се случува во лигата, Интер ќе ја загубеше предноста со било кој друг тренер.

Значи, некако лесно прогледуваме низ прсти затоа што победуваме. Но не беше секогаш вака. Интер знаеше и тоа како да настрада под вакви сценарија. Не мислам дека нешто се прави заради тоа што некој не го сака Интер или го фаворизира Милан или Јувентус. Едноставно, ја спасуваат лигата. Никој не сака првенство во кое една екипа гази се пред себе и не можат да ја симнат со години. Нема драма, а таа е потребна во фудбалот. Ако ги погледнеме составите на Милан и Јуветус од една страна, ремонтот кој им е потребен, буџетот кој им е потребен да направат нешто повеќе... и составот на Интер од друга страна, трансфер политиката (6/6 супер засилувања за многу малку пари), возраста на играчите... оваа доминација може да се спречи само со ујдурми од ваков тип...
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.695
Поени од реакции
6.216
Какво е чувството 80,000 да ги извикуваат твоето име ? :vozbud:

Клипчево е закон,пандев коа го даде голот сите скокаат од радост а најинтерсно беше тоа детето коа се дереше горан пандев:vozbud:Иначе во четврток нека искочи со најак состав мурињо и да ги згазат јуве и да ги тепаат 3 - 0:toe:
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Честитки за победата. Посакував 4-4-2 и излезе најдобра варијанта. Штета што не можам да ја направам никако таа 4-4-2 со Пандев во прв тим, кога тука се Ето и Милито. Можеби Мурињо ќе измисли нешто, али мое мислење е или 4-3-3 со Пандев, онаа тактика која не ја сакам, или 4-4-2 со Пандев на клупа.. (се разбира доколку Ето и Милито се здрави)
Друга работа.. Публиката беше топ! Слушнав на почеток како коментаторов вика Фергусон не следел.. Имаше што да види.. Скапа човекот во Англија покрај онаа безвезна публика која јаде пуканки и пие чај за време на утакмица..
Сантон исто така доста добар, али при здрави Станкович и Мота, најдоброто што го имаме во моментов е Занети лево бек, а Мота, Камбиасо, Станкович и Снајдер во средина. Чиву е подобар од Занети како лев бек, среќа во несреќа е што можеби со таа повреда ќе го имаме најкреативниот среден ред.. Иако и еден од Станкович и Мота би ставил на клупа за Сантон да игра лево.. Добар е..
Цезар.. Знаете дека не го сакам.. Али овај човек или прави глупав кикс или брани како будала.. Се надевам ќе биде тоа второто со Челзи.. Маикон ми се чини дека и да изигра 10 слаби утакмици по ред, против Милан секогаш играл добро..
И на крај за Снајдер.. Многумина викате не било црвен картон, ова она.. Од каде знаете? Не се давал црвен за аплауз? Црвен судијата може да даде кога сака и ако мисли дека има потреба.. Значи можи играчот да му го опцуе најмилото на судијата, а овој веднаш да му даде црвен.. И не беше ако добро забележавте само аплаузот.. Неколку минути пред тоа Маикон упати топка кон Снајдер кој се удри во судијата и ја загуби истата.. Притоа почна да прави гестови со рацете и да пцуе по судијата.. Се гледа убаво тоа на камерата.. После тоа следи ироничен аплауз кој ја прелива чашата.. Не дека сум нешто против Снајдер, али крајно глупав потег од него.. Нема што тој да исправа тука криви дрини и да аплаудира.. Има кој да протестира за тоа што суди судијата.. За тоа е тука капитенот.. Муабетот ми беше.. После овие два меча пауза кој ги доби Снајдер потегот негов е глупав на квадрат.. Исто така треба да се знае дека сите судии не се исти.. некои почитуваат и ќе премолчат кога ги навредуваш, други ама баш му е гајле.. Ќе ти опнат црвен.. Снајдер треба да учи од ова.. Што ако игравме со Челзи и после водство од 1-0 загубевме? Ќе го снајдеше судбината на Дел Хорно од Билбао..

П.С. Натпреварот си го снимив на МаксТв, досега ми е гледан 5 пати..
П.П.С. Го очекувам Балотели прв тим во четврток со Пандев и Кваресма во истиот против оние ... (не сакам ни името да им го спомнам)..
Поздрав..
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Syn за таков ироничен аплауз кон судија и Руни добри црвен картон со Лига на Шампиони кога играше Манчестер со Виљареал.

Црвениот беше на место.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.507
Поени од реакции
58.924
Syn за таков ироничен аплауз кон судија и Руни добри црвен картон со Лига на Шампиони кога играше Манчестер со Виљареал.

Црвениот беше на место.
Жолт бе, по 100-ти пат, втор жолт доби Руни.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Жолт бе, по 100-ти пат, втор жолт доби Руни.

Во кодексот на судии има неколку правила за доделување картони.

И Руни ќе добиеше црвен да немаше пред тоа жолт.За такво непочитување на судиите се добива црвен картон.
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.563
Поени од реакции
6.684
Во кодексот на судии има неколку правила за доделување картони.

И Руни ќе добиеше црвен да немаше пред тоа жолт.За такво непочитување на судиите се добива црвен картон.
Да гледаме од овој аспект.Доколку истото се случеше ако играа Јуве-Интер и Јуве да води 1-0 но во 15 мин да добие Диего црвен поради аплауз на судијата,ке го искоментираше истово или ке пцуеше ко нездрав дека црвениот не е на место?

Судијата се испровоцира изгледа ,според мене снајдер требаше да добие жолт картон кога го пцуеше судијата (моментот кога истиот му попречи при прием на топката) спорет тоа што можам да забележам Снајдер кажа : Vafanculo и Fuck off. е тука беше моментот кога требаше да добие жолт и да не коментира веке,а не кога му даваше аплауз.Абсурдна одлука...
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Да не се лажеме, Интер имаше среќа... Како и секогаш. :pos:
Од играта на Милан не сум разочаран, ако некој во афект сака да се курчи и да објаснува како Интер играше некој надмоќен фудбал слободно можи пред кооперација да вришти.
Првиот гол беше од многу сомнителна ситуација, за која не најде за згодно режисерот ниту еднаш да ја покажи со исцртана линија. Многу пати вака имам забележано некои спорни ситуации кога профитира домаќинот како да се игнорират, ама вака на празно џабе ќе збораме оти уба снимка нигде нема.
Судијата незнаеше кај тера цел натпревар, прво го исклучи Снајдер малку престрого, ама се работи за судиска одлука во таков момент, а овај многу лично си го свате сељачењето на Снајдер. Пенал имаше чист и судијата виде се помисле и одлуче да компензира за картонот. Најмалку 2 пати имаше груб фал шо не санкционира на самиот шеснаесетник, а едниот над Бориело и внатре во него. Значи со две раце туркање намерно во дуел ако не се санкционира јас незнам шо.

Три пати досуде фал во дуел со гла за Интер, уште еден знак дека компензираше за изливо на нервоза шо го напрај. И на крај наместо да ја санкционира со жолт картон глумата на Маикон (кој за 3-4 пат одглуми фал) досуди нелогичен слободен удар, по кој Пандев додаде до Дида, а овај заборај дека можи рацете да ги користи.

Е сега ако за вас супериорна игра е гол од грешката на Абате (потенцијален офсајд), гол од непостоечки слободен удар и 30% посед на топка, со константно фаулирање и груба силеџиска игра. Тогаш плачете ко пички шо и како не чини, ама јас не видов слаб Милан на дербито, видов несреќен Милан кој имаше шанси, имаше притисок, ама немаше среќа да добие пенал, да го искористи огромниот притисокот и на крај како капаче прими гол од слободен кој од авион се виде дека е аматерска глума.

Судијата во никој случај не сакаше да му помогни на Интер, ама со својата ретардираност истото и то како го стори, оти ако се клат на вага исклучувањето на Снајдер (шо е малку престрого но во никој случај против правилата) и компензирањето шо следеше, некако штетата многу појќе натежнива накај Милан.
In other news:
Доста амбициозни ни се комшииве. :icon_lol:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.507
Поени од реакции
58.924
Во кодексот на судии има неколку правила за доделување картони.

И Руни ќе добиеше црвен да немаше пред тоа жолт.За такво непочитување на судиите се добива црвен картон.
дрн...дрн...дрн... пак муабетите за бабата ако имала...

Факт е дека Руни доби жолт. Факт е дека е судиска одлука и судијата треба да процени. Има право да даде црвен, но не мора. На дерби во 25-та минута, црвен картон за она е тешка глупост. Едно чудо фанови на Милан го признаа тоа по форумите.

Понатаму, имаше анализа на снимката да се види дали Снајдер го навредил судијата со погрдни зборови. Снајдер кажа само Браво. Бориело го навредуваше судијата и не доби ништо. Црвен за аплауз и браво. Ништо за пцуење и навреди. Критериум оф леле...

Саглам судија со малку чувство за игра никогаш нема да упропасти дерби натпревар на оној начин. Згора на тоа, на дотичниот не му е првпат:









+ 2 нови. Напредува дечкото.

Затоа, помалку муабети...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.746
Поени од реакции
44.053
Во кодексот на судии има неколку правила за доделување картони.

И Руни ќе добиеше црвен да немаше пред тоа жолт.За такво непочитување на судиите се добива црвен картон.
Toгаш зашто Мело во пето коло не доби црвен картон за вербална навреда на судија, зашто Снајдер за иста работа плус приговор со Аталанта доби само жолт ?!

Има многу '' зошто '' во овој случај, нејсе тоа, вие заборавате што претходеше на таа ситуација, претходеше санкционирање на симулација на средина од терен. :pos2:
Да биде глупоста на судијата уште поголема, Лусио кој мислеше дека е санкциониран фаул врз него, веднаш стана и покажа кон топката и бараше да биде дадена предност. :wink:

Апсурд !

п.с. И ако се следеа фудбалските правила односно оние судиски правила, тогаш Росети требаше да покаже чист црвен по пеналот направен врз Пандев претходното коло, ама .... :toe:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.507
Поени од реакции
58.924
Следното коло очекувам црвен картон за Самуел за симулација на фаул во сопствен 16-ник и пенал за противникот поради истото.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom