Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
А каков Интериста си ти ако не сака играчи како Балотели и Матераци? Па тие играат со срце за Интер! Матераци беше таму на теренот кога губевме од Јувентус во првенството и од Милан во Лигата на шампиони.. Матераци никогаш не посакал да си замине од Интер.. Провоцирал? Па што? провоцираше и Златан.. Па никому ништо.. Провоцираше и Анри коа даваше голови во Арсенал и со прстот на устата ги замолчуваше противничките навивачи.. Исто провоцира и Мурињо ако не си забележал.. Па што? Тебе ти пречеле Балотели и Матераци..

А зошто од стартот бев против Пандев? Не дека е слаб играч, далеку до тоа.. Не дека имаме којзнае колку како него, напротив немаме.. Но не можам да се радувам на фудбалер кој никогаш не го сакал Интер!

http://www.goal.com/it/news/98/coppa-italia/2008/05/09/689725/materazzi-su-pandev-ho-sbagliato-ma-lui-è-in-italia-grazie

http://www.goal.com/it/news/98/coppa-italia/2008/05/08/687987/ecco-spiegato-il-fallaccio-di-materazzi-a-pandev-gli-aveva

Еве ви два линка да ве просветлат малку и спуштат на земја..
Малку се одамна.. После натпреварот Лацио - Интер.. Полуфинале куп на Италија.. Каде Интер победи со 0-2 во реваншот, Матераци поради старт врз Пандев заработи црвен картон, а овој после тоа во очи му рекол дека се надева дека Интер нема да го освои скудетото, дека само на зелена маса Интер можел да победи, дека ќе навивал за Сиена на наредниот натпревар..
Сето ова официјално го имаше во весниците, каде Марко вика дека Пандев не покажува почит кон клубот кој го донесол во Италија!
И после сите овде ми дркате на Пандев..

Реков далеку од слаб играч.. Али не да биди Македонец, не да биди мој другар или роднина.. Секој оној кој за клубот за кој навивам зборува лошо и му посакува лошо, за мене не е навивач и пријател на Интер..
А кутриот Пандев, среќа негова што судот во Италија за прв пат досуди вакво нешто во корист на играч, среќа негова што ќе лапа по 3 милиони евра од клубот на кого му посакуваше да не ја освои Серија А.. Али играчи како Пандев, Де Роси, Дел Пиеро, Недвед.. кои на некој начин биле против Интер јас не ги сакам..

Баш ме интересира како ќе биде примен од Матераци и од навивачите на Интер кои знам дека не го заборавиле ова кое јас горе го постирав.. За разлика од голем број во фан клубот Интер.. Кои така често пратат фудбал..

П.С. Другарче.. Тоа што се играчи како Занети, Балотели, Матераци, Толдо, Кордоба.. за Интер, никогаш нема да бидат Пандев, Снајдер, Милито, Ето..
Балотели игра со срце за Интер па тој ревеше да си оди рече не е тој играч што вечно се обврзува за еден клуб.
Матераци не го сакам зошто тој не зборува на теренот туку надвор од него и секако вечно ќе сака да е во Интер на 36 години кој луд ќе му дава 4 милиони плата.
Матераци има донесено само плукачи на интер луге што го мразат.
А моите играчи јас што ги сакам Занети,Камбијасо,Бергоми,Самоел нив не ги почитуват само навивачите на Интер и тие не зборат таму кај што не треба туку на теренот.
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
И линковите се гола вода, Пандев го испровоцирал Матрикс, голем ташак. И Матрикс му кажа нешто на Зидан за сестра му па не значи дека го мислел. Провокациите се составен дел од фудбалот, Матрикс тоа најдобро го знае.
Јас како што се сеќавам Матрикс доби на суд за тоа со Зидан, па неколку реномирани весници му платија добро заради лагите кои ги изнесуваа, со кои му го нарушија угледот..
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.534
Поени од реакции
59.077
Јас како што се сеќавам Матрикс доби на суд за тоа со Зидан, па неколку реномирани весници му платија добро заради лагите кои ги изнесуваа, со кои му го нарушија угледот..
Кој углед бе не ме дриблај сега, пола лига ја има испровоцирано :pos:
Мислам, ја го обожавам Матриксот, ама дај сега не прајте го Меси со сила... :)
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.567
Поени од реакции
6.696
Јас како што се сеќавам Матрикс доби на суд за тоа со Зидан, па неколку реномирани весници му платија добро заради лагите кои ги изнесуваа, со кои му го нарушија угледот..
Па кога ке го видиш Марко Матераци нема што да му го нарушиш угледот самата појава ти кажуе за каква будала станува збор...

На матераци угледот нарушен ? Пффф...
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Балотели игра со срце за Интер па тој ревеше да си оди рече не е тој играч што вечно не се обврзува за еден клуб.
Матераци не го сакам зошто тој не зборува на теренот туку надвор од него и секако вечно ќе сака да е во Интер на 36 години кој луд ќе му дава 4 милиони плата.
Матераци има донесено само плукачи на интер луге што го мразат.
А моите играчи јас што ги сакам Занети,Камбијасо,Бергоми,Самоел нив не ги почитуват само навивачите на Интер и тие не зборат таму кај што не треба туку на теренот.
Знаеш не е интересно ако играчите само играат фудбал и ништо друго не прават.. Не ми е Интер во овој момент интересен ако Мурињо не каже некоја провокација на прес.. Не ми е интересно ако го нема Балотели кој со прст ги замолчува навивачите на противничките клубови.. Не можи се во еден клуб да биде под ред.. Мора да има нешто плус.. За да биде интересно.. А кога се работи за Интер, тогаш има двојно од тоа.. Во пакет оделе по неколку играчи кои биле на некој начин интересни.. Го нема веќе Рекоба да дава голови од 30 метра.. Го нема Роналдо да ги дрибла и со прстот да мавта.. Го нема Виери.. Го нема Адриано.. Го нема Мартинс со неговите атракции.. Го нема ни Златан со неговите ремек голови.. Остана уште Балотели.. Кој или ќе даде некој евро гол, или ќе направи некоја провокација.. И секако Мурињо.. Кој ако не си забележал провоцира 3 пати повеќе од Балотели.. Само што за него нема жолти картони.. За него има прес, каде ретко се случува да не се расправа со некого за нешто.. Да не дофрла кон некого.. Па и кон целата фудбалска јаност во Италија..

Кој углед бе не ме дриблај сега, пола лига ја има испровоцирано :pos:
Мислам, ја го обожавам Матриксот, ама дај сега не прајте го Меси со сила... :)
Матераци важеше за груб фудбалер кој прави остри стартови!
Не дрндај сега и ти..
Во весниците пишуваа за незнам што.. Од сестрата на Зидан, до неговата мртва мајка мислам.. Така нешто..
Тоа се сосема различни работи.. И кога тоа ќе го додадеш на она првото.. Се знае што следува.. осуда од цела светска јавност.. За сепак на крај правдата да излезе на виделина.. Дека тоа била обична фудбалска провокација која немала врска нити со расизам нити со незнам што..
Едно е углед, друго е груб фудбалер! Груб е и Гатузо, али не е така понижен како Матераци!
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.567
Поени од реакции
6.696
Знаеш не е интересно ако играчите само играат фудбал и ништо друго не прават.. Не ми е Интер во овој момент интересен ако Мурињо не каже некоја провокација на прес.. Не ми е интересно ако го нема Балотели кој со прст ги замолчува навивачите на противничките клубови.. Не можи се во еден клуб да биде под ред.. Мора да има нешто плус.. За да биде интересно.. А кога се работи за Интер, тогаш има двојно од тоа.. Во пакет оделе по неколку играчи кои биле на некој начин интересни.. Го нема веќе Рекоба да дава голови од 30 метра.. Го нема Роналдо да ги дрибла и со прстот да мавта.. Го нема Виери.. Го нема Адриано.. Го нема Мартинс со неговите атракции.. Го нема ни Златан со неговите ремек голови.. Остана уште Балотели.. Кој или ќе даде некој евро гол, или ќе направи некоја провокација.. И секако Мурињо.. Кој ако не си забележал провоцира 3 пати повеќе од Балотели.. Само што за него нема жолти картони.. За него има прес, каде ретко се случува да не се расправа со некого за нешто.. Да не дофрла кон некого.. Па и кон целата фудбалска јаност во Италија..
Види пријател ја да ти објаснам нешто за тимот за кој навивам...

Прво... Интер игра физички фудбал со многу деструктивци со памет кој знаат да ја задржат топката и да ја подадат на право место во право време..не ми требааат на Мартинс салтата.Да Оба беше звер невикам не ,но кога до него ке биде некое магаре во стил на Тери нема да може да мрдне не е битно дали трча ко рис.

Второ... не се базира една игра на индивидуалци,неможеш сам се да направиш.Еве за пример Ибро,даваше голови од сегде речиси сам си ги решаваше утакмиците но тогаш на тие утакмици на гол беше Фонтана во одбрана некој Бот од киево? Па и мене да ме пуштиш може гол ке дадам :)

Tрето.. да си отидат од интер најгласните имиња и да падне во серија Ц-4 север пак ке навивам со сето срце.. лига шампиони не се освотува со името позади дресот туку со знакот пред него кога играш ке оставиш срце на терен тогаш можеш да бидеш претендент за титула во тоа наптреварување... а според мене овој е најјакиот Интер што сум го гледал досега. А го нема Ибра,Адри,и остали...
:helou:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.534
Поени од реакции
59.077
А онаа на Пандев кон Матераци имаше врска со расизам или со што???

Добра провокација е да му кажеш на притивникот нешто што ќе го извади од копачки, нешто на кое ќе наседне и ќе реагира. Пандев му кажал што му кажал и арно му кажал, да не е Матриксот цвеќе за мирисање, сигурно се гушкале цел натпревар... Сите го знаеме кој е и што е сега ти ни дрндаш тука за некој углед. Матриксот е провокатор, тоа му е составен дел од карактерот, без тоа, не би бил интересен.

Настрана тоа, од една вербална расправија помеѓу два фудбалери на терен, каде во нервоза може да се каже сешто, ти не убедуваш тука дека едниот не го сакал Интер...

Знаеме и еден што го сакаше многу Интер, ама ти нели не сакаш такви фудбалери? :smir:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
ова да не го сватите ко провокација ама матераџи знае некогаш мн добро да испровоцира а тоа го докажа и на светското првенство во германија
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
не дека се мешам ама ибра и дебелиот роналдо навистина го сакаа клубот , поготово јуда ....
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.722
Поени од реакции
6.361
Секој фудбалер што играл за интер давал најдобро од себе,али човек со срце за клубот е капитенот занети ке остане до крај на кариерата во интер,секој фудбалер кој останал до крај во тимот е факт дека му значи тимот,иначе покрај занети тука е станкович кој се глеа дека го сака клубот.
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.567
Поени од реакции
6.696
Нека полнат мрежи само... :smir:
Да даде Пандев гол против Магарињата ке се демантираат многу форумџии кој имаа коментари во стилот:

Нема да игра...
Уште не е во форма,,
Интер пацери Пандев дојди во Милан ...

и слично.

Затоа кога ми спомна нека се полнат мрежи ,баш кејф ке ми се направи ако рокне некое голче :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom