Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Е до кај сме бе.Кој е подобар нека игра,кој ги исполнува подобро задачите на Мурињо тој ќе игра.
А за тоа Пандев да оди во Интер не избравме ние навивачите туку Мурињо си го избра,а ние барем 80% од нас сме радосни за изборот на Мурињо.
Да се надеваме дека Мурињо го погодил играчот како што ги погоди сите оваа сезона.
Некои велеа без Ибра ќе сме за никаде но еве во Сериа А сме први со поголема разлика,а и во ЛШ сме во игра.
И што треба Мурињо да клекни да му го ````на Балотели човекот си има правила ако дозволи некој луд да го прави толку од Мурињо.
Ај баш објасни ми кои се тие правила кои не ги почитува.. Оти изгледа нешто не пратам сезонава.. Кои се тие правила со кои прави будала од Мурињо?
Да не случајно се пијанчи како Адриано? Или тоа што добил 2 црвени картони? Па и Снајдер доби пред некоја утакмица после која ни изедначија на 1-1, но никој не викаше по Снајдер.. Судијата бил крив.. А инаку Балотели е крив.. Или тоа што цело време заради Милито и Ето кои мораат да играат прва постава тој или седи на клупа или игра како некое офанзивно крило? За тоа ли е криво детето?
Мислам дека ако некој сега заслужува шанса после заминувањето на Ето, тоа е Балотели.. А не Пандев!
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.410
Поени од реакции
6.546
ти изгледа мижиш кога балотели провоцира.
или кога снајдер оди на топка, а балотели оди да го удри противникот откако судијата веќе свирнал.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Ај баш објасни ми кои се тие правила кои не ги почитува.. Оти изгледа нешто не пратам сезонава.. Кои се тие правила со кои прави будала од Мурињо?
Да не случајно се пијанчи како Адриано? Или тоа што добил 2 црвени картони? Па и Снајдер доби пред некоја утакмица после која ни изедначија на 1-1, но никој не викаше по Снајдер.. Судијата бил крив.. А инаку Балотели е крив.. Или тоа што цело време заради Милито и Ето кои мораат да играат прва постава тој или седи на клупа или игра како некое офанзивно крило? За тоа ли е криво детето?
Мислам дека ако некој сега заслужува шанса после заминувањето на Ето, тоа е Балотели.. А не Пандев!
Значи нема натпревар на кој Балотели не удира некој непотребен старт најчесто играчот што го фаулира е без топка. Мурињо вели дека ич не се залага на тренинзи јас му верувам не присуствувам таму за да не му верувам.
Интер значи не е градинка им дава милионски договори на деца кои летат во облаците после тоа и заборават кој биле.
Јас лично не сакам играчи како Балотели,Матераци на пример влегува на терен и се живо провоцира почитувам играчи како Камбијасо,Занети,Милито играчи кои не се почитувани само од своите навивачи.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.260
Поени од реакции
2.254
Денес седнав во нет-кафе малку да утепам време и пред да си појдам вклучив фифа07 да се потсетам на Интер од тие времиња. Се чудам сега како сме можеле тогаш да освоиме Сериа А, а камоли да се надеваме на ЛШ. Доколку меѓусебно би играле денес сегашниот Интер и Интер од 2007 би очекувал убедлива победа на деншниве. Виера како полушпиц:uvo:, гросо десно, фиго(кој едвај трчи), Дакур, Креспо како резерва напаѓач. Маикон не во втор туку во трет состав(резерва, не субституте)! Единствена светла точка што ја гледам бил нападот Адриано - Ибрахимович! И Цезар на голот секако.

П.С. Како ми стои новиот аватар?
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Кој е тој натпревар на кој Балотели добил црвен заради удар после свиреж на судијата? Ај еве ти не мижиш објасни ми..

А тоа што лесно добива жолти картони и паѓа на притисок е очигледно.. Има само 19 години.. Ако не си забележал.. Згора на тоа има и расистички навреди на негова сметка.. А само 19 години.. Замисли..
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.410
Поени од реакции
6.546
Кој е тој натпревар на кој Балотели добил црвен заради удар после свиреж на судијата? Ај еве ти не мижиш објасни ми..

А тоа што лесно добива жолти картони и паѓа на притисок е очигледно.. Има само 19 години.. Ако не си забележал.. Згора на тоа има и расистички навреди на негова сметка.. А само 19 години.. Замисли..
не беше црвен, жолт беше и на полувреме го извадија за да не стане црвен, на работ беше.
кој стаса како млад мајмун го мести, а овој будала паѓа на сите провокации.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.505
Поени од реакции
58.915
:pos:

Денешен ВЕСТ!

:pos: :pos: :pos:

Пренесете им во фан-клуб Јуве и Рома, да не се на мерак :pos:

браво за Џену!
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Абе Ибрацадабра значи само Роналдо ил Феномено јас би го пуштил да игра пред Пандев.Зошто црнчуги како Балотели уште многу ќе има во Интер во годините а македонец не знам дали ќе доживеам уште еден да игра за Интер затоа јас сега навивам да успее Пандев а не Балотели.
А мислам дека Мурињо дури може и двајцата да ги игра зошто во последно време ги играше Снајдер,Ето,Милито и Балотели сега само на место Ето ќе е Пандев.
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Јас лично не сакам играчи како Балотели,Матераци на пример влегува на терен и се живо провоцира почитувам играчи како Камбијасо,Занети,Милито играчи кои не се почитувани само од своите навивачи.
А каков Интериста си ти ако не сака играчи како Балотели и Матераци? Па тие играат со срце за Интер! Матераци беше таму на теренот кога губевме од Јувентус во првенството и од Милан во Лигата на шампиони.. Матераци никогаш не посакал да си замине од Интер.. Провоцирал? Па што? провоцираше и Златан.. Па никому ништо.. Провоцираше и Анри коа даваше голови во Арсенал и со прстот на устата ги замолчуваше противничките навивачи.. Исто провоцира и Мурињо ако не си забележал.. Па што? Тебе ти пречеле Балотели и Матераци..

А зошто од стартот бев против Пандев? Не дека е слаб играч, далеку до тоа.. Не дека имаме којзнае колку како него, напротив немаме.. Но не можам да се радувам на фудбалер кој никогаш не го сакал Интер!

http://www.goal.com/it/news/98/coppa-italia/2008/05/09/689725/materazzi-su-pandev-ho-sbagliato-ma-lui-è-in-italia-grazie

http://www.goal.com/it/news/98/coppa-italia/2008/05/08/687987/ecco-spiegato-il-fallaccio-di-materazzi-a-pandev-gli-aveva

Еве ви два линка да ве просветлат малку и спуштат на земја..
Малку се одамна.. После натпреварот Лацио - Интер.. Полуфинале куп на Италија.. Каде Интер победи со 0-2 во реваншот, Матераци поради старт врз Пандев заработи црвен картон, а овој после тоа во очи му рекол дека се надева дека Интер нема да го освои скудетото, дека само на зелена маса Интер можел да победи, дека ќе навивал за Сиена на наредниот натпревар..
Сето ова официјално го имаше во весниците, каде Марко вика дека Пандев не покажува почит кон клубот кој го донесол во Италија!
И после сите овде ми дркате на Пандев..

Реков далеку од слаб играч.. Али не да биди Македонец, не да биди мој другар или роднина.. Секој оној кој за клубот за кој навивам зборува лошо и му посакува лошо, за мене не е навивач и пријател на Интер..
А кутриот Пандев, среќа негова што судот во Италија за прв пат досуди вакво нешто во корист на играч, среќа негова што ќе лапа по 3 милиони евра од клубот на кого му посакуваше да не ја освои Серија А.. Али играчи како Пандев, Де Роси, Дел Пиеро, Недвед.. кои на некој начин биле против Интер јас не ги сакам..

Баш ме интересира како ќе биде примен од Матераци и од навивачите на Интер кои знам дека не го заборавиле ова кое јас горе го постирав.. За разлика од голем број во фан клубот Интер.. Кои така често пратат фудбал..

П.С. Другарче.. Тоа што се играчи како Занети, Балотели, Матераци, Толдо, Кордоба.. за Интер, никогаш нема да бидат Пандев, Снајдер, Милито, Ето..
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.505
Поени од реакции
58.915
Имаше некои коментари на форумите за Интер во стилот: Добро што дојде Пандев, зошто Балотели игра со 30% од силите и е подвижен црвен картон. Сите се плашат јбг, посебно на натпреварите во ЛШ каде што една глупост ќе не чини елиминација.

Посебно ме нервира кога овде на фан-клуб ќе го браниме во стилот: па добро, не мораше судијата да му даде жолт за ова... Напаѓач е, алооо! Сте виделе напаѓач што прави толку фаули од зад грб?

Значи, не ги оспорувам квалитетите на Марио знаеме сите дека е супер-талентиран. И се надевам дека ќе добива многу шанса, добра минутажа. Ама исто се надевам дека Мурињо ќе го приземји во ЛШ и ќе го користи по 30 минути маx. Другото е невиден ризик.
 

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Јас последното што го читав за Пандев беше дека Мурињо можно е да му даде некоја поповлечена улога за дуелот со Киево пошто имаме проблеми со средниот ред. Станковиќ и Мота се суспендирани а Мунтари, Камбијасо и Крин се жалеле на ситни повреди. Значи остануваме во среден ред со Занети, Снајдер, Виеира и евентуално Мансини и Кварезма кој штотуку си врати на терените. Малце сме куси па можно е да се искомбинира нешто.

Што се однесува до Балотели, никој не му го оспорува талентот но за да бидеш лидер на тимот покрај талент многу важно е да работиш напорно. Балотели воопшто не се залага кога е на терен (ептен на исклучок натпревари) си влегува во некој негов филм и сам си се мести за провокации и глупи картони. Нека одигра два три натпревари топ да даде максимум сигурен сум дека Мурињо ќе го игра во прв тим. Вака оправдано си дреме на клупа, башка тимот што победува не се менува.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Нека ви е честито засилувањето момци :smir:
За без пари подобар играч моментално неможевте да добиете. Прашање е колку ќе добива минутажа кај вас (со оглед на играчите кои ги имате во нападот) и затоа сакав да дојде кај нас (во Челзи) но што е тука е :)


Се надевам ќе ви користи после 1/8 натпревари во ЛШ, но не и тогаш :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.505
Поени од реакции
58.915
И линковите се гола вода, Пандев го испровоцирал Матрикс, голем ташак. И Матрикс му кажа нешто на Зидан за сестра му па не значи дека го мислел. Провокациите се составен дел од фудбалот, Матрикс тоа најдобро го знае.

Се надевам ќе ви користи после 1/8 натпревари во ЛШ, но не и тогаш :)
Си ме стаил во потпис, а?

Добро, добро... чек да те запишам во нотесов :pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom