Јас лично не сакам играчи како Балотели,Матераци на пример влегува на терен и се живо провоцира почитувам играчи како Камбијасо,Занети,Милито играчи кои не се почитувани само од своите навивачи.
А каков Интериста си ти ако не сака играчи како Балотели и Матераци? Па тие играат со срце за Интер! Матераци беше таму на теренот кога губевме од Јувентус во првенството и од Милан во Лигата на шампиони.. Матераци никогаш не посакал да си замине од Интер.. Провоцирал? Па што? провоцираше и Златан.. Па никому ништо.. Провоцираше и Анри коа даваше голови во Арсенал и со прстот на устата ги замолчуваше противничките навивачи.. Исто провоцира и Мурињо ако не си забележал.. Па што? Тебе ти пречеле Балотели и Матераци..
А зошто од стартот бев против Пандев? Не дека е слаб играч, далеку до тоа.. Не дека имаме којзнае колку како него, напротив немаме.. Но не можам да се радувам на фудбалер кој никогаш не го сакал Интер!
http://www.goal.com/it/news/98/coppa-italia/2008/05/09/689725/materazzi-su-pandev-ho-sbagliato-ma-lui-è-in-italia-grazie
http://www.goal.com/it/news/98/coppa-italia/2008/05/08/687987/ecco-spiegato-il-fallaccio-di-materazzi-a-pandev-gli-aveva
Еве ви два линка да ве просветлат малку и спуштат на земја..
Малку се одамна.. После натпреварот Лацио - Интер.. Полуфинале куп на Италија.. Каде Интер победи со 0-2 во реваншот, Матераци поради старт врз Пандев заработи црвен картон, а овој после тоа во очи му рекол дека се надева дека Интер нема да го освои скудетото, дека само на зелена маса Интер можел да победи, дека ќе навивал за Сиена на наредниот натпревар..
Сето ова официјално го имаше во весниците, каде Марко вика дека Пандев не покажува почит кон клубот кој го донесол во Италија!
И после сите овде ми дркате на Пандев..
Реков далеку од слаб играч.. Али не да биди Македонец, не да биди мој другар или роднина.. Секој оној кој за клубот за кој навивам зборува лошо и му посакува лошо, за мене не е навивач и пријател на Интер..
А кутриот Пандев, среќа негова што судот во Италија за прв пат досуди вакво нешто во корист на играч, среќа негова што ќе лапа по 3 милиони евра од клубот на кого му посакуваше да не ја освои Серија А.. Али играчи како Пандев, Де Роси, Дел Пиеро, Недвед.. кои на некој начин биле против Интер јас не ги сакам..
Баш ме интересира како ќе биде примен од Матераци и од навивачите на Интер кои знам дека не го заборавиле ова кое јас горе го постирав.. За разлика од голем број во фан клубот Интер.. Кои така често пратат фудбал..
П.С. Другарче.. Тоа што се играчи како Занети, Балотели, Матераци, Толдо, Кордоба.. за Интер, никогаш нема да бидат Пандев, Снајдер, Милито, Ето..