Ајде јас сум за ке заседнеме некаде ке се налокаме уз добар фудбал
Ето: Сакам да играм финале против Барса на Бернабе
Камерунскиот интернационалец, Самуел Ето најавува победа против својот поранешен клуб Барселона на утрешниот дуел и се надева дека двата тима ќе играат повторно во финалето на Бернабе
“Никогаш не сонував дека ќе сретнам со Барса, но задоволство е да се игра против нив, и среќен сум што ќе се вратам на Камп Ноу, кој е мојот дом.” – рече Ето.
“Се надевам дека овие два тима ќе се сретнат во финалето од Лигата на Шампионите на Сантијаго Бернабе.”
Ето е свесен за квалитетот на Европскиот шампион и признава дека Барса е фаворит на утрешниот дуел, но сепка верува во победа на Интер.
“Барса е најдобриот тим во светот и само малку екипи можат да ги победат. Ние можеме да го сториме тоа и имаме шанси за триумф.”
Напаѓачот потоа проговори и за неговото заминување од Барселона ова лето. Вели дека никогаш не побарал повеќе пари за да го обнови договорот и посакува да знае што значеше изјавата на Гвардиола кој рече дека продажбата на Камерунецот е само ’чувство’.
“Доколку Гвардиола вели дека сум немал чувства за клубот, тоа е негово мислење.”
“Реалноста е дека ја никогаш немав проблеми, никогаш не сум одбил нешто, за разлика од други играчи на Барселона.”
“Заминав од Барселона но клубот сеуште е во моето срце и имам многу пријатели таму со кого разговарам често. Лага е тоа што беше напишано дека имам проблем во соблекувалната.”
“Исто така беа лажни и натписите дека сум побарал повеќе пари.. се беше лага. Никогаш не побарав ништо.”
“Мојот единствен проблем сега е тоа што сеуште немам идеа што значеа заборовите на Гвардиола ’чувство’.”