Овие натпревари со Бари, Парма, и слични екипи, ќе бидат многу потешки од оние со Милан, Барселона, Јувентус или други посилни екипи од ЛШ, без разлика што ќе направиме во нив. На Интер му одговараат натпревари во кои противникот сака да се надигрува, т.е. се игра некој нормален фудбал во кој и двете екипи сакаат да победат. Многу е потешко да се разбие бункерот, ама за среќа, денес видовме дека имаме играчи и за таа работа. Фали уште Снајдер да го наштима шутот и се разбира Дејан и Камби да се вратат. Кога ќе проработат играчите од позадина и на напаѓачите ќе им биде полесно.
Балотели денес беше добар и покрај пропуштените шанси, токму од таа замена се размрдаа работите. Одлично се снаоѓа во 4-3-3.
Мислам дека Мур малку повеќе треба да ја ротира одбраната, греота е Кордоба толку да седи на клупа, ќе изгуби и форма и после ќе биде неупотреблив. Посебно за вакви натпревари може да се најде, одличен скокач е и се снаоѓа кога противникот игра со 10 играчи во 16 метри. Едвај чекам да видам како ќе изгледа истиот овој Интер + Камби, мислам дека тоа ќе биде она вистинското.