Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ајде честито нека ни е победата и вака да е во среда против Барса :vozbud:

Не бев во можност да го гледам натпреварот ама затоа вас ве имам :pipi:

Браво Ето, браво Милито...очекував гол од Снајди ама изгледа се чуват за со Барса :icon_lol:

C_3_Media_881898_immagine.jpg
 
Се држеа Парма се до голот на Ето,со 11 играчи во одбрана а јас незнам зошто Росети не го пушти и Гвидолин да игра:pos2:.

Шала на страна се очекуваше бункер,Интер победи и тоа е најважно.

Идеме на Барса!!!
 
Да мозе да се собереме негде кај што има добар телевизор на некое место ке биде добро да се собереме еднаш на ваков дуел ја сум за
 
Овие натпревари со Бари, Парма, и слични екипи, ќе бидат многу потешки од оние со Милан, Барселона, Јувентус или други посилни екипи од ЛШ, без разлика што ќе направиме во нив. На Интер му одговараат натпревари во кои противникот сака да се надигрува, т.е. се игра некој нормален фудбал во кој и двете екипи сакаат да победат. Многу е потешко да се разбие бункерот, ама за среќа, денес видовме дека имаме играчи и за таа работа. Фали уште Снајдер да го наштима шутот и се разбира Дејан и Камби да се вратат. Кога ќе проработат играчите од позадина и на напаѓачите ќе им биде полесно.

Балотели денес беше добар и покрај пропуштените шанси, токму од таа замена се размрдаа работите. Одлично се снаоѓа во 4-3-3.

Мислам дека Мур малку повеќе треба да ја ротира одбраната, греота е Кордоба толку да седи на клупа, ќе изгуби и форма и после ќе биде неупотреблив. Посебно за вакви натпревари може да се најде, одличен скокач е и се снаоѓа кога противникот игра со 10 играчи во 16 метри. Едвај чекам да видам како ќе изгледа истиот овој Интер + Камби, мислам дека тоа ќе биде она вистинското.
 
Еј ја заборавив финтата на балотели коа со ролинг ги заеба двајца фудбалери на парма сеа ми текна тоа беше потег на денот браво за него во второ полувреме се разигра интер и дадоа 2 гола
 
Најважно е што победивме против традиционално незгоден противник кој секогаш ни задавал проблеми. Парма не играше толку дефанзивно како што тресеше коментаторот играше многу дисциплинирано, и онолку колку што може со способностите на играчите.

Интер има проблем со екипи кои играат премногу дефанзивно, очекував дека со плеј ќе се решат тие работи и може има некој чекор напред во споредба со дуелот против Бари но далеку од тоа што треба да сме.

Најпрво мора да се научиме да ги користиме првите шанси што ќе ги креираме. Ми се чини до 25 минута имавме три добри прилики а не искористивме ниту една. Многу полесно ќе ни беше доколку го отворевме резултатот во тој период зошто Парма после ќе мораше да се отвори и ќе имаше многу простор за НИТРО-ЕТО.

Втор проблем што мора да го решиме во иднина е темпераментот на играчите, имаме премногу палачи во тимот, Мота, Виеира, Дејан, Камбијасо, Мунтари, прават премногу глупави фаули за жолти картони уште во првите 30 минути.

Во среда ќе добиеме прва слика за тоа какви се можностите на овој тим. Секако воопшто нема да биде пресуден момент за иднината зошто со шест нови играчи тимот има можност да напредува уште многу.

пс Пола тим треба да се огледа на Лусио како се повлекува топка кога ќе се освои. Човекот е нај луд играч во цел свет во такви моменти. Ја освојува пред шеснаесетник, шпринт и веќе за две секунди имаме ТРАНЗИЦИЈА во напад. Штета што никој не го следи и останува во напад да бидеме со него, Милито, Ето и Снајдер.
 
Благорадам Син :)

Интересна рецензија, баш ми го долови мечот во вистинска смисла на зборот, онака као да нацрта како се изиграла утакмицата. Ако има денес реприза на Телма обавезно ќе ја гледам.
Инаку, Милито, секоја чест, поискулиран гол во живот немам видено или барем не паметам во последниве години да има дадено некој онаков гол, баш мртов ладен иако во налет до него беше противнички одбранбен играч, плус од лева страна, но човекот покажа права мајсторија, смирување и шут на топка како ја кога играм ,,фудбалски тенис'' :)

П.С. Го повлекувам зборот Балотели флоп, иако пак глупо ми е што промаши чист зицер.
 
П.С. Го повлекувам зборот Балотели флоп, иако пак глупо ми е што промаши чист зицер.
сакаше мангуп да се направи ама не му успеа, требаше да си даде гол а за мајстории претходно двајца од парма ги истрча на спротивната страна со мајсторски дриблинг.

еве ја реакцијата на Мајкон кон навивачите
 
лел аватарот од тетова хахахахахахах:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
сакаше мангуп да се направи ама не му успеа, требаше да си даде гол а за мајстории претходно двајца од парма ги истрча на спротивната страна со мајсторски дриблинг.

еве ја реакцијата на Мајкон кон навивачите



Маикон потполно е во право не треба да се свири играч ако погреши во додавањето и не треба сите да изиграваат професори и да кажуваат што треба и како треба да направи овој или оној наша работа е да ги подржиме и да ги бодриме во секој натпревар.

и ја сакам точак со помошни тркала ама нема.....



Немој пак со глупиве излети пак ќе се најде некој да те заебава.
 
da ne bese takov prekrasen gol na eto baloteli tr4ebase da bide fudbaler na mecot i ako ja promasi taa sansa ama vtoro poluvreme inter so nego cvetase i igrase fudbal od druga dimenzija kakov ke igra potiv barca
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom