Еве јас ќе направам мој осврт на натпрецарот и на играта на нашите играчи:
Цезар - без многу работа го заврши натпреварот, кога требаше интервенираше како што треба.
Маикон - тројанскиот ѕид падна:wink:, но овој навистина никако да падне(и не треба). И покрај двете лесни повреди на десната нога(двапати лошо стапна) тој не престана да трча. Беше клучен играч во НАПАДОТ на Интер. А и немаше многу работа во одбраната па што ќе прави ако не се приклучи во нападот:helou:
Лусио - како што рече и коментаторот Бранко одигра за чиста 10ка. ГИ спречи малкуте излегувања од својата половина што ги имаа играчите на Парма!
Самуел - не мора да се коментира многу за дефанзивиците. И тој одлично ја заврши својата мала работа!
Сантон - И повторно чудото од дете не уверува во своите способности. Одигра добро по левата страна во одбраната и по левата крилна страна. Спречи опасност по голот на Интер по слаломот на Биабиани.
Мота - Мислам дека требаше во првото полуврме почесто да влегува во нападот. Можеше да ги искотисти своите 187см и да биде опасен по голот на млекарите. Вака беше многу пасивен.
Занети - cappo di tutti cappi. Капитен си е капитен, навикнавме на неговите добро игри, поточно го немаме видено во лошо издание.
Виера - неговите 33 години можеби почнуваат да му стануваат пречка во играта и сосема заслужено ќе ја грее клупата по враќањето на Камбиасо!
Снајдер - добро помина. најголем страв ми беше да не се повредат тој и маикон и не се случија и двете. Очекував од него подоби слободни удари, но и денешниот и двата против Милан завршија во живиот ѕид. Сепак одигра за 10ка.
Милито - не се покажа ни во првото ни во второто полувреме, една од полошите негови утакмици, но сепак се извади со постигнатиот гол. Очекував од него подобра игра со оглед на тоа што не настапуваше за Аргентина мината недела и беше одморен.
Ето - а што друго може да се каже за него после оној гол. Браво мајсторе. Само така и со каталонциве, да видат каква грешка имаат направено. Кондиционо е доста спремен Ето, може да истрча уште 90 минути!
Замени:
Балотели - убаво го одигра второто полувреме, само се посрамоти во 92 минута кога сам не можеше да го совлада Миранте. Внесе живост во играта на Интер по неговото влегување. Интересно ми беше тоа што го имаше и на левата и на десната страна(една акција беше лево во наредната десно).
Крхин - и ова дете има потенцијал во него. со само 19 години веќе се гледа неговата фудбалска големина иако одигра само 10 минути.
Мунтари - се врати од рамазанскиот пост, го замени Виера на 20 минути до крајот и може да се очекува тој да биде стартер наместо Виера во среда, доколку нормално не се врати Камбиасо дотогаш.
Бранко Илиевски - солиден натпревар за него. и фалеше играчите на Интер цело време(мора да го опоменеме да внимава да не ги разгали:helou
Иако делувавме некако немоќно се до постигнувањето на првиот гол, ќе речам дека каква што беше ситуацијата Парма беше потежок(не посилен) противник од Барселона. Постојано имаше по 5 свои играчи во својот шеснаесетник, па дури и кога тие беа во напад, а кога ние бевме во напад сите играчи беа во својот шеснаесетник. Тешко да постигнеш гол против ваква кукваичка игра. Да напоменам и дека не играа Станкович, Камбиасо, Киву, Кварезма......
Се на се мислам дека сме сосема подготвени за нашиот следен натпревар против Барселона веќе во среда. Мислам дека сега тие се во подредена позиција.
AMALA!