Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Massimo Moratti

engin90
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
156
Не измачија многу маме им јебем . Победи Мурињо . Добри измени , Виера неможам да го замислам еј ко ке видам дека игра притисокот ми се крева . Цела игра ни ја кочи . Балотели од како влезе се отвори играта незнам кое дрво гледате , е сеа шо промаши сам пред гол тое е друго . Ето секоја чест како добро пласирано .. Милито денеска потфрли незнам што му беше , но добро и тој си стави мајсторско голче каков осет има ... Важна победа .. Форца Интер !! Заборајв да пиша , Маикон ме пресмеа ееј хахахха како им се смешкаше на Лусио и Панучи ..
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.043
Поени од реакции
1.169
Aко ако, коа ке го крене носот, Мур само му пушта видео од втори 45 мин и му вика, Мали, сигурен си ?
НЕ се сомневам во Мурињо...

Само не знам шо му беше денес толку нервозен го немам видено.

А најкомична ситуација финишот на натпреварот. Се расправаат Лусио и Панучи а од позади им се смее Маикон :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Мал :eek:ftopic:

Пандев да ги промашеше оние зицери од Балотели што плукање ќе паднеше на форумов :pos2:
Е, старите добри времиња кога Роналдо ќе излезеше пред голман... одма на семафор се внесуваше резултатот уште не шутната топката :pos2:

Енивеј, денес само Милито не беше на ниво, но голгетер си е голгетер. Сакам на Снајдер да му тргне шутот ќе му се зголеми самодовербата само да го скрши мразот. Се прави добро ама не е прецизен, плус една фантастична одбрана имаше голманот на Парма во прво полувреме, чист гол извади.

Голот на Ето одличен, откако Иниеста го помина пола терен со топката, додаде до Чави, а Чави во празно го проигра Ето.

И уште за Маикон: незнам дали повредата беше толку сериозна колку што се грчеше на два пати, па се чудев зошто Мурињо не го вади. После на крај Маикон се смееше со Панучи... Изгледа дека е и едно и друго: Повредата беше сериозна, ама и Маикон е :zver:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.197
На моментот со Маикон, Панучи и Лусио умирав . А кога сме кај Маикон, 10 пати свитка нога бе ѕверот а изигра 90 минути, абе у ПМ нек иде што машина ке беше .
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Еве јас ќе направам мој осврт на натпрецарот и на играта на нашите играчи:

Цезар - без многу работа го заврши натпреварот, кога требаше интервенираше како што треба.

Маикон - тројанскиот ѕид падна:wink:, но овој навистина никако да падне(и не треба). И покрај двете лесни повреди на десната нога(двапати лошо стапна) тој не престана да трча. Беше клучен играч во НАПАДОТ на Интер. А и немаше многу работа во одбраната па што ќе прави ако не се приклучи во нападот:helou:

Лусио - како што рече и коментаторот Бранко одигра за чиста 10ка. ГИ спречи малкуте излегувања од својата половина што ги имаа играчите на Парма!

Самуел - не мора да се коментира многу за дефанзивиците. И тој одлично ја заврши својата мала работа!

Сантон - И повторно чудото од дете не уверува во своите способности. Одигра добро по левата страна во одбраната и по левата крилна страна. Спречи опасност по голот на Интер по слаломот на Биабиани.

Мота - Мислам дека требаше во првото полуврме почесто да влегува во нападот. Можеше да ги искотисти своите 187см и да биде опасен по голот на млекарите. Вака беше многу пасивен.

Занети - cappo di tutti cappi. Капитен си е капитен, навикнавме на неговите добро игри, поточно го немаме видено во лошо издание.

Виера - неговите 33 години можеби почнуваат да му стануваат пречка во играта и сосема заслужено ќе ја грее клупата по враќањето на Камбиасо!

Снајдер - добро помина. најголем страв ми беше да не се повредат тој и маикон и не се случија и двете. Очекував од него подоби слободни удари, но и денешниот и двата против Милан завршија во живиот ѕид. Сепак одигра за 10ка.

Милито - не се покажа ни во првото ни во второто полувреме, една од полошите негови утакмици, но сепак се извади со постигнатиот гол. Очекував од него подобра игра со оглед на тоа што не настапуваше за Аргентина мината недела и беше одморен.

Ето - а што друго може да се каже за него после оној гол. Браво мајсторе. Само така и со каталонциве, да видат каква грешка имаат направено. Кондиционо е доста спремен Ето, може да истрча уште 90 минути!

Замени:

Балотели - убаво го одигра второто полувреме, само се посрамоти во 92 минута кога сам не можеше да го совлада Миранте. Внесе живост во играта на Интер по неговото влегување. Интересно ми беше тоа што го имаше и на левата и на десната страна(една акција беше лево во наредната десно).

Крхин - и ова дете има потенцијал во него. со само 19 години веќе се гледа неговата фудбалска големина иако одигра само 10 минути.

Мунтари - се врати од рамазанскиот пост, го замени Виера на 20 минути до крајот и може да се очекува тој да биде стартер наместо Виера во среда, доколку нормално не се врати Камбиасо дотогаш.

Бранко Илиевски - солиден натпревар за него. и фалеше играчите на Интер цело време(мора да го опоменеме да внимава да не ги разгали:helou:)

Иако делувавме некако немоќно се до постигнувањето на првиот гол, ќе речам дека каква што беше ситуацијата Парма беше потежок(не посилен) противник од Барселона. Постојано имаше по 5 свои играчи во својот шеснаесетник, па дури и кога тие беа во напад, а кога ние бевме во напад сите играчи беа во својот шеснаесетник. Тешко да постигнеш гол против ваква кукваичка игра. Да напоменам и дека не играа Станкович, Камбиасо, Киву, Кварезма......

Се на се мислам дека сме сосема подготвени за нашиот следен натпревар против Барселона веќе во среда. Мислам дека сега тие се во подредена позиција.

AMALA!
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Честито победа.:helou:

Интересно беше на крајот кога се караа Лусио и Панучи,а Маикон се смееше...:pos:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.750
Поени од реакции
6.484
балотели коа влезе се разигра интер затоа и дадовме 2 гола маикон добро изигра исто и занети,малце ме разочара милито али се идвади со голот сепак ке го видиме интер во среда со барса колку е јак
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
Мал :eek:ftopic:

Пандев да ги промашеше оние зицери од Балотели што плукање ќе паднеше на форумов :pos2:
Е, старите добри времиња кога Роналдо ќе излезеше пред голман... одма на семафор се внесуваше резултатот уште не шутната топката :pos2:

Да да, Деко најдобро знае за тоа :pos:
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Најпрво честитки за победата и двата прекрасни голови.
Тешко ни оди некако со скршувањето на отпорот на помаливе екипи кои ни гостуваат. Треба да се поработи на тоа. Со Златан предноста беше што тој доста често излегуваше надвор и навлекуваше 2-3 играчи, па имаше простор за останатите. Ето треба да поработи на тоа. Повеќе да се извлекува.. Инаку страшен гол! Ќе видиме како ќе ни оди на гости веќе наредната утакмица, каде послабите екипи не размислуваат само на одбрана..
Незнам што ви пречи Виеира. Човекот има задача да го спречи секој напад и акција организирана од средниот ред на Парма. Мислам дека доста добро го изведе тоа. И доста е добар во воздушни дуели. Е сега што сте нервозни кога не ни оди тоа е ваша работа..
Инаку најмногу сум задоволен од одбраната.. Со исклучок на киксот против Бари делуваме како некој непробоен ѕид. Очекувам потврда на истото и во среда, каде ќе бидеме ставени на најголем испит во последните 3-4 години..
Сега дојде време за Барселона..
Честитки уште еднаш!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.197
Што е работата ? :)
Работата е тоа што Милито згреши при пас до Маикон и публиката реагираше, а Маикон се наљути на таквата реакција и бараше аплаузи без оглед на Се, сепак, навивачите се тука да помогнат, а не да одмогнат, макар и некој погрешил . Капитенски потег од негова страна, секоја чест !
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.197
А спомна некој дека црнчето што ни шина во неколку наврати одбрана, Џонатан Биабиaни, е всушност играч на Интер ? :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom