Ова од Спорт Денес, чисто за да го прочитате и за малку дискусија. Ова за да не ми реплицира некој, не е мој текстот, и не се согласувам (со се). Текстот е постар, сега го објавуваат повторно (ако разбрав добро). И линкче ви оставив:
Жозе Мурињо и Златан Ибрахимовиќ се најплатените луѓе во Интер, а воедно и помеѓу најплатените во фудбалскиот свет. Оваа година ја освоија италијанската лига но дали објективно заслужуваат толку пари?
Еден од најголемите трансфери во Италија за минатото лето сигурно беше доаѓањето на Жозе Мурињо на клупата на Интер. Португалецот беше доведен со само една цел -
освојување на Лигата на Шампиони. Нормално дека Интер го посакуваше и првенството, но поважно им беше да го вратат европскиот трофеј во своите витрини по цели 44 години.
Морати мислеше дека оваа мисија може да ја извши само Мурињо со оглед на тоа дека
Роберто Манчини беше многу далеку од тоа.
Учинок во Првенството
Интер оваа сезона ја освои четвртата титула по ред, три кола пред крајот на првенството. Освоија вкупно 84 поени, еден помалце од минатата година. Вистина дека минатата година го освоија насловот во последното коло но Манчини во својот прв освоен триумф со Интер пред две сезони беше далеку подобар од Португалецот со рекордни 97 поени, а и Мурињо оваа година имаше четири порази од друга страна Манчини имаше еден и три во претходните две сезони.
Според ова ако добро го погледниме составот на Интер и составите на нивните овогодишни противници, би било потешко за Интер да не го освои, отколку да биде шампион на Калчото. Триумфот во првенството ги наведе навивачите на Интер да заборават на дебаклот од Лигата на Шампионите а пред почетокот на сезоната самите тие изјавуваа дека подобро да го изгубат шампионатот а да победат во Лигата на Шампиони.
Лига на Шампиони
Ако во првенството „Специјалистот“ не постигна ништо спектакуларно, но барем го освои тоа што беше за очекување да се освои, во Лигата на Шампионите помина многу лошо. Интер беше во банална група со
Вердер Анархозис и Панатинаикос, противици кои
Нероазурите требаа да ги мачакаат како путер на леб.
Сепак, Мурињо не успеа својата екипа да ја доведе до првата позиција на табелата. Играа неодлучно со Кипрјаните, изгубија дома од Грците и на крај забележаа две победи, две ремија и два порази што беше доволно само за второто место.
Португалецот после тоа изјави дека го сака Манчестер во осминафиналето и како казна за екипата - го доби. Но, Интер ни малце не му беше рамен на Англичаните. Црвените Ѓаволи релативно лесно го поминаа Интер кој по принцип испадна без постигнат погодок.
Алекс Фергусон во потполност го надмудри помладиот колега.
Мурињо ден пред ревашн натпреварот ноншалантно изјави дека идниот ден без разлика на резултатот они ќе имаат сосема нормален тренинг и дека исходот од натпреварот нема да смени ништо. Од човек кој дошол со една цел а тоа е да ја освои Лигата на Шампиони се очекуваше да се слушне борбеност и желба за триумф.
Играчи
Португалецот во Интер ги донесе
Мунтари, Манчини и Кварезма. Мунтари се покажа како полн погодок, добро играше и стана незаменлив во неговата екипа. Манчини играше малку и не покажа многу кога беше во игра.
Што се однесува до Кварезма, тој е единствениот играч кој Мурињо го побара од Морати а овој го плати скапо за да ги задоволи желбите на својот тренер. На крај испадна дека Кварезма е огромно промашување.
Во 13 настапи не покажа ништо, а зимоска се пресели во Челзи каде што исто така не покажа ништо. Треба да се признае дека Мурињо го смири Балотели и го користеше точно колку што треба. Освен тоа најголама работа која ја направи Мурињо минатата година е ставањето на
Сантон во првиот состав.
Младиот Италијанин се покажа како најголемо изненадување во овогодинешната Сериа А и даде до знаење дека идната сезона може да стане еден од најголемите одбранбени играчи на светот, а многумина го сметаат како наследник на Паоло Малдини.
Игра
Интер во ниту еден момент не играше фудбал за уживање. Манчини беше критикуван бидејќи неговиот Интер не играше атрактивен фудбал. Интер на Мурињо по атрактивност играше на исто ниво како претходно. Доколку грдата игра донесеше резулати би било ОК, но како што гледате не донесе ниту тоа.
Кога зборуваме за играта на Интер посебно доаѓа на видик еден дел. Мурињо не успеа да пронајде адекватна тактика за својот состав. Човекот кој сам изјави дека во Порто и Челзи користел само две различни формации во сите сезони поминати во тие два клуба, успеа да промени дури шест тактички постави за само една сезона во Италија.
За тоа како играл неговиот Интер доволно говори фактот дека некој негови изјави, со кои ги забавуваше италијанските медиуми, беа поинтересни него ли играта на неговиот состав.
Плата
Мурињо според бројките не заработува повеќе од Манчини, но Португалецот дојде со јасна цел, освојување на ЛШ. Доколку се работи за нормален клуб и нормални луѓе Морати би ја смалил платата на Муриљо, или барем би го опоменал со оглед дека од главната цел не испадна ништо.
Но, тоа не е случај во Интер. Мурињо не само што несака да признае дека згрешил туку и дава фамозни изјави од типот:
„99.9% останувам во Интер, а тоа што остана е за Реал Мадрид“ со оваа изјава го натера
Морати да му ја зголеми платата. Така од 9 милиони евра премина на 10. Но тоа се официјалните бројки. Мурињо во текот на сезоната изјави дека тој заработува 11 милиони и со спонзорите доаѓа до 14, што би значело дека овие цифри сега се уште поголеми.
Во глобалната криза овие бројки се загрижувачки, да се работи за тренер кои освои се, како на пример
Пеп Гуардиола, да се оправдани парите ама Мурињо не освои ништо, освен Калчото, па е логично да се запрашаме - со што тој ги заслужува парите?
Втор човек кој се смета за клучен во Интер е Златан Ибрахимовиќ, но и за него требе да се запрашаме дали е тоа сварно така. Ибрахимовиќ со Јуве освои два наслова првак на Италија а со Интер веќе три.
Првенство
Во првенството Швеѓанецот беше многу важен минатата година во Парма сам му ја донесе титулата на Интер а и оваа итекако му помагаше на тимот и со
25 погодоци беше прв голгетер во Сериа А. Сепак освен во првенството Златан не покажа ништо на интернационална сцена. Често е себичен а уште почесто форсира акција која е контрапродуктивна. Но во првенстово дава голови и помага, па се чини големиата на Ибра во Италија доаѓа на израз поради слабите одбранбени играчи на противниците. За разлика од Италија во европа тимовите имаат подобри одбрани па Златан не постигнува голови.
Лига на Шампиони
Ибрахимовиќ во ЛШ има играно шест пати.
Еднаш со Ајакс, два пати со Јуве и три со Интер. Често пати беше просечен, а кога бил од корист за тимот во главно тоа биле некои неважни натпревари во групата.
Во елиминациските фази само еднаш има одиграно добар натпревар. Тоа беше во сезоната 2006./07 со Интер, кога во првиот натпревар со Валенсија направи многу проблеми за шпанската одбрана иако не постигна гол ниту пак имаше асистенции. Сепак успеа да се оцрни за тој еден добар натпревар во реваншот во Валенсија каде што не направи ама апсолутно ништо.
Златан би требело да биде голгетер и со своите голови да ја извлекува екипата од тешките моменти, но на него во Европа тоа никогаш не му пошло од нога. Неретко се занесува во потрагата по акција или за особена слава, но кога требе да игра против големите противници, Ибрахимовиќ го нема никаде и воглавно е крисен за противниците а не за соиграчите.
Во Ајакс беше корисен, постигна седум голови во две сезони и сите можеме да ги рачунаме како важни. Но, откако стана ѕвезда и дојде во Интер работите се променија.
Во пет италијански сезона постигна вкупно 9 погодоци, сите во групите, никогаш не постигнал гол во елиминациските фази. Од тие девет само четири би можеле да ги рачунаме како важни за поени и само два (и двата во последните моменти на натпреварите донесоа водство на Интер од 1:2) се постигнати против екипи од најдобрите пет европски лиги.
Плата
Златан Ибрахимовиќ заработува околу
12 милиони евра годишно, а од оваа сезона неколку пати изјави дека е спремен да замине бидејќи бара нови предизвици и дека во Италија има освоено се. Очигледно не му поминува низ мозокот дека негов предизвик е да ја освои Лигата на Шампионите со Интер и дека тој би требело да биде клучен на тоа поле.
Што е најжално, со оглед на неговата некорисност во Европа, Челниците на Интер дури и се трудат да го задржат, а со парите кои би ги добиле од неговата продажба би можеле да ангажираат млад и талентиран напаѓач кој е желен да се докажува и покажува добри игри.
Скапи против Корисни
Гледајќи ги овие податоци тешко е да кажеме дека овие двајца заслужуваат толку пари и репутација која ги следи. Мурињо со ништо не не’ импресионираше и во никој случај не заслужува толкава плата, а за покачување воопшто и не станува збор.
Тренерот кој се смета за најдобар во Европа со многу добра екипа не успеа да ги совлада некои од просечните европски екипи, а што е најжално не успеа да и даде особен изглед на екипата. Морати ги добиваше истите овие резултати и од Манчини само што плаќаше помалце пари.
Ибрахимовиќ од друга страна му помогна на Интер да ги освои трите шампионски титули по ред во Калчото, но во Европа никогаш не беше конкретен. После се што Интер има направено за него тој цела сезона ја помина во зборењето дека сака да замине. Во таква ситуација Интер не можеше да очекува ништо подобро од интересот на Барса за Швеѓанецот.
Доколку го споредиме со
Лео Меси, Кристијано Роналдо или Кака, сите тројца активно помагаа на своите екипи во освојувањето на Лигата на Шампионите и беа поконкретни.
Најдобро нешто што може да го направи Интер во овој момент е да го продаде Златан и со парите да купи играч кој нема да заработува толку многу и нема познато име но ќе се потруди да помогне на екипата, додека пак Каталонците лесно би можеле да се најдат во ситуација да мораат да размислат што им требело да го земаат Златан Ибрахимовиќ во своите редови.