Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 октомври 2008
Мислења
1.046
Поени од реакции
35
Честитки нова тема:smir:
За утакмицава
1.Мурињо згреши што го стави Ривас да игра во прва постава.
2.Адриано беше изгубен,не знаеше на кај тера.
3.ибра наместо голој да дава овие како плејмејкер го користеа.наместо да се трудат да направат гол овие го бараа ибра само.
4.мунтари во нападот ама ич не беше корисен а и во одбранава подфрли.
5.сантон изигра добро против роналдо ,но ниту еден асолен центаршут не упати(и никој друг не упати убав центаршут)
6.нашиве играа како исплашени.наместо да напагаат овие се плашеа и се бранеа(прво полувреме).
СЕ ПРАШУВАМ ,сега нерешено на домашен (со ослабен манчестер).Што ќе биде на ОТ кога освен публиката ке го имаат и видич и руни??
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Анализа на натпреварот Интер - Манчестер

Најпрво честитки до играчите на двата тима, бидејки во еден натпревар во 1/8 финале во лигата на шампионите да створиш толку многу шанси, а да не примиш гол, односно да не падниш психички ни од едната ни од другата.. стварно немам зборови.. дуел на гигантите.. како што би рекле некои медиуми..
Е сега да ви кажам зошто мислам дека двете екипи одиграа 50-50, иако, велам иако, Манчестер имаше повеќе шанси.. односно поконкретни..
Се секавате ли на онаа изјава на Мурињо пред натпреварот кога рече дека Фергусон во Милано ќе игра со променет состав, едноставно нема да оди на победа.. и притоа Фергусон му врати преку медиумите дека Жозе доволно го познава Манчестер и знае дека на секој натпревар оди на победа.. е другари мои.. тука е разликата меѓу овие два менаџери.. кога Жозе оди на победа тоа го прави со два напаѓачи во тимот, а додека Фергусон стави еден напаѓач, но неговата филозофија беше да се добие таа победа или тој толку посакуван гол во гости преку контранападите на Роналдо, неговите слободни удари, и некоја корнер или прекин ситуација..
(бидејки видовме дека Бербатов сам во нападот беше отсечен)
И сега оние незнајковци, односно мали деца по форумов ке речат Манчестер ја имаше топката, Интер беше надигран.. да така беше.. но Манчестер играше во средината со пет играчи, додека Интер играше со двајца напаѓачи, а филозофијата на двајцата беше најпрво да не се прими гол, потоа да се мисли на противничкиот..
И нормално, Интер како домаќин, мораше да ја брка таа победа, бидејки сепак домашен терен си е домашен, Олд Трафорд не е исто како Меаца..
Е сега што имаме.. за оние што немаат познавање од фудбал и ке речат сега Интер ке помини како Рома пред две години, ке прими 3-4 гола, ке им кажам дека сега имаме сосема спротивна ситуација..
Сега на другиот натпревар Интер го брка тој фамозен гол, и јас ве уверувам и сум 90 % сигурен дека Мурињо ке излези со средина во која ке играат пет играчи.. а Ибрахимович ке биде сам во нападот..
Е сега прашање е како ке реагира фергусон, дали тој ке ги стави двајцата напаѓачи, па кога ке го има Интер поседот на топката да дојде некое дете и да ви рече.. ве надигравме..
Сега од лошо за Интер дојде добро, бидејки утакмицата почнува со 0-0, а секој наш постигнат гол, без разлика дали ке биде од акција, слободен удар, корнер.. или незнам што.. Манчестер ке мора да го врати со два постигнати.. а тоа не е мала работа..
Сепак заклучок.. ова е дуел на две цврсти екипи, дуел на два шампиони од различни земји, дуел на два гиганти како што кажав погоре, за жал во 1/4 финалето има место само за еден..
Сега очекувам некоја прес конференција на Мурињо, после овој натпревар, или пред оној на Олд Трафорд, во која во ист стил како Фергусон пред овој ке рече..
Нашата мисија во Англија е да се постигне гол!
Да не заборавам да ги нагласам неколкуте судиски грешки, пред се офсајдот на Златан, кој не постоеше, играта со рака на Евра која директно влијаеше на центаршутот, и многуте досудени фаули над англиските фудбалери, за кои доколку бидат досудени на еден англиски натпревар, тој судија ке го избркаат од Премиер Лигата!!
Не очекува тежок натпревар, како и нас од Интер, така и нив..

П.С. Прашање до сите Интеристи: Која ви беше првата мисла кога видовте дека Мурињо става двајца напаѓачи одеднаш, во моменти кога сите би помислиле дека двете екипи ке се затворат и ке ја привршат утакмицата со резултат 0-0... ???
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.891
Поени од реакции
44.772
Jeбига, сите го сакате Адри, и мене ми е еден од омилените, али на Ибра му треба некој универзален партнер, до вчера незнаев што да одговорам за Агуеро само поради враќањето на Императорот, но денес, со раширени раце би го пречекал во Интер, и него и Диего .

Мунтари заедно со Камби НЕ ! И двајцата се деструктивци и црниот нема ама баш никаков удел во нападот, затоа и Интер не се толку опасни, цела офанзивна игра во средниот ред зависи од Дејо па и Занети, а да се потпреш на нив тешко .
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.578
Поени од реакции
6.284
браво за вовед на новата тема според мене секој вовед би требало да изгледа токму вака:smir:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.176
Поени од реакции
106
Muntari izguben na celo, Rivas katastrofa. Krstete se na Cezar, ve spasi vecerva.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
П.С. Прашање до сите Интеристи: Која ви беше првата мисла кога видовте дека Мурињо става двајца напаѓачи одеднаш, во моменти кога сите би помислиле дека двете екипи ке се затворат и ке ја привршат утакмицата со резултат 0-0... ???
Првата мисла ми беше дека е типично за него.
Втората дека ќе доиграме со 2 играчи помалку.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Ехх, сигурен си дека сите шанси ги напраил ? Гигс две шанси сам си создаде кои беа и најсериозни, не ми текнува на некоја друга шанса што Рони ја креирал . Не реков дека играл лошо, напротив, али имаше подобри од него . . . . на пример Гигс . :toe:

Ако се лажеме, Рони им беше најбољи, мада, стварно непотребен муабет :) .
Па освен едно 3-4 одлични слободни удари и ударот со глава од 10 метра и мене не ми текнува друго. Според мене шансите Гигс што ги имаше МОРАШЕ да бидат реализирани и не смееше играч од негов калибар да го промаши тоа што го промаши. :smir:
 
G

Gray Foxx

Гостин
Ништо од тој гол што ако треба со ташаци ке го примиме а Ибракадабра??? Па и една сто процентна шанса на натпреварот во кој како домаќин според тебе ке не покакавте со 3-0 конечен резултат.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
9.429
Ајде прво да ви честитам новата тема.
За мечот, мислам дека ова беше најреален исход, иако имавме ние неколку 100% шанси што не ги искористивме,но што е тука е.Меч без многу контроверзии беше најважно.Спортски поздрав!
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.571
Поени од реакции
6.701
Па освен едно 3-4 одлични слободни удари и ударот со глава од 10 метра и мене не ми текнува друго. Според мене шансите Гигс што ги имаше МОРАШЕ да бидат реализирани и не смееше играч од негов калибар да го промаши тоа што го промаши. :smir:
Роки за постовиве кој ги пишуеш има посебна тема,,,се вика Лига на Шампиони :smir:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Првите 3-4 шанси беа на Роналдо,а после тоа гигс имаше неколку шанси.Ама вие крстете се на Цезар човекот е ЗВЕР шо се не фати алал нека му е.Ама морам да кажам најслаб денеска Мунтари.Човекот како да незнаеше кај се наоѓа.А и Адриано немаше среќа ако ви текнува на првата шанса негова кога ја шутна ама топкава у другата нога му удри.Таа мислам дека ќе беше чист гол.Али ок у прво полурвеме да го немавте Цезар 3-0 ќе губеше Интер.
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Ништо од тој гол што ако треба со ташаци ке го примиме а Ибракадабра??? Па и една сто процентна шанса на натпреварот во кој како домаќин според тебе ке не покакавте со 3-0 конечен резултат.
Прво, зборувавме за Манчестер во кој играат Флечер, Евра и Гибсон во одбраната.. а не за оваа одбрана.. второ.. вие игравте преку контрите на Роналдо, неговите слободни удари, и поседот кој го имавте благодарение на формацијата со пет играчи во средниот ред.. не ми мешај баби и жаби.. ке се видиме на реваншот каде очекувам Мурињо да игра во ваш стил, а вие да бркате победа..
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.891
Поени од реакции
44.772
Па освен едно 3-4 одлични слободни удари и ударот со глава од 10 метра и мене не ми текнува друго. Според мене шансите Гигс што ги имаше МОРАШЕ да бидат реализирани и не смееше играч од негов калибар да го промаши тоа што го промаши. :smir:
Слободните беа локум за Цезар, башка, тоа е мртва игра, дај му на Еванс слободен може ке погоди во рамки од голот, зборам за ситуација кога се играше на теренот, а не кога се изведуваа корнери или слободни удари .
Кај Јунајтед једино Берба разочара, многу незаинтересирано играше, другите освен ОуШи беа стандард .

п.с. Се е кажано во постот на Ibracadabra .
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.578
Поени од реакции
6.284
абе роналдо и цезар беа игра4и на натпреваро.цезар одбрани буквално се,додека роналдо беше нај опасен наш играч многу шанси имаше и оној пас кога парк беше кус за малку :toe:
 
Член од
30 октомври 2008
Мислења
1.046
Поени од реакции
35
Лошово во манчестер според мене е ова-ние мора да постигнеме гол ама и самите видовте на утакмицава,кога се подотвораме малце и роналдо во контра е тешко да се запри!!!и башка тоа не се игра вака,да му се препушта играта на противникот а во одбраната ривас да го имаш.она па коњон ко влезе сите ги испокрши(ХУЛК)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom