Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Massimo Moratti

engin90
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
156
Честитки за новава тема , Адриано супер вовед :smir:
Да даде Господ многу да се радуваме овде, АМИН!
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Прво честитки за новата тема, да ја исполниме со коментирање на успеси. Одлично сте ја средиле!

Посакувам да не ни ја валкаат спамери и билдачи на постови, со непотребни коментари.

Forza Inter!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
После мизерното полувреме второто веќе личеше на фудбал, поготово првите 20-25 минути од второто кога доминиравме на цел терен. Штета што многу порано не ја наметнавме таа игра. Сепак ни фали плејмејкер, туку тоа јасно ни е на сите нема што да го повторуваме.

Ривас не се снајде а од каде му дојде идејата на Мурињо да го извади Кордоба и да го стави Ривас стварно не ми е јасно. Добро е што си ја поправи грешката на полувреме, инаку скапо ќе ја платевме. Се надевам дека ќе го имаме Самуел за реваншот.

Мунтари исто така беше изгубен во просторот, барем кога ќе дојде во позиција да нафрли еден центаршут, а тој секоја топка ја дува во облаци. И таа работа ја увиде Мурињо и го извади. Но тука мислам дека не ни требаа 3 шпица кои потоа не ги видовме, туку играч кој ќе уфрла топки во 16-кот, па можеше да го пушти дедо Фиго по десна. Таму и најмногу проаѓаа во текот на натпреварот, ама ништо не се искористи. Ни требаат играчи кои ќе уфрлаат по страничните позиции а не Ибра да се извлекува цело време, тој ни треба поблиску до голот.

Ако играме на Олд Трафорд како во првото полувреме лошо ни се пишува, но второто ми даде надеж дека се уште не е завршено. 0-0 не е лош резултат, но ќе мора да ја затресеме мрежата еднаш.

За судењето не ми се коментира многу, знаевме за фраеров кој судеше, дискутиравме и пред натпреварот. Се на се, свирна барем 2-3 слободни удари кои се полу-пенали за Роналдо и два офсајди кои немаа врска, од кои едниот беше 100% шанса за Ибра. И еден куп фаули кои ни Стиви Вондер не би ги досудил.

Со тоа не сакам да омаловажувам ништо, Манчестер во целост беше подобар противник, посебно во првото полувреме кога тотално не надигра. Ние имавме 30-тина минути од вториот дел, кои се надевам дека ќе ги повториме и продолжиме на Олд Трафорд. Иако ништо не е завршено, сега Манчестер и дефинитивно е фаворит.
 

Mikky

Интераш
Член од
23 октомври 2008
Мислења
210
Поени од реакции
19
Еве и мој коментар за првиов натпревар. Може да се подели во неколку категории.

1. Камбијасо и Цезар играат моментално во животна форма!
2. Потапа натпревар на Маикон немам гледано (Парк фластер, ниеден добар центаршут)
3. Овој Еванс игра како да има 10 години искуство (без грешка! Сите муабети околу повреда најверојатно беше фарса!)
4. Адријано се испоплетка со топката (Шанса со која требаше да победиме на "италјански" начин)
5. Не е крив Мурињо. Човекот може имаше грешки ама како што кажа колега на форумов ќе се поправи сигурно.
6. Вакви натпревари ги решаваат играчи од сенка!!! (Пак ке напоменам, главната причина за слабата игра лежи кај Самуел или Матераци)

0-0 и не е толку лош резултат :jaj:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.891
Поени од реакции
44.771
Syn,не е провокација ама ....Кој беа играчите што ќе му одржеа лекција на Кристиано?:back:
А извини, шо напраи толку посебно Рони на овој меч, имаше една шанса од мртва игра ( корнер ), имаше многу подобри во Јунајтед од него, али тоа шо дркаш на К.Р. и што го праиш синоним за Јунајтед е твоја детска ствар . :toe:
 
А

Адриано

Гостин
Сантон убаво го јадеше роналдо на моменти и цезар фати се што можеше да се фати! Убедливо Цезар Беше најдобар кај нас а Мунтари најслаб.
Кристијано кај манчестер најдобар Џон О'шеј најслаб.
поздрав до сите и убав провод на темава се надевам дека ке отвориме многу овакви!


п.с.Сите ме фалите едно зеленко не дадовте бу педери едни :D:D
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
А извини, шо напраи толку посебно Рони на овој меч, имаше една шанса од мртва игра ( корнер ), имаше многу подобри во Јунајтед од него, али тоа шо дркаш на К.Р. и што го праиш синоним за Јунајтед е твоја детска ствар . :toe:
Кики ги имаше скоро сите 99% шанси за Ман. така да не сум сигурен дали не направил ништо...
Чиста среќа беше што не влезе слободниот на крај!


п.с. Честитки за новата тема! :smir:
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Коментар за утакмицава:

...одам да си манам шамар, еден ладен туш и да си легнам. Утре треба да одам на факс, пеш. Изнервиран, депримиран и понижен сум.
 

Слепо Црево

Оџачар Грла
Член од
26 мај 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
223
Ајде честито нека ни е новава тема. Иначе за играта лошо прво полувреме второто се подобривме ама резултатот остана 0-0 , не е се толку црно и на ОТ имаме шанси и се надевам дека ќе поминеме во следната фаза.

IN MOURINHO WE TRUST :cuc::cuc:
 
Член од
21 мај 2006
Мислења
428
Поени од реакции
6
Баш екстра резултат :smir: Интер ќе оди понатаму по стариот педерски италијански начин! :vozbud:
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.571
Поени од реакции
6.701
Честито новата тема :smir:

Интересен беше натпреварот со Манчестер можеби имаа иницијатива во првото полувреме и шанси за гол али Ѕверот Хулио Цезар демантираше гол за манчестер....Браво мајсторе!!!!

Вториот дел Хозе направи некоја магина во соблекувалната и манчестер ги забивме до ван дер сар и имаше неколку шанси за гол но за жал не беа искористени....

Истотака презадоволен сум од Сантон,18 годишен мали мрав да го чува кристијано предерино така добро? Ова е дијамантот на Интер!

Се на се добра утамица и се надевам дека ке направиме добар резултат во Манчестер и ке идеме понатаму...Поздрав:smir:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Коментар за утакмицава:

...одам да си манам шамар, еден ладен туш и да си легнам. Утре треба да одам на факс, пеш. Изнервиран, депримиран и понижен сум.
Јас сум и олеснет за 2000 денари :pos2:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.891
Поени од реакции
44.771
Кики ги имаше скоро сите 99% шанси за Ман. така да не сум сигурен дали не направил ништо...
Чиста среќа беше што не влезе слободниот на крај!


п.с. Честитки за новата тема! :smir:
Ехх, сигурен си дека сите шанси ги напраил ? Гигс две шанси сам си создаде кои беа и најсериозни, не ми текнува на некоја друга шанса што Рони ја креирал . Не реков дека играл лошо, напротив, али имаше подобри од него . . . . на пример Гигс . :toe:

Ако се лажеме, Рони им беше најбољи, мада, стварно непотребен муабет :) .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom