Дарко Стојанов ќе беше одлично засилување до пред некоја година, не знам до каде е со кариерата, ама верувам дека ептен ќе ни се најде во втора лига. Со 31 година има доволно искуство за да ја води одбраната.
Со некој од тројката Ѓурчевски, Крстевски и Радуловиќ, би го формирале централниот одбранбен бедем.
Претпоставувам дека Виктор Велковски си оди, заедно со Мирчевски. Од другите поискусни, викаат дека само Петковски ќе си оди најверојатно.
Од другиве играчи и Трајче Стојковски е 32 годишен стопер. Можно е Стојанов и Стојковски да бидат првотимци, ама тогаш би ги жртвувале младите или пак би ги играле како странични бекови и ќе им се уништи кариерата. Знам дека играа лошо во прва лига, ама мислам дека има малку фудбал во нив, сепак дефанзивците подоцна созреваат. За втора лига ќе брка некој од нив работа.
Никој од другиве не е дефанзивец, што значи повторно немаме странични бекови, што е погубна политика на клубот.
Овој Борис Јакимовски не го знам, ама гледам играл како десно крило, по можност и десен бек. Нешто како Лазаревиќ.
Исто игра и Бенјамин Демир, можеби некој од нив ќе покрева и како лево крило.
Играчиве ми се како нафрлани, нашле некои свои деца или слободни играчи колку да соберат тим. Немаме лев бек, немаме десен бек, ама земале две крила, на позиција на која играат и Лазаревиќ, па и Давид Велковски. На лево промаја, ќе крпиме со Шиле и некој кој принудно ќе игра таму.
Оли Пеев си го знаеме, одлично засилување за втора лига. Заедно со Најденов ќе треба да ја држат средината.
Петар Љамчевски игра малку поистурено во средината, не знам во каква форма е, ама штом не го задржаа Тиквеш за прва лига, не верувам дека е солиден како во минатото (во рамки на просечен прволигаш или добар второлигаш).
За голманов не сум чул никогаш.
Вилдан Керим го имам чуено кога играше за Скопје. Се работи за напаѓач, ама немам повеќе инфо.
Напаѓач е и Дарко Гроздановски, помлад играч кој последно ифрал позајмен во Победа. Уште една непознаница за мене.
Значи ако не остане Петковски, Керим и Гроздановски би ни биле напаѓачи, можеби и Шиле.
Не е нешто посебно составов, особено според имињата кои се најавуваа.
Не знам од младиве кои би останале. Јас би ги задржал триото дефанзивци, Давид Велковски, Стојановски, можеби и Реџепи.
Млад е Георг за да се форсира како напаѓач, ама никогаш не се знае кој може да изненади.
едит: Сега гледам дека ги земале и Филип Петров и Никола Ристевски. Уште едно десно крило и централен дефанзивец.
Тотално без компас, освен ако тоа значи дека ниту еден од младите не останува.
Ако влеземе во прва лига, треба цел состав да се менува.