Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Да не знаеш кои други 3 се договорени? Од бившите вардарци на : Петар Петковски, Душан Савиќ, Владица Брдаровски, Филип Најдовски, Милован Петровиќ, Јован Костовски и Јакуп Бериша им истекуваат договорите.
Брда и Дрита завршија, има желба ако му ги вратат долговите!
Автоматски споено мислење:

Брда и Дрита завршија, има желба ако му ги вратат долговите! Илиќ останува тренер на голмани, Муто у младинска.
 
Најново инфо -
ФИРМАТА „BLYE SKY INVESTMENTS“ ГО КУПУВА ВАРДАР, ГОРАН СИМОВ Е НОВИОТ СТРАТЕГ!

Новиот газда е Слободан Крстевски , во завршна фаза се со Град Скопје и Самсоненко и долгот ке биде превземан од газдата , ке има нови фудбалери и сигурен влез во прва лига ..

Во каква ситуација бевме јас сум среќен што Вардар ке има ново раководство, бидејки клубот беше на ранг да нема пари ни за втора лига и ке беше хаос , ова барем е позитивно нешто ..
 
Се враќаме во прва лига значи со оглед што на Силекс му бегаат играчи.СО долговите нешто напредок има ли?
Долговите ќе се вратат , “газдата” ќе си ги врати парите кога ќе ка продаде Академијата со плацот и игралиштата!!!
Веќе се знае и купувачот и цената и проектот за хотел на тоа место !
 
Во нашата корумпирана држава тоа ти е така.За жал..
 
Дарко Стојанов е исто ослободен од Брегалница.
Младинска школа на Вардар.
Не дека е нешто штопериште ама за Втора лига и те како има искуство.
 
Ова не е никакво решение, помор на долга патека...
Зошто не е подобро решение , зарем подобро беше со деца да играме втора лига и Комити да собираме пари за плати ..
Далеку дека е сјајно решение ама бидете малце реални , треба секој да разбере дека не сме во ситуација да бираме кој спонзор да дојде , и последен да е овој спонзор јас би го избрал ..

Клубот немаше никакви приходи немаше кој да го финансира , Самсоненко не дава веќе ни денар ..град Скопје нема намера да го зима со долгови и така во круг , и што ке чекаме избори да тепа Вмро да го " спасува " пак Вардар ...а до тогаш ке игравме втора лига со деца ...

Пак ке кажам бидете среќни што клубот е жив и доаѓа некаков спонзор , и Самсоненко на почетокот викавме топ е ова она ама ради него пропадна на крај Вардар ...
 
Дарко Стојанов е исто ослободен од Брегалница.
Младинска школа на Вардар.
Не дека е нешто штопериште ама за Втора лига и те како има искуство.

Не е лошо решение. Паметам дека имаше добри партии и во ПМФЛ.
 
Не е лошо решение. Паметам дека имаше добри партии и во ПМФЛ.

 
Ovaa firma ima vrska so toj grobarot na Belasica ili drugi se ovie?
 
И никакво решение е подобро од непостоење на клубот или уште некоја фузија ала Миравци. А ние да бевме манги како навивачи/поддржувачи ќе се заложевме да се соберат средства за исплата на долгот, преку купување на акции од клубот. Со тоа како навивач ќе имаш некакво влијание и многу од срањава веројатно немаше да се дешаваат. Ама пошто добро знаеме дека не сме, ќе си кутиме и ќе глеаме како некои други одлучуваат за судбината на Вардар.
Автоматски споено мислење:

Ovaa firma ima vrska so toj grobarot na Belasica ili drugi se ovie?
Други се овие. Немаат поврзаност со Пинда. Ако мислеше на него.
 
 
За Брда не верувам дека ќе се нафати да игра Втора лига, а Јове знам дека е вардарец од глава до пети и може на крај на кариера да изигра една сезона и во понизок ранг. Особено што се најавуваат и Петров/Пеев како нови имиња, со кои ги има пројдено заедно сите категории од младинската школа на клубот
 
Да ја продолжиме желботеката за повратници кои би се нафатиле да помогнат низ второлигашките ливади, Попзлатанов добил раскин во Летонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom