Фан Клуб: Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Пред 10тина дена имаше бараж за пополнување на втора лига.
Конечниот изглед е:

Вардар Скопје
Силекс Кратово
Велешта (лани играа во Велешта, ама повремено одиграа нешто и во Струга)
Охрид
Гостивар
Кораб Дебар
Кадино
Тетекс Тетово
Беса Добридол (претпоставувам дека ќе играат во Гостивар, а можеби и во Боговиње)
Воска Охрид (играат во Охрид)

Одамна не се случило да има само една екипа од скопско во лигата во која играме.

Гледам Воска веќе почнала со купување играчи, ама не се некои којзнае какви засилувања. Не знам што се случува со Силекс. Го земале Танушев гледам, што е доста добро засилување. Сепак, они играат Европа, после тие натпревари, може да се распаднат целосно...

Лани лигата почнала на 21 август, значи ќе се изначекаме до почетокот.
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.137
Поени од реакции
5.481
Не знам што се случува со Силекс. Го земале Танушев гледам, што е доста добро засилување. Сепак, они играат Европа, после тие натпревари, може да се распаднат целосно...
moze da se sluci i kaj nas se e mozno, no gore dole po slucuvanjata mislam deka pre spremaat dobar tim
za vrakanje vo 1. liga. glavna cel da im bea internacionalnite natprevari mislam deka ke mozea da donesat uste povise pozvucni iminja za toj period + ke se dogovorija nekoi od nivnite da ostanat do kraj juli.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Абе јас мислев Благојче го носиме, не Петар :(
Ќе го вратевме познатото скандирање на Љамче фанс :D
Лазаревиќ ќе гази во втора лига, а и Најденов ќе ни се најде бајаги.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Се враќаме во прва за една сезона туку да се средат долговите и директно да одиме на титула
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Само Дарко Стојанов, Оливер Пеев и Демир мислам дека можат да го подигнат квалитетот. За овој Керим прв пат сега слушам, додека Јакимовски е солидно голманче и не е лошо да го ангажираат и него.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
 
Член од
11 мај 2020
Мислења
125
Поени од реакции
285
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Дарко Стојанов ќе беше одлично засилување до пред некоја година, не знам до каде е со кариерата, ама верувам дека ептен ќе ни се најде во втора лига. Со 31 година има доволно искуство за да ја води одбраната.
Со некој од тројката Ѓурчевски, Крстевски и Радуловиќ, би го формирале централниот одбранбен бедем.
Претпоставувам дека Виктор Велковски си оди, заедно со Мирчевски. Од другите поискусни, викаат дека само Петковски ќе си оди најверојатно.
Од другиве играчи и Трајче Стојковски е 32 годишен стопер. Можно е Стојанов и Стојковски да бидат првотимци, ама тогаш би ги жртвувале младите или пак би ги играле како странични бекови и ќе им се уништи кариерата. Знам дека играа лошо во прва лига, ама мислам дека има малку фудбал во нив, сепак дефанзивците подоцна созреваат. За втора лига ќе брка некој од нив работа.
Никој од другиве не е дефанзивец, што значи повторно немаме странични бекови, што е погубна политика на клубот.
Овој Борис Јакимовски не го знам, ама гледам играл како десно крило, по можност и десен бек. Нешто како Лазаревиќ.
Исто игра и Бенјамин Демир, можеби некој од нив ќе покрева и како лево крило.
Играчиве ми се како нафрлани, нашле некои свои деца или слободни играчи колку да соберат тим. Немаме лев бек, немаме десен бек, ама земале две крила, на позиција на која играат и Лазаревиќ, па и Давид Велковски. На лево промаја, ќе крпиме со Шиле и некој кој принудно ќе игра таму.
Оли Пеев си го знаеме, одлично засилување за втора лига. Заедно со Најденов ќе треба да ја држат средината.
Петар Љамчевски игра малку поистурено во средината, не знам во каква форма е, ама штом не го задржаа Тиквеш за прва лига, не верувам дека е солиден како во минатото (во рамки на просечен прволигаш или добар второлигаш).
За голманов не сум чул никогаш.
Вилдан Керим го имам чуено кога играше за Скопје. Се работи за напаѓач, ама немам повеќе инфо.
Напаѓач е и Дарко Гроздановски, помлад играч кој последно ифрал позајмен во Победа. Уште една непознаница за мене.
Значи ако не остане Петковски, Керим и Гроздановски би ни биле напаѓачи, можеби и Шиле.
Не е нешто посебно составов, особено според имињата кои се најавуваа.
Не знам од младиве кои би останале. Јас би ги задржал триото дефанзивци, Давид Велковски, Стојановски, можеби и Реџепи.
Млад е Георг за да се форсира како напаѓач, ама никогаш не се знае кој може да изненади.

едит: Сега гледам дека ги земале и Филип Петров и Никола Ристевски. Уште едно десно крило и централен дефанзивец.
Тотално без компас, освен ако тоа значи дека ниту еден од младите не останува.
Ако влеземе во прва лига, треба цел состав да се менува.
 
Последно уредено:
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.459
Поени од реакции
3.482
Само Дарко Стојанов, Оливер Пеев и Демир мислам дека можат да го подигнат квалитетот. За овој Керим прв пат сега слушам, додека Јакимовски е солидно голманче и не е лошо да го ангажираат и него.
Го заборави Ристески
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Го заборави Ристески
Не го беа спомнале овие од спортмедиа, не ни знаев дека и него го договориле. Инаку новинариве на гол.мк имаат грешка го напишале Ристевски. Ристески е стоперот на Работнички така? Ако е тој, доста е солиден за во втора лига.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.459
Поени од реакции
3.482
Не го беа спомнале овие од спортмедиа, не ни знаев дека и него го договориле. Инаку новинариве на гол.мк имаат грешка го напишале Ристевски. Ристески е стоперот на Работнички така? Ако е тој, доста е солиден за во втора лига.
Он е и доаѓа на местото на малион Ѓурко ќе иде изгледа кај Гоце.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Он е и доаѓа на местото на малион Ѓурко ќе иде изгледа кај Гоце.
Како и да е ќе имаат подобар и поискусен тим од оној во ПМФЛ во пролетната полусезона.


Инаку еве видео од одбраните на голманот со кој се преговарало.

 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Он е и доаѓа на местото на малион Ѓурко ќе иде изгледа кај Гоце.
Уште еден предавник значи...

Али Адем ќе ни биде таман и онака нема да заигра кај мамљазиве. Нека го пушти Гоце, му ебам суратот.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom