Не ги читајте екипа.мк, еден трансфер поврзан со Вардар немаат погодено. Збунувачки е малку со Новак, спорт1.мк се доста релевантни за Вардар, а они пишаа дека останува, ќе видиме.. Како и да е, според шпекулацииве, неколкуте имиња што свртеа, и знаејки ја способноста на нашата управа, би требало да има неколку нови играчи, некои од нив сигурно солидни, веројатно ќе пробаат наши помлади да соберат, ама реално очекувам да склопиме екипа на ниво на Работнички од минативе неколку сезони, која ќе биде способна да пројде 1во па и 2ро квалификациско коло, со оглед на тоа што ќе бидеме фаворити, ама во лигата очекувам 2-ро место, освен ако не им кидне некој од Хасани или Ибраими на овие па да паднат малку со нивото. И што е до мене, со оглед на ситуацијава, и не е страшно да се оди на таква варијанта, помлад тим, да се соберат наши играчи што вредат, па полека да се гради тимот во следниве сезона-две, ама знаејки ја стручноста на нашата ни драга управа и општо све што се дешава во Вардар у моментов, не верувам дека воопшто имаат некаков план за во иднина..