Ако испадне дека си отишол само заради повисока плата во друг клуб, или по некоја случајност што не сакам ни да замислам заврши во Шкендија, ондак дефинитивно ја имаме најдебилната управа што може да се замисли и ќе биде пропуст и кражба од епски размери. Ако стварно играчите биле исплатени, Фелипе не би имал основа правно да не гони, па фино лепо ќе си почекаше преоден рок за клубот парично да заработи. Не дека заработката од продажба на играчи нас како фанови ќе ни сменеше нешто, или пак нешто драстично ќе сменеше во клубот, сепак, ако планираат да продолжат со работа во клубов и одржување на некое ниво, не само што тие пари добро ќе дојдеа и ќе можеа ете да се искористат за и ние да платиме одредена сума за играч под договор, туку ќе беа и значајни чисто од „маркетиншки“ аспект, различно ќе гледаат клубовите, а и менаџерите и играчите на тебе ако си успеал да извлечеш високи суми (за наши услови) за играчи и ќе привлечеа повеќе внимание..