Се опоравува со шут карта изгледа. Не ми личат како да ќе го задржат, а причините не ми се познати, ниту пак гледам некаква логика во таквиот план.
Очаен натпревар на Глишиќ и Алексовски вчера. Алексовски е голман и можеби ќе напредне во иднина, а за Глишиќ веќе нема место во Вардар. На рамниште е со Дино Најдоски. Пропаднати кариери.
Барсегјан и Џигаури фатија форма, Балотели не е лош, па заедно со Фелипе, Којашевиќ и Блажевски, би имале добар напад за вп Европа. Недостасува уште еден играч во средината и еден класичен шпиц. Сега страничните бекови ни се главен проблем, особено ако си оди Хоф.
Не знам од каде заклучокот дека ќе се ослободуваат од Хоф, ако веќе си иде сигурно ќе гледаат да извадат и некој денар, има договор уште 2 години ако не се лажам. Го утепаа повреди сезонава, последната не знам колку му е сериозна и кога би се вратил, ако не се лажам со коленото има некои проблеми, македонски спорт спомнаа и можност за операција. Ако успее да ги фати припремите на лето, одлично би било.
Летово дефинитивно мислам си идат Влатче, Љамче, и конечно Ацо Стојков
Време е и да се разреши левата бековска позиција, еден од Попов и Глишиќ е вишок во моментов, треба да пробаат да го пуштат Глишиќ на позајмица негде една сезона, му треба минутажа, па после да одлучат со него.
Околу заминувањата, доста интересни ќе бидат сигурно летово Николов кој игра одлична сезона со добра статистика, и Демири кој изигра солидна полусезона. Би ги додал и Даре и Алексовски тука, иако не изиграа ништо за Вардар, сепак беа првотимци за у21 и имаа одлични партии. Не би ме чудело да замине некој од овие, се надевам дека бар ќе се извлече и некоја солидна сума.
Околу новитетите, најранливи позиции се шпиц и везњак дефинитивно, според мене Балотели е непотребен доколку се донесе нов напаѓач, непотребно место за странец и непотребна гужва во нападот, Барсегјан, Шиле, Којашевиќ, Џигаури.. а тука е и младиот Колевски па и Петковски, кои сакале или не ќе мора да добиваат минутажа ради правилото младинец. И тука ќе бидеме ранливи, само они двајца остануваат од следна сезона во моментов како младинци, така да треба и некој у21 играч да се проба да се донесе, нека тропнат на врата кај Пандевци, има доста квалитетни деца таму, моја желба е Атанасов доколку постои таква можност..