Фан Клуб: Вардар

Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Дали некој ги има видеата од Вардар - Трепча, Вардар - Партизан кога изгубија 5-0 и со Рома утакмицата... Знам дека ги имаше на гугл видео поставено тука ги имаше пишано и Балкан Експрес одамна ако не се лажам, а неможам да ги најдам па доколку некој ги има нека ми ги прати :)
На Google ги има утакмиците со ЦСКА во Москва и двете со Спарта Прага. Само не сум сигурен дали беа комплетни.
Не ми е јасно само зошто при водство од 6-1 од првиот меч, Илчо морал да игра со Гроздановски, со Петров а сигурно и остала багра играле...
И така беше се готово, а не очекува еден од главните мечеви за титулата за некој ден...
Грозданоски, Стјепановиќ, Стојаковиќ и уште неколкмина од разни причини немаат доволно натпревари и добро е што ги става во игра за да побрзо влезат во натпреварувачки ритам.
П.С Инаку за 8 октомври е предвидена пријателска со нам добро познатите ЦСКА Софија. Овојпат на нивен терен ;)
http://gong.bg/view_article.php?article_id=228153
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.055
Поени од реакции
74.655
Инаку и ОФИЦИЈЛАЛНО (поофицијално неможе да биде:pos:) Васоски и Вардар постигнаа договор, се чека на сертификатот од Грција.
Тетовче ќе биде на трибина во сабота!
--- надополнето: Sep 29, 2011 4:57 PM ---
Да напишам сега и некој ред за престојното дерби.
Прво да им објаснам на противнициве зошто овој меч неможе да спаѓа во категоријата ГОЛЕМО ДЕРБИ. Тие мечеви се традиционални мечеви, мечеви меѓу екипи кои традиционално се во врвот на лигата, мечеви меѓу екипи кои имаат некое градско ривалство, мечеви меѓу екипи од ривалски градови и слично...
Вардар-Шкендија е дерби утакмицава за годинава. Они ни се главни конкуренти за титула, и затоа овој меч има предзнак дерби. Но тоа не значи дека во иднина мечот би бил дерби меч...
Слога е ривалот кој што традиционално станал наш голем ривал, па тој меч и во општинска лига би бил дерби, ама само на Балканот има вакви ривалства поради меѓуетничка нетпреливост.
Пошто гледам дека си дигаат акции дека баш за нив сме се подготвувале...
Нормално е дека на овој меч се очекува да има повеќе навивачи (или бар се очекуваше пред да го сменат терминот), пошто лигава и онака нема скоро ниедна друга навивачка група. Маалскиве навивачки групи не ги рачунам, Војводи како посериозни ни се братска група, па остануваат Балистите...
Да се вратам на мечот...
Реално е дека Вардар е фаворит. Плус на Шкендија ќе и фалат неколку играчи, како еден од клучните, Усеини и голманот Јовановски. Од друга страна и ние ќе имаме пропуст во одбраната со суспензијата на Вајс...
Имаме барем за класа посилен состав од оној на Шкендија, но само на хартија. Да не се радуваме пред време, овој меч треба да се одигра, а нашите да изгинат и да го добијат. Вардар не е било каков противник. Екипите кои играат против вардар се екстра мотивирани. Со Работнички, Шкендија лесно загуби, но ова е Вардар. Со Вардар има да загинат, ама ќе направат се за да не изгубат.
Досега само ренова заслужи да земе бод со нас. Ни ја умртвија играта, но ни фалеа голем дел на играчи, плус немавме напаѓач асален...
Јасно е како ден, дека со враќањето на неколку клучни играчи, плус носењето на гроздановски и Стјепановиќ, Вардар е 2 класи подобар од мечот со Ренова.
Тенки сме во одбрана, ама првата постава во одбраната ни е непробојна. И Вељановски кој ќе го замени Вајс е добар играч.
Симов е солиден на голот, Илиевски-Вељановски-Бојовиќ-Бошковски, е доста искусен бедем, што е многу важно за нашава лига. Општо познато е дека скоро секогаш титука освојуваат оние екипи кои имаат цврста и искусна одбрана.
Тука плаши само фактот што Хасани и Куртиши се доста брзи и може лесно да ја прелетаат нашава одбрана, но за да дојде топката до нив, треба некој да им ја додаде. Е тука доаѓа борбата на средината,
Едно ќе кажам, за да се дојде до нашата одбрана треба да се пројде покрај Оса, а тоа искрено за играчи од типот на Пеев и Емини ми е некако невозможно:icon_lol:
Плус одбраната одлично се надополнува тука, па ретко кој минува низ нашата одбрана.
Треба да внимаваме да нема многу прекини пошто годинава 2 од трите гола ги примивме од прекини (слободен и пенал).
Во средина разликата е како Барса и Рајо Ваљекано:D
Тука е делот од игралиштето во кој треба да домнинираме, особено по крилните позиции и секако да се создаваат шанси за Фичо...
Штета што немаме втор напаѓач, за да може малку да се спушти топката но тоа е...
Шкендија може да игра на 0-0...
Реално слабо се носиме со екипи кои што ни се бранат. Правиме шанси, но во завршните моменти сме дудлејки...
Решение можеби би ни бил брз гол. Ако дадеме брз гол, има да ги потопиме до крај. Па и да дадеме први гол, нема шанси после да извадат ни бод...
Познавајќи го Ќатип Османи, нема да дојдат да се бранат. Шкендија не знае да се брани, таков е нивниот стил на игра.
Само да дадеме први гол и готова е работата.
Верувам во нашите и очекувам да победиме!

Посакуван состав ми е:
Симов
Илиевски Вељановски Бојовиќ Бошковски
Оса
Лико Стјепановиќ Ранѓеловиќ Гроздановски
Ивановски

Ако нешто не иде, Петров може да влезе место Лико, или Лико и Гроздановски да сменат страни...
Секако на крајот треба да влезе Стојаковиќ, пошто ќе ни треба неговата свеѓина за на крај.
Незнам зошто али осеќам дека Илбер Али ќе даде решавачки гол на утакмицава:pos:
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
Реално е дека Вардар е фаворит. Плус на Шкендија ќе и фалат неколку играчи, како еден од клучните, Усеини и голманот Јовановски. Од друга страна и ние ќе имаме пропуст во одбраната со суспензијата на Вајс...
Вајс беше суспендиран на два првенствени или куп натпревари. Не играше со Тетекс и не играше со Тиквеш... Нели тоа значи дека ќе игра со Шкендија?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.055
Поени од реакции
74.655
Вајс беше суспендиран на два првенствени или куп натпревари. Не играше со Тетекс и не играше со Тиквеш... Нели тоа значи дека ќе игра со Шкендија?
Море да, заборавив дека во меѓувреме игравме и меч од купот. Фала на исправка :D
 
П

Паспарту

Гостин
На Google ги има утакмиците со ЦСКА во Москва и двете со Спарта Прага. Само не сум сигурен дали беа комплетни.

Грозданоски, Стјепановиќ, Стојаковиќ и уште неколкмина од разни причини немаат доволно натпревари и добро е што ги става во игра за да побрзо влезат во натпреварувачки ритам.
П.С Инаку за 8 октомври е предвидена пријателска со нам добро познатите ЦСКА Софија. Овојпат на нивен терен ;)
http://gong.bg/view_article.php?article_id=228153
Таман да се види реалниот квалитет на македонскиот фудбал и колку заостануваме зад потпросечните европски екипи како ЦСКА :)
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.303
Поени од реакции
3.348
Педерчето Пеев мора да го исфиркате и да го испоштуете !!! позз. браќа !!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.055
Поени од реакции
74.655
И тАшак ќе го проследи утрешниот меч на Градски :D
Инаку и Деспотовски не шитна и замина во Работнички:)
--- надополнето: Sep 30, 2011 1:40 PM ---
http://www.kurir.mk/sport/fudbal/44093-Vasoski-se-dogovori-so-Vardar
Се очекува Васоски да заигра уште на мечот со Металург. Таман има двонеделна пауза заради настапите на репрезентацијата, доволно време за да стигне сертификатот од грција...

П.С. На Лико влечките <3


Море цел аутфит му е....:pos::pos::pos:
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
И тАшак ќе го проследи утрешниот меч на Градски :D
Инаку и Деспотовски не шитна и замина во Работнички:)
Кој го ебе и него и Јани,да да утре и Тошак ке биде,се мислам дека Ивановски ке биде земен за репрезентација,за разлика од некој сеа што се во репрезентација он е кока кола за нив.
--- надополнето: Sep 30, 2011 1:44 PM ---
Му ги дале од Бит Пазар излеа,нека ги носи што :pos:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.544
Поени од реакции
29.115
Утре во Скопје следува големото дерби на 9. коло во Првата македонска фудбалска лига. Лидерот на табелата, Вардар го пречекува актуелниот шампион Шкендија. Во редовите на скопските „црвено-црни“ владее оптимистичка атмосфера, која се надеваат дека ќе им ги донесе бодовите во еден од најважните сезонски дуели.
„Ова е големо дерби и сигурно е една од најбитните средби. Не очекува многу тежок меч, навистина Шкендија има многу добра екипа, но Вардaр е Вардар. Се знаат нашите амбиции, одиме на титула и секако одиме на победа и на оваа средба. Со борбена игра во која ќе го оставиме срцето на терен ќе се потрудиме да ги освоиме бодовите“, вели првотимецот, Влатко Гроздановски.
Дуелот на Националната Арена „Филип 2“ тргнува од 13 часот. Два часа подоцна (5.00 ч.) че се одиграат останатите дуели во саботниот термин: Напредок - Тетекс, Ренова - Работнички, Силекс - Х. Турново и Брегалница - Металург. За в недела е закажан дуелот Охрид 2004 - 11 Октомври.
--- надополнето: Sep 30, 2011 3:13 PM ---
Капитенот на Вардар, Филип Ивановски, најавува атак на трите бода на утрешното дерби со Шкендија што ќе се одигра од 13 часот на арената „Филип Втори“. Паролата е јасна: Ако сакаш да биде шампион, треба да го победиш шампионот! Во таков стил е и изјавата на Ивановски.

„Ни гостува шампионот, тоа е голем мотив за нас и можност да докажеме дека имаме квалитет за освојување на шампионската титула. Со евентуален триумф, ќе го задржиме чекорот на врвот, ама и ќе ја оддалечиме Шкендија од нас“, вели напаѓачот на „црвено-црните“.

Тој ги повикува навивачите на Вардар во најголем број досега да го исполнат нашиот најголем стадион.

„Ќе ни биде потребна поддршка од трибините. Верувам дека сите „Комити“ утре ќе бидат на стадионот, но јас би сакал да ги повикам и сите оние други навивачи на кои Вардар им е при срце, да дојдат и да не бодрат. Ветуваме дека ќе „изгинеме“ на теренот за секоја топка и дека ќе сториме се за да го земеме скалпот на Шкендија“, порачува Филип Ивановски.

Тренерот Илчо Ѓорѓиоски одмори дел од фудбалерите на реваншот со Тиквеш во рамките на Купот на Македонија, а по подолго време најверојатно ќе може да смета на сите играчи, освен на Туневски, кој неодамна се оперираше.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.326
Поени од реакции
15.581
Кој го ебе и него и Јани,да да утре и Тошак ке биде,се мислам дека Ивановски ке биде земен за репрезентација,за разлика од некој сеа што се во репрезентација он е кока кола за нив.
--- надополнето: Sep 30, 2011 1:44 PM ---
Му ги дале од Бит Пазар излеа,нека ги носи што :pos:
Го преценувате Ивановски :)

Деспотовски ми се допаѓа како играч, само на колку месеци потпиша за Работнички? :)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.544
Поени од реакции
29.115
Го преценувате Ивановски :)

Деспотовски ми се допаѓа како играч, само на колку месеци потпиша за Работнички? :)
Не го преценуваме, но заслужува место во Репрезентацијата, иначе Деспотовски до Јануари колку што знам...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.055
Поени од реакции
74.655
Го преценувате Ивановски :)

Деспотовски ми се допаѓа како играч, само на колку месеци потпиша за Работнички? :)
Потпишуваат они аматерски договри, па играчите може да побараат и да добијат раскин кога сакаат. Играат тука колку за одржување форма:)
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.438
Поени од реакции
14.875
Не го преценуваме, но заслужува место во Репрезентацијата, иначе Деспотовски до Јануари колку што знам...
Што е Работнички, фудбалски клуб или мотел? Станаа место за привремен престој...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.326
Поени од реакции
15.581
Не го преценуваме, но заслужува место во Репрезентацијата, иначе Деспотовски до Јануари колку што знам...
Не знам поради што заслужува место во репрезентацијата. Премногу е спор и тромав, не е некое голгетериште ала Пипо. Не треба резултатите во Мак првенство да бидат некој фактор за игра во А тимот. Јас никогаш не би го повикал него, Ристиќ е класа над него. Али кога ќе видиме, па и немаме некои други играчи кои се одвојуваат премногу.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom