Инаку и ОФИЦИЈЛАЛНО (поофицијално неможе да биде
) Васоски и Вардар постигнаа договор, се чека на сертификатот од Грција.
Тетовче ќе биде на трибина во сабота!
--- надополнето: Sep 29, 2011 4:57 PM ---
Да напишам сега и некој ред за престојното дерби.
Прво да им објаснам на противнициве зошто овој меч неможе да спаѓа во категоријата ГОЛЕМО ДЕРБИ. Тие мечеви се традиционални мечеви, мечеви меѓу екипи кои традиционално се во врвот на лигата, мечеви меѓу екипи кои имаат некое градско ривалство, мечеви меѓу екипи од ривалски градови и слично...
Вардар-Шкендија е дерби утакмицава за годинава. Они ни се главни конкуренти за титула, и затоа овој меч има предзнак дерби. Но тоа не значи дека во иднина мечот би бил дерби меч...
Слога е ривалот кој што традиционално станал наш голем ривал, па тој меч и во општинска лига би бил дерби, ама само на Балканот има вакви ривалства поради меѓуетничка нетпреливост.
Пошто гледам дека си дигаат акции дека баш за нив сме се подготвувале...
Нормално е дека на овој меч се очекува да има повеќе навивачи (или бар се очекуваше пред да го сменат терминот), пошто лигава и онака нема скоро ниедна друга навивачка група. Маалскиве навивачки групи не ги рачунам, Војводи како посериозни ни се братска група, па остануваат Балистите...
Да се вратам на мечот...
Реално е дека Вардар е фаворит. Плус на Шкендија ќе и фалат неколку играчи, како еден од клучните, Усеини и голманот Јовановски. Од друга страна и ние ќе имаме пропуст во одбраната со суспензијата на Вајс...
Имаме барем за класа посилен состав од оној на Шкендија, но само на хартија. Да не се радуваме пред време, овој меч треба да се одигра, а нашите да изгинат и да го добијат. Вардар не е било каков противник. Екипите кои играат против вардар се екстра мотивирани. Со Работнички, Шкендија лесно загуби, но ова е Вардар. Со Вардар има да загинат, ама ќе направат се за да не изгубат.
Досега само ренова заслужи да земе бод со нас. Ни ја умртвија играта, но ни фалеа голем дел на играчи, плус немавме напаѓач асален...
Јасно е како ден, дека со враќањето на неколку клучни играчи, плус носењето на гроздановски и Стјепановиќ, Вардар е 2 класи подобар од мечот со Ренова.
Тенки сме во одбрана, ама првата постава во одбраната ни е непробојна. И Вељановски кој ќе го замени Вајс е добар играч.
Симов е солиден на голот, Илиевски-Вељановски-Бојовиќ-Бошковски, е доста искусен бедем, што е многу важно за нашава лига. Општо познато е дека скоро секогаш титука освојуваат оние екипи кои имаат цврста и искусна одбрана.
Тука плаши само фактот што Хасани и Куртиши се доста брзи и може лесно да ја прелетаат нашава одбрана, но за да дојде топката до нив, треба некој да им ја додаде. Е тука доаѓа борбата на средината,
Едно ќе кажам, за да се дојде до нашата одбрана треба да се пројде покрај Оса, а тоа искрено за играчи од типот на Пеев и Емини ми е некако невозможно
Плус одбраната одлично се надополнува тука, па ретко кој минува низ нашата одбрана.
Треба да внимаваме да нема многу прекини пошто годинава 2 од трите гола ги примивме од прекини (слободен и пенал).
Во средина разликата е како Барса и Рајо Ваљекано
Тука е делот од игралиштето во кој треба да домнинираме, особено по крилните позиции и секако да се создаваат шанси за Фичо...
Штета што немаме втор напаѓач, за да може малку да се спушти топката но тоа е...
Шкендија може да игра на 0-0...
Реално слабо се носиме со екипи кои што ни се бранат. Правиме шанси, но во завршните моменти сме дудлејки...
Решение можеби би ни бил брз гол. Ако дадеме брз гол, има да ги потопиме до крај. Па и да дадеме први гол, нема шанси после да извадат ни бод...
Познавајќи го Ќатип Османи, нема да дојдат да се бранат. Шкендија не знае да се брани, таков е нивниот стил на игра.
Само да дадеме први гол и готова е работата.
Верувам во нашите и очекувам да победиме!
Посакуван состав ми е:
Симов
Илиевски Вељановски Бојовиќ Бошковски
Оса
Лико Стјепановиќ Ранѓеловиќ Гроздановски
Ивановски
Ако нешто не иде, Петров може да влезе место Лико, или Лико и Гроздановски да сменат страни...
Секако на крајот треба да влезе Стојаковиќ, пошто ќе ни треба неговата свеѓина за на крај.
Незнам зошто али осеќам дека Илбер Али ќе даде решавачки гол на утакмицава