За в.д претседател на клубот беше избран Ванчо Шехтански, правниот застапник на Иницијативниот одбор за спас на ФК Вардар
Управниот одбор на клубот, кој ќе ја има улогата на раководство наместо досегашните пет, ќе брои 7 челнови, а дел од него ќе бидат: Прелоговски, Камчев, Шехтански, Нешовски, и по еден претставник од компаниите Т Мобиле, Алкалоид и Вардар Осигурување.
Според измените во статутот на клубот, контрола на наменското користење и располагање со средствата и приходите на клубот ќе врши Надзорен одбор од пет члена во состав: Александар Станковиќ претставник на Агенцијата за млади и спорт, по еден претставник од советот на град Скопје, здружението на граѓани “Одбор за спас на Вардар”, здружение на спортски новинари и еден член од Собранието на клубот.
За претседател на комисијата за професионален фудбал е избрана легендата на “црвено - црните” Кирил Дојчиновски, Јовче Џипунов е назначен за претседател на младинскиот фудбал, Драги Сетинов е избран за претседател на комисијата за организирање натпревари, а истакнатиот доктор Жан Митрев ќе ја предводи здравствената комисија.
Извор: Нетпрес ком мк.
Јеботе како розево све ова изгледа... Кирил Дојчиновски во Вардар...
