Срамно саботно попладне...
Доаѓам на градски накај 3 и 20 и гледам северна празна. И се чудам кај се сите кога гледам пред север едно 300 души чекаат. И кога управцата ни забранила влез! Какви кретени. Незнам што има лошо ако влеземе, вака само го заработија нашиот гнев и загубија 15 000 денари од влезници....
Што е уште пожално неможеше ни да се купи карта откако почна мечот па и обични фанови што имаше на тој влез, не можеа да си купат карта...
Некаде на крајот од прво полувреме најдовме патче до западна трибина. Па седевме на тој дел што е изграден. Бевме околу 250 души, а голем дел си отидоа уште претходно без да знаат дека сме нашле начин за да навиваме. Се пееше против Сетинов, Џони и цела друга упарава и се бодреше Вардар. на почетокот грмевме, после слабо, али воглавно се следеше утакмицата. Фрливме и десетина бакљи, при што судијата ја прекина играта бидејќи наводно од чад пред протвиничкиот гол, голманот на Скопје неможел да брани...
Уште еднаш најдовме начин да го бодриме Вардар, а мило ми е што на крај сите фудбалери дојдоа да отпоздрават и притоа еден од нив носеше маица Комити
Нема никој да ни забранииии, ни управа ни свињи дебели, сите можете да го пушите, напред вардар ле але алееееее
Незнам што се случувало во првциот дел, али вториот беше слаб. Нашите задржаваа, но имаа повеќе од играта. Имавме неколку полушанси али не ги искористивме. Убаво играше Ѓурѓевиќ или Настевски (никако не запамтив кој е број 8
) и имаше убави пробиви од страна нои не ги искорисртивме. И Шикмановиќ откако влезе изигра многу убаво и на крај ја задржуваше топката при што гостите не ни можеа да тргнат во напад. Свои шанси имаше и Скопје, особено по грешката на нашата одбрана, а неколку пати не спаси и Маџаровски со одлични интервенции. Одбраната уште ни е срање, па при еден слободен кога слабо затворија, Маџаровски му се пушти (најверојатно на Никанчевски), при што за малку ќе настанеше мал инцидент меѓу нашите играчи...
Се на се, втора победа по ред. и пази, и пази, и пази вардар гази :icon_mrgr