Фан Клуб: Вардар

Член од
28 февруари 2008
Мислења
219
Поени од реакции
2
Pancev ne izdribla, a timot najverojatno celosno go prezema Braco, i tuka osven inspekcija nisto drugo ne pomaga. Inace denes u przino generacijata 94 go pobedi Rabotnicki so 2:1 za erupcija kaj 300-tnata mlada publika koja uste ednas pokaza za kogo cuka skopskoto srce:)
So vakva mladina prestojat dobri vreminja za Vardar osven ako ne ispadnat pedercinja i za pari otidat vo rabotnicki
ZA SE SI VO PRAVO AMA AKO SE KRSTIME VO INSPEKCII TURI MU K---T NA VARDAR
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
219
Поени од реакции
2
VARDAR-BASKIMI 1-1 MIZERIJA DO KOE DEREGE DOJDOVME DA NE MOZEME DA TEPAME EDEN FENERGIJA STVARNO SRAMOTA I GREOTA
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
До кога овие во Вардар...аман више нека дојде тоа собрание!
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
До кога бе вака. Кога им е тоа собранието, дај нека се заангажираат малце, што е ова 1-1 со Башкими. И тој Панчев педерче испаднал.
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Од вардар ги поштувам само јорде и оли пеев
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Оди бе тој Пеев не ми го праи многу меракот, мада го зимаат за млада репрезентација. Се од корен треба да се смени.
Ама и голема и непоправлива грешка е продавањето на младиве таленти - Тричковски, Тасевски, Васоски, Гроздановски и др.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.091
Поени од реакции
74.875
Peev pojma nema od igranje ustvari Stratev go igra desno sto ne e negova najdobra pozicija. So BASKIMI katastrofa. Na kakvo nivo sme. Samo edna pobeda na deset gostinski meca. E moj VARDARE.........
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.091
Поени од реакции
74.875
Катастрофа... ништо ново
* "Во првите две пролетни кола ми се случија работи кои, во не така кратката кариера, никогаш претходно не ми се случиле. Факт е дека во Вардар некои не заслужуваат да играат, но очигледно нема друго решение", вели стратегот на Вардар

Долги години веќе не е ни малку лесна тренерската задача во најтрофејниот македонски клуб... За клубот кој секогаш има огромни амбиции, а од друга страна клуб кој повеќе од скромно ги минува преодните рокови, кој и по два месеци чека сертификати за нови фудбалери, клуб кој пред с$ е преокупиран со "легализацијата" на раководните структури, реална е вистината која многумина милуваат да ја кажат: "Повеќе од казна е да се биде тренер во еден таков Вардар".

И кога на сето тоа ќе се надополни незадоволството на тренерот од односот кон боите на клубот и од фудбалерите кои се дел од како-таквиот играчки фонд, тогаш сосема е јасно дека не ни може да се очекува повеќе од бод, па и со еден Башкими од Куманово.

"Катастрофа... Лошо, не може ништо друго да се каже. Можеше да се случи и да победиме, но тоа ќе беше сосема незаслужено, па ќе ни послужеше само како самозалажување", видно револтиран, а крајно објективен, и ден по средбата во Куманово е шефот на стручниот штаб на Вардар, Зоран Стратев, притоа дополнувајќи:

"Факт е дека во Вардар играат одредени фудбалери кои не го заслужуваат црвено-црниот дрес, немаат однос кон него, не ја разбираат тежината која со себе ја носи Вардар како клуб. И веднаш тука ќе се постави прашањето, па зошто играат? Затоа што нема други, затоа што очигледно нема други решенија".

Жалосен е очигледниот факт според кој "вардарците", при недостаток на 4-5 фудбалери, веќе одат на варијантата да се "крпи" состав од коло на коло... Во Куманово недостасуваа поради повреди Брага, Ристевски, Спасески, Авдиќ и Бајевски, поради жолти картони Бојовиќ и Роберто Карлос за кога се чекаше сертификатот, па следеше неизбежна "мобилизација" од младинскиот погон.

"Ете тука за овој период ми се случија работи кои никогаш претходно во мојата кариера, која и не е баш така кратка, досега не ми се случиле. Јас не сум преголем љубител на експериментите, но... Уште во првите две кола играме без 4-5 фудбалери кои ги минаа комплетните подготовки. Значи со некој нов состав, чекаме сертификати, и на крај, иако не сакам ни малку да звучи како себеоправдување, се нема максимален ангажман на зелениот терен", вели Стратев, според кого средниот ред во тимот одиграл крајно лошо.

"Средниот ред - катастрофа. Ако се нема среден ред, нема игра. Де Франка тврдеше пред натпреварот дека е подготвен за дуелот, меѓутоа тоа што го покажа е многу малку за неговите квалитети. Пеев и Станковиќ одиграа навистина лошо, а единствено борбеност, залагање и желба покажа Мојсов. Јас разбирам еден фудбалер на еден натпревар некогаш да одигра со 50-60% од сопствените можности, но кога тоа се пет-шест фудбалери во тимот тогаш секако нема резултат", истакнува првиот на клупата на Вардар.

СОСТАНОК СО ЖЕСТОКИ КРИТИКИ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ

Некои ќе се преселат на трибините

Вчера стручниот штаб на Вардар одржа посебен состанок со фудбалерите на кој биле истакнати сериозни критики кон одредени поединци.

"Очигледно е дека некои го злоупотребуваат тоа што нема во моментов конкуренција на одредени позиции. Меѓутоа, јас и директно им кажав на состанокот дека тоа единствено како бумеранг може да се врати исклучиво на нивниот грб. Кога ќе се рехабилитираат дел од повредените, конечно право за настап добива и Роберто Карлос, а и помладите играчи се наметнуваат, па некои не само што ќе се преселат на клупата, но и директно на трибините", категоричен е Стратев.

Младинците со поголема минутажа

Свое деби во Куманово имаше играчот од младинскиот погон, Иван Ковачевски. На клупата Стратев повторно располагаше само со млади фудбалери, па неизбежно тренерот на "црвено-црните", во една ваква ситуација во која се наоаѓа клубот, да најавува и далеку поголема минутажа за нашите надежи.

"Ковачевски одигра навистина коректно, подобро и од некои поискусни фудбалери. Воопшто нема да размислувам на идните натпревари повеќе шанса да добијат помладите затоа што поискусните не покажаа и не покажуваат дека се нешто подобри од нив", истакнува тренерот на "црвено-црните".

Конечно сертификат и за Карлос

Конечно, по долго очекување, Вардар вчера доби сертификат и за Бразилецот Роберто Карлос, кој се очекува да биде реално освежување за "црвено-црните" на средината од теренот.

Со тренинзите, по повредата на задната ложа, почна и Димче Ристевски, а се очекува за следниот натпревар со Пелистер во Битола подготвени да бидат и Александар Бајевски и капитенот Агиналдо Брага.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не си ни играчите криви, веднаш да ви кажам... ако една екипа колективно игра слабо тоа не е заради одреден/и играчи и нивното расположение. Секогаш е крив или тренерот (А Стратев мислам дека не е крив), или раководството кое влијае лошо на екипата (Е тука лежи зајакот). Психолози треба да се најмат за да успеат некако играчите да го дистанцираат проблемот со управата и да дадат максимум на терен. Но сосема е нормално кога главните луѓе на екипата влијаат лошо, и самата да игра лошо...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Комити имаат нова веб страница
http://www.komiti.org
Страната е одлично спремна, секоја чест :cuc:

И вчера Мачка одлично излагање на А1 имаше, како и останатите. Моментално има реприза која е при крај...

Од дете за Вардар... и за Вардар до смрт!!!!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ој Вардаре, македонски... Ти ја красиш Македонија....
ој Вардаре, македонски... од извора, па до Солуна.

Бидејќи постови за Вардар ми се бришат на сите страни, јас ветувам дека ќе тролувам и двојно повеќе ќе ги пишувам. Битола денес беше видно возбудена... но ... од автомобилот кој се запали во сред центар и од бомбардирањето во Тирана.



За Вардар... не слушнав многу муабет... нормално, по десет години неуспех, со страв и се мисли, а не да се зборува... :wink: :helou:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Моментални Пелистер - Вардар 0-1 (од пенал, Бајевски 36`)

едит:2-1 ебате
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
219
Поени од реакции
2
konecni pelister-vardar 2-1 sto e ova stvarno neznam ne ebe koj ke stigne
 

Kajgana Shop

На врв Bottom