Фан Клуб: Вардар

Член од
14 декември 2021
Мислења
735
Поени од реакции
2.822
Чудно ми е чоече таква компанија да има мапа со Македонија у бугарски граници, и коа постираше ти тука овие одма смениле. Не ми е верно тоа.
Кај Миленко на профил имаше еден во коментар пишано и истата слика постирана, реагирано е и сменета е мапата.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.769
Поени од реакции
8.862
Кај Миленко на профил имаше еден во коментар пишано и истата слика постирана, реагирано е и сменета е мапата.
Епа ондак да им се намочам у фирмата. Како може таква катастрофална грешка да направат не ми е јасно.
 
Член од
1 август 2015
Мислења
981
Поени од реакции
2.007
Епа ондак да им се намочам у фирмата. Како може таква катастрофална грешка да направат не ми е јасно.
Гледајте позитивно, може за Ерима тоа е Македонија... До Црно Море :D
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.406
Поени од реакции
28.401
Го разбирам песимизмот кај повеќето, сме го поминале ова сценарио многу пати. Ама ептен забегавте, на нероден Петко му кроите капа. На крај гробари на Вардар ќе бидат баш овие скептици што бараат влакно у секое јајце.

Не е се така црно, дај опуштете се малку и со позитивен дух. Да ги видиме прво резултатите па после ќе се замараме со ситници.
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.668
Поени од реакции
2.880
Го разбирам песимизмот кај повеќето, сме го поминале ова сценарио многу пати. Ама ептен забегавте, на нероден Петко му кроите капа. На крај гробари на Вардар ќе бидат баш овие скептици што бараат влакно у секое јајце.

Не е се така црно, дај опуштете се малку и со позитивен дух. Да ги видиме прво резултатите па после ќе се замараме со ситници.
100 dena neka dadat pa da zborat
 
Член од
1 август 2015
Мислења
981
Поени од реакции
2.007
Го разбирам песимизмот кај повеќето, сме го поминале ова сценарио многу пати. Ама ептен забегавте, на нероден Петко му кроите капа. На крај гробари на Вардар ќе бидат баш овие скептици што бараат влакно у секое јајце.

Не е се така црно, дај опуштете се малку и со позитивен дух. Да ги видиме прво резултатите па после ќе се замараме со ситници.
Се слагам, мора малку трпение... Дај да видиме како ќе излезе приказнава на крај, па ќе критикуваме. Јас лично мислам дека ќе биде добро.
 
Член од
26 февруари 2011
Мислења
166
Поени од реакции
532
За вкусови не се расправа, друже.
Мене оној од hummel ми беше најубав, иако фирмата асоцира на ракомет и само данската репрезентација игра со нивни дресови (колку што знам).
Тој од Lotto и една пругаста верзија на Reusch исто ми беа убави.
Erima е реномирана фирма овде во Германија, доста фудбалски тимови се опремени од нив. Сум гледал нивен каталог, немаат нималку лоши дизајни. Но овој за нас лично не ми се допаѓа.


Ј
Друже се утепав од пребарување вчера, освен ФСВ Франкфурт у регионална германскја лига Југозапад и Кршко од Словенија, ја не најдов друг фудбалски клуб што носи опрема на Ерима.
 
Член од
2 февруари 2023
Мислења
117
Поени од реакции
610
Поштен конобар, трезен шанкер и задоволен навивач на Вардар не постојат!
Некое мое видување на настаните.
Тим не се гради за 20 дена, шест месеци или пак една сезона. Тим се гради повеќе години за да дојде до реален успех
1.Ние полека се подигнуваме од калта и одиме кон подобро што многу ми се допаѓа, луѓето кој го спасуваа клубот сигурно нема да замижуваат пред некакви задкулисни игри, секој негативен коментар е директен удар врз нив дека се неспосбни и дека некој ги игра а итекако во најцрните денови го покажа спортивното.
2. Никако не ми се допаѓа Свињенко и неговите политики што ги води, многу големо копито и врти капа, имам многу лошо предчуство дека нешто на големо ќе заебе.
3. Треба да бидеме реалистични оваа сезона ќе биде можеби поинтересна од лани на фудбалски план, на титула во никој случај не треба да се надеваме најмногу што може е некој среќен излез во Европа дали преку куп, дали преку некое од горните места да ни се поклопат коцките. Просто се уште не сме зрели за такво нешто.
4. Отарасување од оковот Маџаристан кој локациски не кошташе многу генерации ускратени од достапноста на клубот и добри играчи кој се повредија играјки на ридско планинскиот терен во Маџари. Најлошото помина!
5. Се надевам дека во скоро време сите долгови и проблематики на клубот во однос на финансиии полека ќе се решат, дека клубот ќе ангажира добри скаути кој ќе имаат добра хемија со тренерот како би се постигнал значаен успех на долгорочен план.
6. Враќање на СПЦ Хиподром што означува огромна победа.
7, Во догледно време носење на стручен кадар на дел од раководните функции на клубот.
8. ФК Вардар мора да ги испочитува сите досегашни играчи кој гинеле за светиот дрес од љубов и застанале во одбрана на клубот кога било најтешко без разлика какви биле резултатите.
9. ФК Вардар мора да најде добар и квалификуван кадар кој ќе се занимава во сверата маркетинг, ниту една управа досега не се занимавала претерано во однос на тој проблем, тек допрва Вардар треба да се приближи кон младите генерации, дали во форма на тренриање дали во форма како дел од секојдневието. Вклучувајки и неколку клубски фан-шопови низ градот.
10. За крај ние како фанови, ултраси, симпатизери е најбитно да останеме лојални, доследни на клубот со редовна посета на натпреварите независно на која трибина од стадиотот.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.660
Поени од реакции
9.958
Сите сме свесни дека преку ноќ не може да се средат работите, и дека не може да привлечеме којзнае какви играчи. Верувам дека најголем дел од нас би жртвувале 2 3 сезони за да бидеме стабилен клуб без долгови и работи што ќе не кочат во иднина.
Ама и сите сме премногу изгорени во минатото и многу ни се познати некои потези што се влечат во моментов.
Не може а да не се критикува, не може бе Миленко да е над клубот. Никој со здрав разум не би му дал него функција.
Јасно ни е на сите како функционираат работите у државава и дека без политичка подршка ништо не се може.
Ама не може слепи да се правиме.
Затоа и најголем дел тука критикуваат.
Смачено им е на сите на секои 5 6 години навивачите да го спасуваат клубот, смачено им е на сите да гледаат како некој си обработува нечија агенда, и после нигде го нема. Смачено ни е никој да не одговара за криминалите што ги прави.
Едноставно не можеш да бидеш оптимист и не може да не размислиш што ќе се случува во иднина знаејќи го минатото.
 
Член од
17 април 2024
Мислења
332
Поени од реакции
759
Ни јас не верувам дека првава сезона под оваа нова управа/сопственик дека веднаш ќе земеме титула, задоволен би бил да сме во топ 3 екипи, а реално ќе биде доста тешко. Во секој случај сите навивачи на Вардар мора да останат лојални, без разлика дали во добро или во лошо. Со Господ напред, напред Вардаре!
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.640
Поени од реакции
16.732
Сега ако Вардар избори пласман во Европа мора цел долг да биде исплатен за да добие лиценца?
Не мора целиот долг, само тоа што е дојдено да се плати. Партизан, звезда и скоро сите српски и балкански клубови имаат долгови, па на крај играат европски натпреварувања.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.304
Поени од реакции
15.538
Не мора целиот долг, само тоа што е дојдено да се плати. Партизан, звезда и скоро сите српски и балкански клубови имаат долгови, па на крај играат европски натпреварувања.
Тие долгови се исплаќаат, и настануваат нови и така натаму и не доаѓа до тужби и казни. Кај Вардар ќе настане долг и одеднаш сите креваат раце и имаш тим со долгови без приходи и илјада тужби.
Исто е, ама не е исто.
И кај Вардар сите долгови се доспеани пред 2-3 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom