Фан Клуб: Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.899
Поени од реакции
73.066
Па на 06.03 среда следи меч со Работнички на Градски штета што се паѓа работен ден.
Каков Градски брате :D
Ви пишав јас, колку повеќе имате надежи дека ќе се вратиме на Градски сезонава, толку повеќе ќе се разочарувате :D
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.030
Поени од реакции
6.589
Да се надеваме дека ќе е на Градски, по она што се збори не знам баш, од федерација сега барале после 1 Април :S Денес теренот не знам ни дали можеш да го наречеш фудбалски терен… Маџари е добар стадион за притисок и врз судии и противничка екипа, али теренот е ужасен.
Се слагам ,повеќе ни одговара Маџари за притисок кон противникот,ама теренот катастрофа да има асална федерација овој терен би бил суспендиран не за друго за безбедност на играчите заради повреди,па на Кадино теренот е измислен за овој во Маџари.
Еве добра опција е и ФФМ сигурно теренот е подобар од овој на Маџари.
@Saber Rider причина поради која не сме во можност да играме на Градски ???Теренот е одличен нели го средија во ноември,Градски е најдобар пред се може да прими гостински навивачи.
Сега за брзо ќе знаеме и распоред за трет круг со кои играме дома со кои на гости,сакам пак гостување во Кавадарци и средба со лозари.
 
Член од
26 февруари 2011
Мислења
183
Поени од реакции
637
Сосем друг Вардар е овој од есеноска, кадарен со секого од лигава да влезе во клинч! Горазд одлично си ја знае работата, опстанокот не би требало да биде доведен во прашање ако судиме по првите две кола.
Следно коло следи многу важен натпревар и многу тешко гостување со искра во Тетово,некако бод да извадиме би било одлично.
Па на 06.03 среда следи меч со Работнички на Градски штета што се паѓа работен ден.
Да не си правиме есап без крчма. Дневен термин за Градски се движи близу 4.000 евра, тешко дека Вардар може да си дозволи у овој момент такво луксузирање. Многу поверојатно е дека ќе се продужи и натака на Маџари...
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.030
Поени од реакции
6.589
Да не си правиме есап без крчма. Дневен термин за Градски се движи близу 4.000 евра, тешко дека Вардар може да си дозволи у овој момент такво луксузирање. Многу поверојатно е дека ќе се продужи и натака на Маџари...
Како што кажаа на Градски е договорено да играме без надокнада за користење на теренот.
 
Последно уредено:
Член од
27 април 2020
Мислења
55
Поени од реакции
152
После одгледани 2 меча од Белек, пријателската со Саса и двете кола во наша лига се доаѓа до некои заклучоци. Горазд е многу подобар тренер од Васовски, засилувањата се погодија, посебно би го издвоил Бришки. Дечкото се гледа дека ја поминал динамовата школа, со Гостивар одличен на десен бек, денес одличен на штопер, а последни 10 минути перфектен и на позиција заден везен играч. Единствено од новите играчи не сум задоволен од Алтипармаковски, дечкото ништо не игра. Подобро би било да игра Сусо на негово место во поофанзивна варијанта или Мујезиновиќ во подефанзивна варијанта. Голем проблем ни е у21 играчот, после повредата на Здравковски и заминувањето на Јусуфи немаме у21 конкурентен играч и ќе губиме нерви со Омерагич кој погодува еднаш од дваесет шанси
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.824
Поени од реакции
7.130
Изгазивме денеска, би рекол најдобар натпревар оваа сезона и на терен и на трибина, се почуствува победничка атмосфера уште пред да почне натпреварот, пола саат пред почетокот почна да грми стадионот.

Почнавме фуриозно и го решивме натпреварот уште во прво полувреме, вториот дел беше само за уживање и пеење патриотски песни.
Ми се наполни душава, конечно после толку депресивни порази и ние да видиме трошка среќа, се испукавме јако, како да ја исфрливме цела негативна енергија што ја имавме насоберено во нас, после една ваква победа полесно се живее, се надевам ова е само почеток на нашите подобри денови.
 
Член од
26 февруари 2011
Мислења
183
Поени од реакции
637
Како што кажаа на Градски е договорено да играме без надокнада за користење на теренот.
Кој кажал и кога другар? Многу работи биле ветени и кажани, па не биле исполнети. Еве тука има присутни луѓе инволвирани во Комити, може да дадат подетално инфо околу опцијата за играње на Градски. Колку ја знам, тешко остварливо, евентуално некој од дерби мечевите би дошле во предвид.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
199
Поени од реакции
304
Realno Madzari e podobra varijanta. Se pravi podobra atmosfera i pogolem pritisok kon protivnicite. I na gradski da se igra pak ke bide istata brojka na tribini. Glupo ke izgleda gradski so 2-3000 publika. Neka ja izguraat sezonava na Madzari, pa neka mu ja mislat za od naredna sezona
 
Последно уредено:
Член од
23 април 2022
Мислења
399
Поени од реакции
1.989
Мое мислење е дека целта ги оправдува средствата. До крајот на сезонава ништо не е битно освен опстанокот во лигата, а Маџари е најдобра опција во таа битка. За брендот Вардар и неговото представување во локални и регионални рамки каде примарно е враќањето на Градски ќе се мисли од следна сезона
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
744
Поени од реакции
2.334
Другари здраво,вчера бев присутен на стадион и преку купување реквизити помогнав во групата.
За Вардар само пофални зборови одлична игра доминација 90 минути.
Околу Комити секоја чест дечки екипата што ја видов е права вандал екипа ,се гледа дека има многу спремна екипа што е за пофалба, бројка да не нагаѓам ама сигурно 900+,навивање одлично на моменти со мали падови ама нормално.
Има ли дечки од форумов што идат организирано заедно на стадион ,да се приклучам во екипата???
Поздрав
 
Член од
2 февруари 2023
Мислења
122
Поени од реакции
688
Ако некој беше или ја гледаше утакмицата со истиот клуб во Штип и она што (не) се случуваше на теренот и депресијата од анти фудбал, вчера можеше да пукне петарда лагана. Вардар речеси 90% од натпреварот играше викторија и комплетна контрола на топката и теренот. Да не се залетувам со прерани заклучоци ама со овој тим да стартувавме сигурно ќе имавме силно место во средината. Сега дали Горазд е подобар тренер од Васовски е дискутабилно, јер Васовски од пањеви правеше фрули, односно играчи кој во втора лига завршија на трето место. Останува жал само за Жоглев. Додека Горазд има каде-каде подобар играчки ростер. Сега најболната тема Маџаристан. Стадионот како стадион е руина а теренот нива. Проблемот со Маџари е кинење на артеријата на ВАРДАРизмот во Скопје. Речеси целиот град е отсечен од достапноста на Вардар, за младината од градските населби и од другата страна на Скопје, Вардар е станат нешто далечно баш поради Маџари. Лаици би рекле дека додека сме играле на градски немало публика но тогаш немаше никаква организација на никакво ниво. Не можам да разберам како кај вардарци не постој никаква емпатија према Градски? Таму е испишана целата наша историја играме преку 70 години на тој стадион. Мене искрено само ме плаши од тоа правење притисок во Маџари да не добиеме некоја дисциплинска од типот 5 домашни без публика па да пиеме дијазепами за притисок пред телевизори и по кафани/пабови. Една свесна или не свесна глупост од типот бакља во терен или погоден противнички играч може мноогу да не кошта.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343

Вардар, да е стабилен клуб, треба да стреми кон изградба на сопствен стадион од 10.000 гледачи без атлетска патека, идеален за натпревари од домашното првенство, но знаеме колку е неостварлив таков потфат, од сегашна гледна точка.
Емпатија према Градски секако дека постои, но теренот е константно затворен најмалку 6 месеци во годината, а термините безобразно скапи за наши услови. И Вардар постојано мора да биде алтернативно решение. Сите сме апсолутно свесни дека Ѓорче, Маџари, Автокоманда, па и она игралиште на ФФМ со монтажно трибинче се недостојни за реномето на клубот, но изборот на стадиони во Скопје е тој.
П.С. Околу Горазд и Тетовка. Тачно е дека има за нијанса подобар играчки кадар, но ајде вака, од новајлиите засега првотимци се Хрватот, Швајц и Мацата. Првите двајца топ, додека битолчанецот, по мислењето на многумина, ништо спектакуларно. Кога би направил паралела со Милосавиќ, пре би рекол дека далеку испред него со квалитет е Србинчето. Останатите стартери се сите староседелци, а играта е бар за едно ниво поквалитетна од есента. Факт е дека наликуваме многу постабилни и поцврсти, има тука заслуга Горазд несомнено.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.899
Поени од реакции
73.066
Ама Бришки (па и Ѓуриќ со Гостивар) и Швајц да ги споредиш со Дејан Цветановски/Лука Трајковски и факинг Вецески е како ситуацијава во РК каде што играме со Мишевски и Карапалевски место Николиќ/Петриќ и Јасухира.

Не може да судиме уште, сепак игравме со Гостивар кој смени 100000 играчи и Брега која е со една нога во втора лига (кажав и претходно, не толку во играчки кадар колку што се гледа индиспонираност).
Подобар е тимот многу со тие неколку засилувања, ама да не се летаме дека сме тим за Европа. Треба да се оди чекор по чекор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom