Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не можам да сфатам како може некој да е расположен кога во трето коло губиме титула во ракомет. Толку е, ќе се расположам наредна сезона :D
Ќе тепаме фудбал, депресијата ќе остане додека играме на таа нива во Маџари на смак света :D
Јас па сум болен оптимист изгледа. Очекуван и израчунат пораз ми е овој, нема да ме чуди и другите екипи да изгубат таму или во Охрид. Ако ги победиме сите до крај, пак ќе сме шампиони. Се е во ред. :kafence:
 
Ќе има ли пренос на youtube за да може да се гледа уракмицата?
 
Денес очекувам Комити 400-500 луѓе полна трибина моја проценка :cool: , мора да победиме :uzi:
 
Ај некој ако има добар линк од пренос да ми пушти, ќе му бидам благодарен, пошто нема да стигнам на утакмица.
 
Ај некој ако има добар линк од пренос да ми пушти, ќе му бидам благодарен, пошто нема да стигнам на утакмица.
 
Топ изглед на трибина, чиста 10ка. Преполно, моќно изгледаме.
Навивањето јако на моменти, на моменти просек, али се навиваше уште пола саат пред утакмица и уште 15 минути по утакмица.

Рутински ги решивме. Далеку подобар тим сме во втора полусезона, доволно е што се стегна одбраната и шти се донесе Швајц.
Брега немаа шут кон гол, ние со пресинг од старт и два брзи гола. После тоа класичен очобол утакмица.
Швајцот гризе ко лав, главно засилување, искина на терен.
Одбраната перфектна денес, али се гледа дека Брега е материјал зс отпаѓање. Може имаат солидни играчи, ама мислам дека се осеќа таа атмосфера во тимот дека ќе отпаѓаат.

Пеналот по мене беше подарок, барем така се виде од кај нас. Одглуми Лемос убаво.
Али па после играа со рака во шеснаесетник и не го досуди. Така да фифти фифти :D
Црнчугата нивна го копаше пеналтикот на теренот на кој и онака немаше трева. Сепак Мацата го изведе одлично, немаше шанси да одбрани Јанков колку и да беше блиску.
После го имаме голот на сезоната. Глишиќ се препороди полусезонава, фала богу.
Како му ја акна, ја искина мрежата. Браво!

Ако не се лажам имавме уште 1-2 полушанси до крај, али како што кажав, спиење беше второ полувреме. Поинтересно на трибина, никој не пратеше фудбал.

Во суштина, оваа екипа може да се носи со сите. Може нема да победиме некој фаворит, ама барем имаме сили за комотно надигрување и да кинеме бодови.
Мишко феноменален, Бришки исто. Е ова е одбрана, а не со тие слепците други.
Мацата ме разочара. Освен голот, ништо не прикажа друго. Топката се одбива од него.

После колку време сме надвор од последни две места? :D
Оптимист сум дека нема да испаднеме, може и баражот ќе го скокнеме. Ама па, некогаш и не е убаво кога јас сум оптимист :D
 
И јас имам впечаток дека не само што ќе опстанеме, туку и на средина од табелата ќе завршиме.
Туку, што правиме потоа? Данела рече дека оваа помош е ад хок, не значи дека Градот догодина пак ќе даде инјекција. Уште не можеме да кажеме дека сме стабилизирани.
Ова е само привремено.
 
Следно коло следи многу важен натпревар и многу тешко гостување со искра во Тетово,некако бод да извадиме би било одлично.
Па на 06.03 среда следи меч со Работнички на Градски штета што се паѓа работен ден.
 
Знаев дека тепаме кога се прави ваква енергија уште една недела пред утакмица. Секоја чест и на играчите и на публиката, нема што повеќе да се каже. Да бевме нормална држава со нормална федерација па да можеше да се гостува сега во Тетово, е тоа ќе беше врвот на овие неколку сезони на Комити.
 
Заслужена победа , Брегалница скоро и да немаше шут во гол , за пеналот Лемос стигна прв до топката и играчот на Брегалница наместо топката го закачи него што беше доволно да падне ..

Се гледа одма разлика на терен со новиве играчи , за Алтипармаковски освен голот од пенал во играта не покажа ништо посебно како манекен ми игра , Ристовски е класа во нашава лига топ играч добивме , кога својот тим игра подобро и дава голови тогаш и самата атмосфера е одма подобра на трибина .

Денес топ посета и добра бројка на стадион , добро навивање со мали падови бидејки се учеше и новата песна .
 
Последно уредено:
Следно коло следи многу важен натпревар и многу тешко гостување со искра во Тетово,некако бод да извадиме би било одлично.
Па на 06.03 среда следи меч со Работнички на Градски штета што се паѓа работен ден.
Да се надеваме дека ќе е на Градски, по она што се збори не знам баш, од федерација сега барале после 1 Април :S Денес теренот не знам ни дали можеш да го наречеш фудбалски терен… Маџари е добар стадион за притисок и врз судии и противничка екипа, али теренот е ужасен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom