Топ изглед на трибина, чиста 10ка. Преполно, моќно изгледаме.
Навивањето јако на моменти, на моменти просек, али се навиваше уште пола саат пред утакмица и уште 15 минути по утакмица.
Рутински ги решивме. Далеку подобар тим сме во втора полусезона, доволно е што се стегна одбраната и шти се донесе Швајц.
Брега немаа шут кон гол, ние со пресинг од старт и два брзи гола. После тоа класичен очобол утакмица.
Швајцот гризе ко лав, главно засилување, искина на терен.
Одбраната перфектна денес, али се гледа дека Брега е материјал зс отпаѓање. Може имаат солидни играчи, ама мислам дека се осеќа таа атмосфера во тимот дека ќе отпаѓаат.
Пеналот по мене беше подарок, барем така се виде од кај нас. Одглуми Лемос убаво.
Али па после играа со рака во шеснаесетник и не го досуди. Така да фифти фифти
Црнчугата нивна го копаше пеналтикот на теренот на кој и онака немаше трева. Сепак Мацата го изведе одлично, немаше шанси да одбрани Јанков колку и да беше блиску.
После го имаме голот на сезоната. Глишиќ се препороди полусезонава, фала богу.
Како му ја акна, ја искина мрежата. Браво!
Ако не се лажам имавме уште 1-2 полушанси до крај, али како што кажав, спиење беше второ полувреме. Поинтересно на трибина, никој не пратеше фудбал.
Во суштина, оваа екипа може да се носи со сите. Може нема да победиме некој фаворит, ама барем имаме сили за комотно надигрување и да кинеме бодови.
Мишко феноменален, Бришки исто. Е ова е одбрана, а не со тие слепците други.
Мацата ме разочара. Освен голот, ништо не прикажа друго. Топката се одбива од него.
После колку време сме надвор од последни две места?
Оптимист сум дека нема да испаднеме, може и баражот ќе го скокнеме. Ама па, некогаш и не е убаво кога јас сум оптимист