Фан Клуб: Вардар

Член од
18 јули 2009
Мислења
6.577
Поени од реакции
5.735
Реално Вардар добро се држи прво полувреме , Шкупи само една шанса со тој шут на 0-0 кога ја одбрани Гачевски ..

Не ми е јасно како можеше Гачевски од таков глупав шут да прими гол , тоа беше лесна топка он направи аматерска интервенција ..

Јас сум задоволен од првото полувреме , пак ке кажам штета за киксот на Гачевски , Шкупи од никаква игра даде глуп гол ..
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.113
Поени од реакции
3.969
Гледам Блажевски го извадиле од игра во 30та минута, се повредил или толку бил катастрофа што ни до полувреме не издржаа со него во одбрана?
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.500
Поени од реакции
22.955
Гледам Блажевски го извадиле од игра во 30та минута, се повредил или толку бил катастрофа што ни до полувреме не издржаа со него во одбрана?
se povredi. kazaa deka se zalel na zadnata lozha.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.577
Поени од реакции
5.735
Кој го гледал мечот ке види дека Вардар солидно парираше денес , со оглед буџетот и играчите на терен јасно беше дека Шкупи дома е голем фаворит но сепак не покажаа некоја доминација на терен ..

Штета што Гачевски направи таков кикс со примениот гол , не му е првпат сезонава ..

Реков и претходно , нашиот нареден меч дома против Воска ни е најбитен , со победа излегуваме од последната позиција ..
 
Член од
2 декември 2022
Мислења
207
Поени од реакции
532
Добро парираа , мислам дека тимов вака така се спреми за опстанок, следната е најбитна мора полн стадион !!
 
Член од
14 декември 2021
Мислења
665
Поени од реакции
2.511
Штета што вака заврши, затоа што слога ништо не прикажаа, ние бевме катастрофа ама и овие беа утепани.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.628
Поени од реакции
70.361
Ништо не одигравме денес. Заслужен пораз од посилен противник.
Тотално немоќни во нападот, ништо не креиравме. Илиевски и во вториот меѓусебен меч тотално ги добива дуелитс со нашите офанзивци. Еднаш Лемос ги издрибла од страна, ама не помина нафрлувањето кон Омерагиќ и толку беше од нас, до шансата на Глишиќ на крајот која беше единствена за нас, откако они веќе се опуштија.

Слогашите не одиграа ништо, затоа што ние игравме тотално дефанзивно и деструктивно, не дававме да има многу фудбал. Сепак, тешко дека ќе издржевме напади 90 минути, во некој момент ќе удреа во прва брзина и ќе креираа многу шанси од кои бар една ќе влезеше.
Како и да е, Гача ја шитна пак. Очаен цела сезона, како што кажав и претходно остава простор да се сомневам дека намерно ги попушта головиве.

Кажав и кога ја тепавме Брера дека натпревариве со Струга и Слога беа однапред изгубени. За нас најважни се дуелите со Воска (особено овој) и Тиквеш дома, а можеме да се надеваме на бод(ови) и кај Ѓорче на гости, во Кратово кај Силекд, па и со Струга дома.
Во најлош можен момент дојде повредата на Панта. Колку сме баксузи, почнувајќи со андорецот на почеток на сезона, па Панта...

Денес почнавме со тријца штопери, со Блажевски и Брда принудно како штопери. Блажевски слаб до повредата, Глишиќ и Велковски дно пробија ко истурени странични бекови. За Велковски знаеме дека нема квалитет, единствен плус е што се бори за секоја топка. За Глиш треба да се помириме дека премногу очекуваме од него. Класично куроболие, губи топка, се влече по терен.

За остатоков нема потреба да се повторуваме. Пато право за во трета лига, максимум во втора во ФК Скопје. И овој србинов е камен. Ко ќе видам како цупка, класичен играч што ќе заврши во трета-четврта српска лига. На трактор ме потсеќа не знам зошто. Трактор Милета, вози четири пилета...
Јусуфи откако влезе исто слаб, како и Дурански. Омерагиќ невидлив.

Нема што да се коментира плус, тие се играчите, за со Воска мора да се победи ако сакаме да ср надеваме на опстанок.
Со Гача да се седне и да добие озбилна опомена.

Инаку, вториот гол ќе да беше офсајд...
 
Член од
16 февруари 2020
Мислења
11
Поени од реакции
41
Вардар до сега прилично солидно може да држи игра. Но покрај киксовите на Гача, сметам дека доста голем проблем е завршницата т.е. не знаат како да дадат гол.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
1.803
Поени од реакции
5.306
Od kiksovite na Gaca sezonava sme vo -5 ili 6 boda samo.
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Ништо не одигравме денес. Заслужен пораз од посилен противник.
Тотално немоќни во нападот, ништо не креиравме. Илиевски и во вториот меѓусебен меч тотално ги добива дуелитс со нашите офанзивци. Еднаш Лемос ги издрибла од страна, ама не помина нафрлувањето кон Омерагиќ и толку беше од нас, до шансата на Глишиќ на крајот која беше единствена за нас, откако они веќе се опуштија.

Слогашите не одиграа ништо, затоа што ние игравме тотално дефанзивно и деструктивно, не дававме да има многу фудбал. Сепак, тешко дека ќе издржевме напади 90 минути, во некој момент ќе удреа во прва брзина и ќе креираа многу шанси од кои бар една ќе влезеше.
Како и да е, Гача ја шитна пак. Очаен цела сезона, како што кажав и претходно остава простор да се сомневам дека намерно ги попушта головиве.

Кажав и кога ја тепавме Брера дека натпревариве со Струга и Слога беа однапред изгубени. За нас најважни се дуелите со Воска (особено овој) и Тиквеш дома, а можеме да се надеваме на бод(ови) и кај Ѓорче на гости, во Кратово кај Силекд, па и со Струга дома.
Во најлош можен момент дојде повредата на Панта. Колку сме баксузи, почнувајќи со андорецот на почеток на сезона, па Панта...

Денес почнавме со тријца штопери, со Блажевски и Брда принудно како штопери. Блажевски слаб до повредата, Глишиќ и Велковски дно пробија ко истурени странични бекови. За Велковски знаеме дека нема квалитет, единствен плус е што се бори за секоја топка. За Глиш треба да се помириме дека премногу очекуваме од него. Класично куроболие, губи топка, се влече по терен.

За остатоков нема потреба да се повторуваме. Пато право за во трета лига, максимум во втора во ФК Скопје. И овој србинов е камен. Ко ќе видам како цупка, класичен играч што ќе заврши во трета-четврта српска лига. На трактор ме потсеќа не знам зошто. Трактор Милета, вози четири пилета...
Јусуфи откако влезе исто слаб, како и Дурански. Омерагиќ невидлив.

Нема што да се коментира плус, тие се играчите, за со Воска мора да се победи ако сакаме да ср надеваме на опстанок.
Со Гача да се седне и да добие озбилна опомена.

Инаку, вториот гол ќе да беше офсајд...
Кога ќе земеш некој играч на зуб, значи ти нема рамен :D Па не дека Србинот сега е некоја екстра класа, ама е једини играч што е во стање да влезе во прилика. Денеска едиствен конкретен шут го имаше тој при активен резултат за нас. Претходно коло пречка со Брера, со Работнички сам си создаде шанса од ништо (изврсна одбрана на голманот, но од која произлезе корнер при што падна голот за победа), со Шкендија и Брегалница голманите му фатија тешки топки со глава. За разлика од нашиот што плива во празно на скоро секој меч.
Ај да биди реален и кажи што е учинокот на другите во нападот. Омерагиќ и Љутви не можат со топка да се состават, Лемос џабе е едини во тимот што знае да задржи лопта кога константно компликува и избира погрешни решенија. Уште не ми се верува дека за сметка на Љутви, беше тргнат Десниќ. Па дека и моментално добива прилика на сметка на Жоглев.
За остатокот на тимот што да се коментира. Сем Брда, Мишко, Панта, Дурански, Лемос, Глишиќ под сериозен знак прашалник (можеби како играч од клупа), Нијаз евентуално, другото не е материјал за опстанок во прволигашко друштво. Само кога ја гледаш клупата и ги читаш имињата на Јовчев, Војнески, Папули, Педрињо, Цветков, Спасиќ, веќе споменатиот Љутви, ме фаќа дијареа...
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
187
Поени од реакции
962
Со оглед на тоа какви очекувања имав, дури и не се лоши резултативе... Наредниот натпревар е еден од најважните полусезонава, доколку победиме мислам дека со соодветни засилувања во зима ќе можеме да се надеваме на опстанок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom