Ништо не одигравме денес. Заслужен пораз од посилен противник.
Тотално немоќни во нападот, ништо не креиравме. Илиевски и во вториот меѓусебен меч тотално ги добива дуелитс со нашите офанзивци. Еднаш Лемос ги издрибла од страна, ама не помина нафрлувањето кон Омерагиќ и толку беше од нас, до шансата на Глишиќ на крајот која беше единствена за нас, откако они веќе се опуштија.
Слогашите не одиграа ништо, затоа што ние игравме тотално дефанзивно и деструктивно, не дававме да има многу фудбал. Сепак, тешко дека ќе издржевме напади 90 минути, во некој момент ќе удреа во прва брзина и ќе креираа многу шанси од кои бар една ќе влезеше.
Како и да е, Гача ја шитна пак. Очаен цела сезона, како што кажав и претходно остава простор да се сомневам дека намерно ги попушта головиве.
Кажав и кога ја тепавме Брера дека натпревариве со Струга и Слога беа однапред изгубени. За нас најважни се дуелите со Воска (особено овој) и Тиквеш дома, а можеме да се надеваме на бод(ови) и кај Ѓорче на гости, во Кратово кај Силекд, па и со Струга дома.
Во најлош можен момент дојде повредата на Панта. Колку сме баксузи, почнувајќи со андорецот на почеток на сезона, па Панта...
Денес почнавме со тријца штопери, со Блажевски и Брда принудно како штопери. Блажевски слаб до повредата, Глишиќ и Велковски дно пробија ко истурени странични бекови. За Велковски знаеме дека нема квалитет, единствен плус е што се бори за секоја топка. За Глиш треба да се помириме дека премногу очекуваме од него. Класично куроболие, губи топка, се влече по терен.
За остатоков нема потреба да се повторуваме. Пато право за во трета лига, максимум во втора во ФК Скопје. И овој србинов е камен. Ко ќе видам како цупка, класичен играч што ќе заврши во трета-четврта српска лига. На трактор ме потсеќа не знам зошто. Трактор Милета, вози четири пилета...
Јусуфи откако влезе исто слаб, како и Дурански. Омерагиќ невидлив.
Нема што да се коментира плус, тие се играчите, за со Воска мора да се победи ако сакаме да ср надеваме на опстанок.
Со Гача да се седне и да добие озбилна опомена.
Инаку, вториот гол ќе да беше офсајд...