Некако сите се изцедивме очигледно, па слабо импресии од неделата
Ај у два-три реда мое целокупно видување на настаните. Историска сезона за нас у секој поглед. Не дека е прв пат, ама оваа година буквално им очитавме лекција на сите клубови колку е Вардар голем, дури и кога е шиканиран, понижуван, нокаутиран. Комити со својот ангажман ги разбудија и останатите Вардарци, па така во неколку наврати имавме распродаден стадион, а кулминација беше неделата во Кавадарци, нешто што уште долго ќе се прераскажува низ фудбалските кулоари. Утакмицата со Скопје беше само круна и еден логичен след на сите случувања.
Да не издвојувам сега некој посебно од играчите, сите одиграа перфектно. Сега само паметно, да не се дозволи да се растури костурот на овој тим кој има неверојатна хемија. И трпеливо да чекаме прилика за прибирање на нови имиња како не би биле вреќа за напуцавање. Еве јас на пример од Скопје веќе имам некои пикирано како занимливи
И секако не чека уште многу работа за стабилизирање на клубот. Мора тоа напоредно и забрзано да се одвива, за да не се доведеме во иста ситуација повторно.