Ете сме, назад каде што припаѓаме
Или ко што би рекла кајгана екипа, прва лига ооооо, прва лига еееее, исти курац ооо, исти курац ле алееее
Првата лига е добра затоа што води кон Европа кон која треба да се стреми Вардар, за се друго многу поубаво е да играш со потрадиционални екипи во втора лига кои ќе ти дозволат гостување отколку со пола кондом прва лига со затворени стадиони.
Како и да е, на Вардар местото му е на врвот на прва лига, за самата големина на клубот говори тоа што и во втора лига пак бевме главни на медиумиве, пак Вардар беше тој чии ТВ права се откупуваа, пак ги активиравме сите градови каде што гостувавме.
Пратеше некој прва лига овие две години?
Се сомневам.
Прво бев прилично сигурен дека ќе ги тепаме, па некако вечерта пред утакмица ме фати депресија што ќе биде ако изгубиме и дента повторно бев убеден дека ги добиваме. Едноставно немаше шанси да не добијат на толку публика.
Секоја чест за играчите, најдобрата партија ја зачуваа за крајот. Практично ги демолиравме, Вардар требаше да победи минимум со 5-0 вчера.
Голот не го видоа, не знам ни дали имаа некој опасен шут кон голот.
Во вистинско време поведовме со 1-0, ги фативме уште на стартот. Нафрлена топка на Глишиќ која долго патуваше, шут, одбиена, шут и гоооооооооооооооооооооооооооооооооооооооол.
Се сруши трибината, три реда понапред летнав во еуфоријата. Одма срцето чукање како лудо, не можев да го смирам до крајот на утакмицата. Ме потсети на некои други времиња кога на утакмиците со Металург пиев апчиња за смирување дека не можев да ги догледам утакмиците
Бараж во Кавадарци: Скопје - Вардар 0-3 (0-1), по две сезони Вардар се врати во Првата лига
youtu.be
Голот од два агли и ерупцијата на трибините.
Во овој момент ќе се вратам на трибините. Сите знаевме дека ќе биде инвазија, едноставно преголем интерес имаше за утакмицата. Малку си игравме со бројки, а потајно знаевме дека ќе биде урнебес.
На натреварот му претходеше огромен ангажман на нашите членови кои не само што ја носеа групата на свои плеќи цела сезона, практично го одржаа во живот и клубот. Трчање по општини, гостувања во емисии, преземање на клубот, константно собирање донации и користење на парите од карти и реквизити за покривање гостувања и стадиони, молење по ресторани да дадат бесплатни ручеци за нашите фудбалери.
Колкав товар износи организацијата на Комити во оваа сезона, сите групи од осамосотојувањето до сега немаат видено. Со 0 помош од никого (освен во главите на теоретичарите на заговор кои сто приказни изнапишаа од која ниту една не излезе точна), со постојани кочници од ДУИ и градот Скопје, со никаков слух од надлежните за тоа што Самсоненко го заглави клубот во долгови и со дополнителен шок од заминување на скоро цела прва постава на полусезона.
И згора на тоа повреда на Мицевски до крајот на сезоната.
Оние голови во 90-та минута на Жоглев во Струга, Охрид и Кичево мораа да значат прва лига, едноставно овие играчи го заслужија тоа. Вардар ќе беше прволигаш и ако имавме малку повеќе среќа со Гостивар, гарантирам тоа. Но, вака е послатко, им требаше ваков натпревар на вардаровите фанови.
Откако јас одам на утакмици никогаш сме немале ЕДЕН НАТПРЕВАР со поголемо значење од овој. Можеби оној со Малме во Струмица. Ниту куп финале (вон Скопје, а богами и во Скопје), ниту натпревар кој одлучувал за нешто (нешто најблиску до тоа било гостувањето во Штип во борба за Европа).
Во петокот имаше кортео низ цел град. Постојано снимаа луѓе, помина се без ниту една провокација, нешто што беше незамисливо порано. Се крена градот на нозе, се повикуваа луѓето цело време.
Ја добивме главната трибина, за да може да се прави поголем притисок, а требаше да се отвори и лозарската, сигурно ќе се наполнеше.
Загревање од Скопје уште во 13 часот. Карти останаа само за фановите од другите градови, а веќе голем дел фанови/навивачи на Вардар беа во Кавадарци уште рано сабајле. Во караван од 16 автобуси/комбиња и можеби 150 коли, се упативме кон Кавадарци. ТИцање по автопат, свирење, пеење на патарини, закачени знамиња, шалови и маици од колите.
На собирот во Росоман, кафаната веќе беше полна. Росоман е комитски, општо познато
Насекаде имаше наши луѓе. Во селото, пред Кавадарци, во Кавадарци, на пат кон Кавадарци.
Колите влеговме без полициска придружба пред да дојде конвојот со автобуси. Немаше ќоро место за паркирање, целата улица која водеше кон стадионот беше со коли паркирани во двете ленти. Река народ одеше кон стадионот, а веќе се слушаше навивање уште на еден час пред почеток на утакмица. Сите кафулиња во околината (радиус од 1 км) беа полни со луѓе со вардарови реквизити.
Мислам дека од Неготино имаше барем 200-300 луѓе, што во обична публика, што во делот на Комити. Го носеа и знамето за Дивиот
Во обична публика имаше и кавадарчани фанови на Вардар меѓу кои и некои кои често одат и со Комити (постари луѓе). Ридот над стадионот беше преполн, сигурно имаше 500 луѓе, веројатно кавадарчани дојдени да видат спектакл. Се гледаше и по некој дрес Вардар. Полна беше и зградата во позадина, при што на една од терасите сите беа во дресови Вардар. Мало дете имаше, цела утакмица вртеше со дресот во рака.
Нашата трибина беше поделена 60-40% во полза на навивачкиот дел. Не што немаше игла каде да се фрли, туку ако има 1800 столчиња, имаше над 3000 луѓе. Не можеше воздух да се земе, стоеа луѓе и позади столовите во по 3-4 редици. Навивањето почна уште 10-20 минути пред да почне натпреварот.
Трауми ќе имам од „ГРАДОТ СКОПЈЕ ИМА“
Може едно 1000 пати се испеја во текот на денот, особено од страна на фудбалерите.
Поголем дел на луѓето некогаш имаат идено со Комити, возрасна граница сигурно над 25-30 години, многу малку деца. Навивањето на таа бројка одлично. Организација перфектна, изглед на трибина маестрален, пиротехника чиста 10-ка.
Ме плашеше да не се случи некој инцидент и да летаат столови во терен и да биде хаос во гужвата, ама немаше ништо такво.
Дали неколку стола се скршија во еуфорија, а каква култура имавме покажавме и со тоа што не беше оштетен ниту еден графит на Лозари на и околу стадионот.
Имаше еден мал инцидент меѓу двајца членови и како што секогаш бива си треба време да се расчисти и многу луѓе кои ќе делат, па од страна изгледа дека е страшно. Се на се, маестрална организација.
Институција сме биле секогаш и ќе останеме.
По голот за 1-0, уште неколку пати ја видовме топката во мрежата, но ништо.
Еднаш Мишковски утна од слична ситуација, ја одбрани Ефремов. После тоа Размоски влезе од страна, пласираше крај стативата, а мислам дека Ефремов фати уште некоја чиста шанса. Имавме и еден поништен гол ради офсајд, во кој исто така имаше еурпција на трибина.
Од овие црнчуги стравувавме?
Кај ги нашле овие дисаѓи бре? Врска немаа, не можеа да одат. Дурански го испровоциравме брзо, а клучен потег беше и оној на Миле Тодоров.
Како само си ја зема батето бакљата и ја фрли кон нас со цела сила...
Се јавуваше после по телефони, се извинуваше.
Мирисаше на победа уште на почетокот од второто полувреме. Си признавам дека вториот и третиот гол не ги видов
Мислам дека цел наш дел од трибината се израдува на вториот гол после 5-10 секунди, откако видовме дека се радуваат сите. Еден кајганџија ми вика што се деси, гол ли е? Викам ваљда, еве ги се радуваат онде. И цел дел од трибината кога викна гооооол и пак летање 2-3 реда надолу
За третиот гол видовме дека топката мина крај живиот ѕид и толку. Не беше интересно веќе. Штета што Жоглев не даде гол за да ја запечати одличната сезона.
Сите изгазија!!!
Сите беа на висина на задачата. Гача немаше многу работа, Вецевски и Мишковски перфектни во одбрана, Серафимов искина на бековска позиција, а Глишиќ со партија на сезоната. Гол и асистенција.
Јусуфи и Николовски, особено вториот, згазија на средината, целосно ја добија битката со противниците, но за мене играч на натпреварот беше Филип Јаневски. Браво мајсторе, како ги поминуваше и асистираше, секоја чест.
Размо и Десниќ истрчаа многу и се бореа како лавови, а Размо знаев дека ќе биде џокерот во оваа полусезона. Веројатно наш најдобар играч на полусезоната. Деки Цветановски исто така одигра одлично и си ја заврши задачата на ниво.
Браво уште еднаш, секоја чест. Браво и за Грне, го прочита мисирот Јонуз како селски буквар, црнчудите ги запревме лесно, Дурански го отсековме, крилата не им постоеја на теренот, а ги убивме по прекини.
Навивањето на моменти беше толку добро што на зига-зага или шалалала или на Вардаре а але на вториот гол, буквално се тресеше конструкцијата на трибината.
Секако, шлагот на тортата беа МОРЕ СОКОЛ ПИЕ и БИСЕР БАЛКАНСКИ.
Слушај Македонијо!!!!
www.facebook.com
Солзи ми течат кога грмиме, особено на химната и на Бисер балкански. Цела кожа ми се ежи, влакната ми излегуваат од телото
Море Сокол пие кога одеше, од ридот се запали и една бакља, а сите снимаа, па дури и се придружија во пеењето.
Бисер балкански не знам дали беше во план, ама ја почна нашиот дел на трибината и така им текна да ја запееме официјално за крај.
Песна која ја одбележа цела втора полусезона, заштитен знак на сите наптпревари, песна која МОРА да продолжи да се пее во иднина на крајот од секој натпревар на Вардар.
Грмеше Кавадарци, мене ми е прекриво што не можам да најдам некое видео снимано од ридот.
Со „Бисер балкански“ Вардарци го прославија враќањето во Прва лига, а видеото кое кружи по социјалните мрежи прави да се наежи секој Македонец. Вардар по две години се врати во Првата лига по поб
kurir.mk
Има нешто тука, ама не е тоа тоа, воопшто не го доловува моментот.
Само кренав раце и поглед кон небо, заодоволен и среќен што сум дел од црвено црниот свет!!!
Како за илустрација за будење емоција. Мајка ми и татко ми дома навивале како во Кавадарци, се јавила тетка ми по телефон (сите луѓе во години), цела фамилија навивале пред ТВ. Кога испадна Вардар, вујна ми ми се јави се утепа од плачење (жената има скоро 80 години), не можеше да поднесе што пропаѓа клубот за кој навиваше братучед ми, кој за жал почина многу млад уште во 90-тите (и го наследив еден од првите вардарови шалови, оние огромните 2 метарски црвено-црни). Вчера пресреќна целата...
Групата конечно се движи во правилна насока. Луѓето од сите градови го препознаваат нашиот труд и исправување на грешката кога порано се пееше против се и сешто. Имаше публика од секаде. Луѓе дојдени со веспа од Охрид, луѓе од Струмица, 5 коли од Гевгелија, Велес, Радовиш, Берово, браќата од Тетово, неколку Кичевчани итн.
Нормално, колку сме појаки, толку повеќе не мразат во оние градови со локал патриотизам, ама меѓу оние кои не се толку полни со комплекси, стои муабетот дека никаде нема да доживеат атмосфера како на натпревар на Вардар. Тоа го докажаа сите од ридот кои на Бисер балкански останаа до крајот и по завршувањето на натпреварот.
По натпреварот се навиваше уште пола час. Се продолжи пред соблекувалната на Вардар, од каде што се пееше заедно со фудбалерите. Нормално славјето продолжи по улиците на Кавадарци, со свирење и пеење, за да кулминира на патарина во Петровец, каде што 2 часа се чекаше на фудбалерите.
Веројатно наредба од МВР со цел да се организира сообраќајот во Скопје. Во Скопје полиција ставиле на секое метро, гарантирам цела армија ја имаа ангажирано. Вардарци се прекачија во отворениот автобус, мортус пијани, ја пееја Градот Скопје има 29749843798342 пати.
Бавно се прошетавме до плоштад, при што попатно мора да се напомене дека пар фамилијарни покажуваа средни прсти и повторно си ја бараат бељата. Од нигде никаде се собрале вечерта и пееле за МЗТ, добро е да се знае дека ги поттикнавме на нешто такво, да си ја заживеат населбата која одамна ја прими црвената боја во нивната палета
Да ги издвоиме и партиските полтрончиња од Пирати. Како деца на екскурзија, дојдоа во 20-та минута, излегоа во 70-та, а од полувреме сакаа да си одат. Без знаме, без навивање. Викнаа еднаш ајде Вардар, пуши ми го курот и толку.
Апсолутно никакво внимание не им се оддаде, за цепањето кое го имаа деновиве ќе се решиме на друго место.
Откако заврши утакмицата беа поздравени Шкендија (сака репете), Слога (Распукала шар планина за Омер) и браќата пелагониско-тиквешки (О Сузана)
На плоштад прославата траеше до полноќ, иако размислувањата се поделени дека се претера со славење, сакам да расчистам едно нешто. Славењето не беше дека се вративме во прва лига, туку дека без пари, без ничија помош, контра сите (затоа што ние сме единствени што можеме да кажеме дека сме најомразени противници на секоја навивачка група), само со срце и мотивација и хемија меѓу играчите, го изборивме практично невозможното. Ранг на освојувањето ЛШ на Вардар во 2019.
Дојде време за забавна прва лига, да се надеваме дека нема да се спакуваме за година дена, како случајот со Победа.
Лошо е што сите екипи се јаки, нема пацери како лани. Може да се каже дека ние ќе бидеме пацерите
Но, за тоа отом потом, наше е да уживаме и да славиме уште некој ден.
За крај, групата ПОД ИТНО мора да најде човек кој ќе се занимава со фотографирање. Општо, до толку новинариве и снимателиве да немаат сенс за фотографија.
Сите групи кога ги даваат на МТВ изгледаат мизерно по 50 луѓе, ќе извадат некои луди слики мислиш дека се 500. Ние од 3000, ќе извадиме слика ко да сме 50.
Нема скоро ич слики на кои е фатена цела трибина, само неколку блокови од Комити. Нема ич слики од ридот, ништо нема.
Ниту едно добро видео од Бисер балкански, стварно би ве замолил сите видеа што ќе ги начекате да ги поставите во темава, нека стојат за историја.
Додека чекаме извештај од Комити...