Ајде коа сме веќе пасивни околу вирусов, дај да отвориме дискусија околу можни ама реални трансфери, нормално доколу клубот барем малце биде постабилен финансиски.
Долгот кон УЈП сеуште изнесува околу 300.000 евра, но е намален за 3 милиони денари од јануарската листа на должници, до оваа од март.
Не дека ми е омилен лик овој Седловски, ама Вардар изгледа мн посериозно со него.
Од нашава лига на пик ми се Михаил Маневски,и така втор лев бек Вардар нема,а за него еднаш бевме као наводно заинтересирани.
Серџињо од Слога, лево крило и еден од нај константните играчи у лигава, скоро секоја утакмица има учинок дали со гол, дали со асистенција.
Ламине Диак од Слога, еден од нај потенцијалните странци ќе биде. Само 19 години а физички е ко татко за децана кај нас.
Од штопери Алекса Амановиќ, Ристо Митревски, Александар Дамчевски и Виктор Ангелов за напаѓач, што е тешко со оглед на тоа што има уште една година договор у Босна.
Значи муабетот е трансфери со реален буџет, знам дека има играчи што би газеле у лигава, ама сигурно би барале многу поголема плата за да играат по нививе овде, него ли у Бугарија или Србија.
Мислев на играчи кој имале потенцијал како Аврамовски, од очајна форма у задњи 2-3 клуба, стигна репрезентативец за една сезона.