Извини вака, ама и ти, и овој Калараш очигледно не сте упатени со условите кои треба да се исполнат за добивање лиценца. Не е битна платежната моќ, туку континитуетот во исплата, нешто што во Вардар не постои со години. У Струга или било кој друг рандом клуб, играчите може да добиваат и 200 евра плата, ама ако е таа редовна и плус се платени придонесите кон држававата, истите ги прави сосем регуларен кандидат за добивање на лиценцата. А во Вардар што на играчите повремено им се даваат аванси на рака, ама баш ништо не и значат на УЕФА.
Едно треба да знаете, Вардар со сигурност немаше да добие лиценца доколку останеше рокот до 31 март да ги покријат побарувањата за цела 2019 година и дел од 2018. Ова го потврдуваат вработени во клубот. Сега ради вонредниве околности ќе се пролонгира лиценцниот процес и клубот купува колку толку време да ги реши наталожените финансиски долгови. Прашање е само дали ќе успее...
Затоа ви препорачувам да не се перчите многу со вашите сигурни сознанија зашто знаеме добро сите што се деси лани. Вардар заврши без евро-лиценца и со забрана за трансфери.