Сигурно ќе дојде Тасевски
ТАСЕВСКИ ОД ИЗРАЕЛ ПРОДОЛЖУВА ВО ТАЈЛАНД
Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Тасевски во својата интернационална кариера ќе придодаде уште една држава, Тајланд. Деновиве треба да го комплетира трансферот со Бангкок Глас. Израелскиот Ирони Kирјат Шмона, каде што настапува изминативе две сезони, и тајландскиот тим веќе се договориле за трансфер на Тасевски. Преостанува уште македонскиот интернационалец да ги мине задолжителните лекарски прегледи.
Тасевски ќе потпише со Бангкок 2,5-годишен договор, а Шмона ќе добие отштета од 200.000 евра.
Тасевски во својата интернационална кариера има настапувано во Украина за Металург Запрожје, во Бугарија за Левски Софија и во Израел, а на домашната сцена за Цементарница и за Вардар.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=B39E4AC02CA6B649B98E4E56BFCEC796