Фан Клуб: Вардар

Член од
30 јануари 2009
Мислења
489
Поени од реакции
434
Отворете го линкот и ќе видите оглас дека вардар бара 4 фудбалери. Ова е некоја заебанција?

http://www.najdirabota.com.mk/

од горе надоле 4 - ти оглас во десната колона
не е заебанција, тоа ти се нашиве глупави закони, откако се претворија во ад мораат да објават оглас во најмалку 2 весници/огласници, не им е прилагоден законот со функционирањето на фудбалските клубови и затоа вакви глупости има :confused::tapp:
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Победа од 2:0 со Македонија ЃП во последниот тест-меч пред почетокот на првенството. Стрелци: Маневски и Ѓешоски.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.954
Поени од реакции
73.744
Има ли некој што може да потврди дали навистина Алеченву не е повеќе во составот на Вардар?
Излезе како шпекулација, може да ми промакнало негде ама не се сеќавам дека прочитав официјална потврда од клубот?
Исто некои шпекулираа и за Хименез?

Потврда се бара од Скопјанец 1978 :icon_mrgr:

EDIT: Хименез играл денес значи уште е во тимот :D
А Алеченву изгледа и официјално не е веќе во тимот, али ипак чекам потврда :)

Фудбалерите на Вардар имаа успешна контрола против екипата на Македонија ЃП и победија со 2:0, со головите на Борче Маневски и Благоја Ѓешоски.
Како што и се очекуваше, Вардар доминираше во текот на целиот натпревар со Македонија ЃП, а головити за победа на оваа средба беа постигнати во првото полувреме кога Вардар создаде уште неколку шанси за гол, а трипати ја погодија и пречката на противничкиот гол.
Оваа средба за Вардар ја започнаа: Захов, илиевски, Цикарски, Вајс, Таневски, Темелков, Маневски, Хименез, Ѓорѓиев, Ранѓечовоќ и Костовски.
Во игра уште влегоа: Ѓешоски, Ацевски, Оса, Петров, Митев, Симов, Бојовиќ, Ѓурчиновски, Муртиќ и Стаматовски.
Овој натпревар за Вардар го пропуштија Игор Стојаковиќ и Остоја Стјепановиќ поради повреда.
http://www.fkvardar.mk/vesti/284-2012-08-05-18-05-46
 
Член од
25 август 2011
Мислења
93
Поени од реакции
285

Со Хименез нема никакви проблеми и е во тимот, додека за Алеченву колку што имам информација се решава што ќе биде. Воопшто не доаѓа на тренинзи уште пред утакмицата со Бате во Скопје.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Прво коло со комшиките! :)
Од позанимливите мечеви, со Пелистер на 30ти септември во Скопје и со Металург на 21ви октомври.
Со Хименез нема никакви проблеми и е во тимот, додека за Алеченву колку што имам информација се решава што ќе биде. Воопшто не доаѓа на тренинзи уште пред утакмицата со Бате во Скопје.
Кога ќе добие Вардар нов претседател?
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
489
Поени од реакции
434
Оваа средба за Вардар ја започнаа: Захов, илиевски, Цикарски, Вајс, Таневски, Темелков, Маневски, Хименез, Ѓорѓиев, Ранѓечовоќ и Костовски.
Во игра уште влегоа: Ѓешоски, Ацевски, Оса, Петров, Митев, Симов, Бојовиќ, Ѓурчиновски, Муртиќ и Стаматовски.
Не го дадовте Ѓурчиновски на позајмица?
 
Член од
25 август 2011
Мислења
93
Поени од реакции
285
Прво коло со комшиките! :)
Од позанимливите мечеви, со Пелистер на 30ти септември во Скопје и со Металург на 21ви октомври.

Кога ќе добие Вардар нов претседател?
Наскоро, иако поставеноста на Акционерското друштво е таква што со Вардар раководи Одбор на директори кој е колективен орган. Така да не станува збор за (класично) нов претседател на Вардар туку избор на Претседател на Одборот на директори кој ќе раководи со работата на Одборот. Инаку, сопственичката структура си останува истата Град Скопје и АД за стопанисување со станбен и деловен простор.
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Прво коло го играме на 12.08 на Филип II Арена против Работнички ...

Во првиот дел од сезоната распоредот на ФК Вардар изгледа вака:
1. коло 12.08.2012 недела Вардар - Работнички
2. коло 19.08.2012 недела Напредок - Вардар
3. коло 26.08.2012 недела Вардар - Тетекс
4. коло 29.08.2012 среда Ренова - Вардар
5. коло 02.09.2012 недела Вардар - Хоризонт
6. коло 16.09.2012 недела Вардар - Дрита
7. коло 23.09.2012 недела Силекс - Вардар
8. коло 30.09.2012 недела Вардар - Пелистер
9. коло 07.10.2012 недела Шкендија - Вардар
10.коло 21.10.2012 недела Вардар - Металург
11.коло 28.10.2012 недела Брегалница - Вардар
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
110
Поени од реакции
63
каде го има расподердот да се види оти на страната на ффм само за прво коло има распоред
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.954
Поени од реакции
73.744
каде го има расподердот да се види оти на страната на ффм само за прво коло има распоред
Го нема нигде целосниот распоред, али клубовите би требало д го имаат. Ако не се лажам распоредов за нашиве мечеви е од страната на Вардар (не сум сигурен). Не е тешко да се направи распоредот, само да се знаат бројките со кои се извлечени двојките (мада тоа лесно може да се воочи, домаќините имаат бројки од 1-6 во вертикала, а гостите паралелно 7-12) и после се комбинираат со Бергеров систем...

Негооо гледам никој не спомнал, во прво коло од купот играме со победникот од ОФС Кичево. Не сум сигурен до кај се со 1/32 финалето во овој регион, ама противникот би требало да биде некој од Влазрими, Мирче Ацев, Гоце Делчев, Лисичани, Зајас или Пласница. Мислам дека противник ќе ни биде Влазрими или Мирче Ацев пошто се издвојуваат по квалитет од останативе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom