Мојата проценка е накај 5000 комити
5.000 може не, ама 3.000 овде ИМА и тоа како од шала
И тоа сликава е сликана на самиот почеток, кога уште влегуваа луѓе, се гледа дека е дење уште. Значи не се фатени ни крајните делови од десно каде уште имаше луѓе во копот. Ова е средишниот дел од ЗАПАД каде што бевме сместени, и неможе тука некој да ми каже дека има обични меѓу овие на сликава.
Точноста на бројката до ептен точна цифра од прв до последен човек никој неможе да ја знае, ама околу колку се движи може да се знае. Бројката на Комити се протегаше некаде од 2.800 до 3.200. Кога ќе видиш пак просекот е негде 3.000.
Наполнети се скалите измеѓу коцките, збиени бевме сите, горните редови се наполнети и ако се тера инат намерно да се намалува бројката, тогаш ајде, 450 души бевме преку сила
Нека биде вака.
Пошто и така не е најбитна бројката. За мене лично битна е, ДА, но не и најбитна. Иако без сомнение ова е рекордот на тифо сценава од последниве години... по 20 год Комити прославата со Партизан ова е најголемото постигнување.... и секако рекордите ги држи иста група ! За мене доста важно е тоа што покажавме и докажавме т.е. по кој знае кој пат потврдивме дека од Вардар и Комити поголем спортски колектив и група во земјава нема ! Кога со јужна и со север на неколку пати илјадници грла викнаа беше повеќе од јасно ЗА КОГО НАВИВА СКОПЈЕ, и кој е ГОРДОСТ НА СКОПЈЕ, а и на МАКЕДОНИЈА.
Нека каже сега некој дека Вардар не е СРЦЕТО НА СКОПЈЕ, дека не се Комити БР.1 во државава ?! Има некој доблест да го пише тоа ?! Ако случајно има таков, нека постави слика од неговиот клуб со 33.000 луѓе на стадион, и со 3.000 навивачи у коп
Е тогаш ние нема да сме најдобри, тие што ќе го надминат ова, тие ќе бидат. До тогаш едноставно уживајте и сфатете дека КОМИТИ и ВАРАДАР се и синоним на МАКЕДОНИЈА !!!
На кој сеуште не му е јасно... нека си ги праша дедо, тато, чичо, вујче зошто е тоа така. Па можеби и ќе ви текне дека ПАТРИОТИЗАМ, РЕВОЛУЦИОНЕРНИ ИДЕЛАИ, ГОРДОСТ, СИЛА, ТРАДИЦИЈА, ИСТОРИЈА... се нешта кои ги нема друг клуб/група.